Генерална дискусија за IT секторот во Македонија и странство (плати, даноци, барање работа, отварање на своја фирма)

  • Креатор на темата Креатор на темата zmej gorjanin
  • Време на започнување Време на започнување
Се што е поврзано со крипто тука во Аус веќе отпуштаат вработени, и трае со месеци.
На клиентите кон УК имаме доста пад на работата, т.е се намали обемот и се откажаа проектите кои беа во план. Ние требаше да примаме уште мин 4 луѓе, али на крај трчавме да довлечкаме уште клиенти за да има доволно работа за тековните. Очекувам уште да се заебаваат работите, им оди лошо на многу фирми во Европа, со каматите нема толку ефтин кеш и припазуваат со инвестиции.

Ќе биде лошо, особено до наредно лето, и тест колку фирми би преживеале.
За оние неповрзани со крипто оптимистите влеат дека отпуштањата се заради растот во корона каде ИТ индустријата отиде во нагорна линија и сега намало толку потреба. Други велат дека се спремаат фирмите и кратат за наредната година. Јас велам да пробам да си најдам фриленс нешто 15-20 саата плус неделно работа за некој американци затоа што ЕУ е премногу спора за презимање мерки за спречување на инфлација и ублажување на неизбежната криза ама очигледно само желба имам и ништо не преземав. Мое мислење, а и од искуство на други фирми од САД се доста добри и со плата и бизнис за ит индустријата.
Кај вас во Кенгурија незнам каква е побарувачката на фриленсери во ИТ од сосема друга временска зона?
Криптотоto кој направи кеш направи, повеќето најверојатно веќе се во загуба. Ел Салвадор и со така кревката економија се коцкаа на криптото, народот во таа држава треба да ги обеси за јајца политичарите.
 
Криптото е завршена работа после 2 битни моменти: покачувањето на каматните стапки и успорувањето на целата економија (нема ефтин кеш за коцкање), доказот дека истото не е тоа што се прикажува со војната меѓу Русија и Украина, нешто што беше рекламирано како спасител од клетите бирократи успеаа да го регулираат додека трепнеш и беа банирани руските акаунти. Значи, истото има вредност еднаква на 0, нешто што јадам гомна на темата за крипто со години.
Тие во ЕЛ Салвадор беа повеќе маркетинг, смешна сума од годишен ГДП беше тоа што го ставија во крипто, ама крипташите го искористија за правење лажна слика.

Околу ова со работата, јас немам преголемо искуство со САД и не сум паметен да ти солам памет за таму, работевме само на малечки проекти најдени на фриленс. Имам контакти низ Европа и скоро сите проекти ми се од таму, плус со државите што работам немаат двојно оданочување и ми дава можност да им вадам повисоки цени.

Тука генерално аутсорсот е од Филипини и Индија, пред се оти се премногу блиску со временските зони. Единствено да најдеш проекти кои не афектираат никој во реално време, и да имате само 1-2 состаноци во текот на неделата, пример во 7 по твое време, или 16-17ч по наше време.
Временската разлика е тоа што уште ми прави проблем за да довлечам поголем клиент за таму, бараат да им работиш во нивна зона, а со среќа наоѓање ИТ лица што ќе седат по цела ноќ во мкд.
Друга работа со АУС е двојното оданочување, мислам дека и со САД е слично (ова ако сакаш да одиш легитимно).

Пиши ми што точно работиш, и искуство, ќе се распрашам наоколу дали им треба екстра помош од надвор.
 
Што бидна со даноците, дали од 2023 ќе бидат 0 посто?
 
направете си ги сами 0 даноците, отворете си payo...r или нешто слично, немате корист од плаќање давачки, причини многу, да не Ви го трошам времето и просторот,
за здравство пријавете се како невработен (доволно е само еднаш) и фондот ќе ви плаќа, како што прават значителен дел од популацијата најмалку 20 години наназад, за пензиско штедете си сами, или изберете фонд, акции исклучиво во странство, може директно од payo...r да уплатите таму, домашниот пензиски - заборавете го нема да постои. Ако не сакате да им ја плаќате струјата на другите, инвестирајте во обновливи извори за домашна употреба ...
ова горе ќе Ви ги задоволи личните потреби, но нема да го реши системот, за тоа препорачувам билет во еден правец и не оставајте никаков имот во МК, веднаш ќе ви го населат и нема да си го вратите назад, веќе видено и доживеано од македонците, нека не Ве лаже последниот попис дека 1/3 од становите во СК навистина се празни, постои план, платформа за тие станови и за трансфер на имотот и капиталот на која неуморно работат домашни и политичари од соседството, тоа е единственото што напредува во МК во последните 20 години.
 
Последно уредено:

payo...r е некој нов левел на цензура или?
 
Су
не е цензура, едноставно да го заштитиме форумот од несакани последици
Добра идеја е ова треба да почниме да пишуваме др за дрога.
 
Дали некој од ИТ е санкциониран за неплќање данок? Како е со казните?
 
Дечки, некој со искуство што работи remote за компанија/и од западна Европа, конкретно Холандија? А општо, што мислите за блокчејн технологиите и фирмите што се занимаваат со development во таа сфера? Дали има просперитет, колку на средно-долги патеки може да се очекува да има работа/проекти во тие фирми?
 
Последно уредено:
Имам потреба од финансиски средства. Водам старт ап фирма што сега пркнува, fyi не е уште регистрирана, ама имам проекти на договор. Е сега имам средства што ми легнуваат редовно на Payoneer, пробав во банка и кај овие што нудат брзи кредити. Од банка ме одбија, а од брзите ми нудеа некои мали цифри и приходите на Payoneer не ги земаа во предвид. Моментално имам проект што трае ама ми фалат средства за комплетирање, околу 2000€, дали знае некој што би имал човек да ми позајми со тоа што сум спремен да платам и повисока камата. Сите опции ги исцедив уште оваа ми остана, не сум имал искуство до сега па така секој совет е добредојден. Парите би ги имал од проектот за од прилика 4 недели.
 
Vo osnova podaleku od lihvari ama sepak krediti Cemak prilep

Sent from my SM-N975F using Tapatalk
 
Пробав и кај нив, проблем им е и на нив како и на другите дека сите средства ми легнуваат на Payoneer, а не на некоја локална банка тука, и не ги прифаќаат како приход
 
Со било кој што има малку подлабок џеб склучете си договор на Нотар...
 
Пробав и кај нив, проблем им е и на нив како и на другите дека сите средства ми легнуваат на Payoneer, а не на некоја локална банка тука, и не ги прифаќаат како приход
Епа требало да префрлаш од пајонир на фирмата, барем помала сума, вака само луд може да ти даде пари. Не ми е јасно како плаќаш плати и давачки на себе ако си единствениот вработен во фирмата.

И чекај, како мислиш не е регистрирана фирмата а имаш договори? Ако ти се договорите на твое име, тогаш кој и да инвестира ти дава пари тебе, не на фирмата.
 
Нема full time вработени, се се contractors, односно по проект. Сите трансакции одат преку Payoneer, данокот сите сами си го покриваат
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom