Патолошката потреба на нетуркиските источнобалкански народи по секоја цена да се идентификувaат како огурски (туркиски) Бугари

  • Креатор на темата Креатор на темата 121314
  • Време на започнување Време на започнување
1744237180455.png
1744237228746.png
1744238204883.png
1744237372220.png
1744237398430.png
1744237515044.png
1744237452962.png
 
Последно уредено:
1745270753104.png
1745270817962.png

30. ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРОВИНЦИЈАТА ДАЛМАЦИЈА'

Ако знаењето претставува добро за секој човек, тогаш и ние не сме далеку од тоа, бидејќи сме постигнале познавање на настаните. Затоа, на сите оние кои доаѓаат по нас им даваме јасно изложување и на овие [настани] и на некои други работи вредни за спомнување, за да дојде до двојно добро.

Оние кои сакаат да дознаат за освојувањето на Далмација од словенските племиња можат да дознаат од тука, но прво треба да се објасни нејзината географска локација. Во античко време, Далмација започнувала околу Драч (άπο των συνόρων του Δυρραχίου), односно од Бар (άπο Άντιβάρεως) и се протегала до Истарските висорамнини (μέχρι των της Ίστρίας ορόν), а во ширина зафаќала до реката Дунав.

Целиот регион бил под власта на Ромеите, а оваа провинција (тема) била попозната од сите други западни провинции; но сепак словенските племиња ја заземале и тоа вака. Во близина на Сплит е град наречен Салона, дело на императорот Диоклецијан, но самиот Сплит бил изграден од Диоклецијан и тука била неговата царска палата, а во Салона живееле неговите благородници и многубројните маси на народ. Тој град бил глава на цела Далмација. Секоја година таму се собирала воена коњаница од другите градови на Далмација, а од Салона биле испраќани до илјада од нив и ја чувале реката Дунав поради Аварите. Аварите, всушност, имале населби од другата страна на реката Дунав, каде што живеат Турците (Τ&Ορκα) номадски живот.

Оние кои доаѓаа од Далмација секоја година често гледаа стада и луѓе од другата страна на реката. По некое време решиле да преминат и да истражат кои се луѓето што живеат таму. Преминувајќи, нашле само аварски жени и деца, а мажи и момчиња во воен поход. Напаѓајќи ненадејно, ги заробиле и без мака се вратиле, носејќи го овој плен во Салона.
Но, кога Аварите се вратија од својот воен поход и дознаа што се случило и колку претрпеле, се вознемириле, не знаејќи од каде ги зафатил овој удар. Затоа решаваат да чекаат прилика и да дознаат сè. Кога, како што беше обичај, тие повторно испратија одред војници од Салона, тоа не беа тие [т.е. кои преминале], но други, за и овие како нив да одлучат исто. Така тргнаа против нив [Аварите], ги најдоа собрани заедно, а не растурени како порано, и не само што ништо не постигнаа, туку претрпеа целосен пораз.

Некои од нив, имено, загинуваат, а останатите живи паѓаат во ропство и никој не избега од нивната сила. Откако ги испрашуваа за тоа кои се и од каде доаѓаат, и откако дознаа дека токму од нив ја претрпеле гореспоменатата несреќа, а дознаа и за природата на нивната земја, и откако беа толку загреани од она што го слушнаа, ги фатија преживеаните затвореници и ја облекоа нивната облека на ист начин како што беа облечени и тие, ги јавнаа коњите, ги земаа во рацете знамињата и сотанатите знаци, што овие ги беа понеле со нив, и тргнаа сите заедно кон Салона. И откако се распрашале, дознале и во кое време војниците се враќале од Дунав (беше Велика и Света Сабота), стигнале токму тој ден. И кога беа сосема блиску, поголемиот дел од војската се сокри, а до илјада од нив, кои со измама набавија коњи и облека од Далматинците, тргнаа напред. А оние од градот, ги препознаваа нивните знамиња и облека, и бидејќи беше истиот ден кога тие [т.е. нивните војници] се враќале, ги отворија вратите и ги примија со радост. Тие ја преземаат контролата над градските порти на самиот влез и, откако ја известиле армијата за успешно завршениот потфат, почнуваат да се подготвуваат да се соберат и да влезат заедно.

Го заклале целиот градски гарнизон, а потоа ја преземале контролата над цела Далмација и таму се населиле. Само приморските градови не им се предадоа, туку останаа под власта на Ромеите (Μόνα δε τα προς θάλασσαν πάληχνια ου συνέωκαν αυτοΐς αλλίχοντο παρά των Τωμαίων), бидејќи морето им овозможуваше да живеат.
 
1745353462002.png
1745353777537.png

Гледајќи дека оваа земја е добра, Аварите се населиле во неа. Во тоа време Хрватите живееле на другата страна на Багибарија (Βαγ-ιβαρεία), каде што сега се Белите Хрвати (Βελοχρωβάτοι). Eдно семејство, откако се одделило од нив, имено пет браќа: Клукас (Κλουκας) и Ловелос (Λόβελος) и Косениц (Κοσέντζης) и Мухло (Μουχλώ) и Хрват (Χρωβάτος), и две сестри Туга (Τουγά) и Буга (Βουγά) со својот народ пристигнале во Далмација и ја затекнале оваа земја под власта на Аварите. Откако неколку години војуваа меѓусебно, Хрватите победија и убија некои од Аварите, принудувајќи ги останатите на покорност. Оттогаш оваа земја ја држат Хрватите, а во Хрватска сè уште има аварски потомци и од нив јасно се гледа дека се Авари. Останатите Хрвати останале во околината на територијата на Франките (προς Φραγγίαν)86 и сега се нарекуваат Бело-Хрвати, т.е. Бели Хрвати (άσπροι Χρωβάτοι) и имаат свој архонт; Тие се потчинети на Отон, големиот крал на Франција, наречен уште и Сакси (υπόκεινται δε "Ωτφ, τφ μεγάλφ ρ~ηγί Φραγγίας, της καί Σαξίας) и се некрстени, живеат со Турците [Унгарците] во љубов и влегуваат во сродство со нив. Од Хрватите кои дошле во Далмација, еден дел се одвоил и владеел со Илирик и Панонија(έκράτησειν τδ Ίλλυρικδν και την Παννονίαν).

Имале и самостоен архонт, кој испраќал амбасадори на разни места, а пријателски амбасадори само на архонтот на Хрватска. Извесен број години и Хрватите во Далмација им се потчинувале на Франките, како што тоа претходно го правеле во својата земја; Франките биле толку сурови кон нив што ги убивале хрватските доенчиња и ги фрлале на кучињата. Не можејќи да го поднесат тоа од Франките, Хрватите се побуниле против нив, убивајќи ги нивните намесници. Затоа, против нив тргнала голема војска од територијата на Франките и, откако седум години се бореле помеѓу себе, Хрватите конечно со мака победиле и ги убиле сите Франки и нивниот архонт Коцил (Κοτζίλις).
 
Последно уредено:
1745435391140.png

Оттогаш, станувајќи независни и самостојни, тие побарале свето крштевање од Рим, а епископи биле испратени и ги крстиле под Порин (Πόρονος), нивниот архонт. Нивната земја беше поделена на единаесет жупании, и тоа Ливно, Цетина, Имотски, Плива, Песента, Приморје, Брибир, Нона, Книн, Сидрага, Нин; а нивниот бан (βοάνος) ги држи Крбава, Лика и Гацка под своја власт (κρατεί την Κρίβασαν, την Αίτζαν και την Βουτζησκά).

Гореспоменатата Хрватска, како и останатите склавинии, географски се протегаат вака: Дукља (ή Δωκλεια) се протега кон замоците (τα χαστέλλια) на Драч, т.е. кон Љеш, Улцињ и Бар (Ϋ^γουν προς τον Έλισσον και προς τον Έλκόνιον καϊ την Άντίβαριν) и иде до Котор, а со планинските страни се граничи со Србија. Архонството Травунија (ή Τερβουνία) започнува од Котор и се протега до Рагуза [т.е. Дубровник], а од неговите планински [источни] страни се граничи со Србија. Од Рагуза [т.е. Дубровник] започнува архонството Захумљане и се протега до реката Неретва ((μέχρι του Όροντίοο πόταμου) и кон Приморјето допира до Паганија, а од планинскта страна спрема север се граничи со Хрватите, а однапред со Србите. Паганија започнува од реката Неретва и се протега до Цетина (μέχρι του ποταμού της Ζεντίνας) и има три жупании Растоца, Мокро и Дален (τρεΓς Ιχουσα ζουπανίας, την Τάστωζσαν καί τον Μοκρον ua! на Дален). Две жупании, имено Растоца и Мокро, лежат во близина на морето и имаат бродови, а [жупанијата] Дален е далеку од морето и тие [т.е. неговите жители] живеат со обработување на земја. Четири острови се во непосредна близина: Млет, Корчула, Брач и Хвар, тие се многу убави и плодни со напуштени градови и многу маслинови насади; Живеат на нив, ги поседуваат своите стада и живеат од нив111. Земјата Хрватска (ή χορα Χρωβατίας) започнува од реката Цетина и се протега кон брегот до границите на Истра, односно до градот Лабин (Άλβοϋνος) и на планинската страна до одреден степен се протега надвор од провинцијата Истра, а кон Цетина и Ливно се граничи со Србија.

Земјата Србија (ή χώρα Σερβλίας) се наоѓа пред сите други земји, граничи со Хрватска на север и со Бугарија на југ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom