Alal da vi e decki. Samo napred, nema uste mnogu da izdrzat grcive so nivnite stavovi.
Jas mislam deka koga togas ke ni se vrati nazad zemjata koja sto ni ja ukrale, samo nikogas nema da mozeme da ja povratime makata sto ja preziveale Makedoncite od juzniot del na Makedonija.
На британската етничка карта на Централна и Југоисточна Европа издадена од Штабот на воените сили во 1916 година во Лондон, Македонците се претставени (признати) како посебен народ и нација под сопственото национално и историско име Македонци. Македонската етничка територијата на географска Македонија е одбележена со посебна линија и во легендата за нациите Македонците се посебно одбележени.
На грчката карта од Проф. Георге Сотириадис од 1918, е претставена етничка „грчка Македонија.” На картата Македонците се претставени како посебен народ под сопственото народносно име Македонци со назнака (Словени) на целата нејзина територија. Одделно се одбележени, со посебни бои, подрачјата населени со муслиманско и со грчко население. Напоменуваме дека и топонимите се македонски.
Во 1924 г. се појави и германска карта на народите и јазиците на Балканскиот Полуостров. На картата Македонците на целата етничка територија на Македонија се претставени одделно, под сопственото национално и историско име Македонци, како и другите балкански народи: Бугари, Грци... Во легендата со посебна боја е одбележена македонската етничка територија и македонскиот јазик.
ГРЦИЈА БИ ЈА РАЗМЕНИЛА МАКЕДОНИЈА ЗА КИПАР И ТЕРИТОРИИ ВО МАЛА АЗИЈА
Англија и Франција треба да ја спасат Грција, и покрај нејзината волја. Поседувањето на Македонија ја тера Грција да се меша во сите словенски караници на Балканот.
Поседувањето на Солун е пропаст за тоа големо пристаниште кое не може да живее без голема позадина. Да се загуби Македонија, а да се добијат острови и азиски територии, меѓу другите и Кипар, тоа е вистинскиот интерес за Грција, како што предвидел нејзиниот генијален државник Венизелос.
Станува неопходно за сојузниците, посебно за Франција и Англија, да и ја наложат својата волја на Атина. Тие ќе успеат во тоа кога ќе ја ослободат Елада од паразитската династија која ги изневерува нејзините интереси во полза на Германија и која, за да се одржи, ги користи најлошите чувства на Грците - зависта и стравот.
Лесно беше да се пристапи кон таа нужна операција во моментот кога кралот, кршејќи го уставот и сојузничкиот договор со Србија, го отпушти Венизелос, а и секогаш ќе може да се прибегне во земја каде што се почитува само силата и пред армија чии команданти претпочитаат да не се борат', запишал во 1916 г. во својот извештај за Балканот и Македонија до француското Министерство за војна францускиот разузнавач Рене Пикард.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.