Подемот на вештачката интелигенција

  • Креатор на темата Креатор на темата Aceso
  • Време на започнување Време на започнување
Прегледај го приврзокот 449988
Ако видиме кој стои зад агендата со вештачката интелигенција ќе заклучиме дека нема надеж за човештвото, за неколку децении ќе стигнат до златната милјарда а и под милјарда население.
AI теоретски може да постави дијагноза, но за тоа ти треба еден куп сензори, испитувања, рентген зраци, автоматизиран ултразвук, лабораториски параметри, за да може алгоритмот правилно да биде насочен и да дојде до вистинката дијагноза и навремена терапија, што на крај целиот тој процес го прави неефикасен, прескап и со многу здравствени ризици!

Овој муабет на Гејтс е типичен пример за хајп на вештачката интелигенција.

Прво нека одговори Гејтс како луѓето што живеат во стан низ метрополите ќе ги полнат електричните миксери во 2035
 
Вот работи на својот demise. Го спрема ботот кој ќе го пензионира. Али се опседнал со трансхуманистички идеи, влегол у бубањот.
 
Целосно автоматизиран нов авион со 3 генератора на струја, го губи напонот на клучните параметри. Да не беа пилотите, џабе и AI и све.
 
Подемот е неизбежен, затоа е и отворен целосен форум наменет за АИ ;)
 
Телеком во Маgenta Moments дава 12 месеци Perplexity Pro
1000012469.jpg
 
 
Луд си жими се :icon_lol:
Автоматски споено мислење:

@Sussaro Јас го прашав Chat GPT ова
Кој според тебе познат светски бренд во 2026 би ја имал шансата да инвестира во Македонија?

Одговорот беше овој

1000012471.jpg

Секако ова е прашано на бесплатна верзија Chat GPT. Првично ми ги пиша и Cineplexx и H&M кој веќе ги има ама го поправив дека ги има веќе тие.
 
Последно уредено:
Не ја разбирам жолчноста на формално образованите програмери на секој чекор да го искењаат креирањето код со AI. Бетер од тетките на шалтери у рани 90ти кога компјутери им донесоа да убрзаат калкулација на камата. Не очекував таква интелектуала да не може да се носи со вакви промени, а со надменост гледаа на мануфактурци кога биле заменувани со машини испрограмирани од…самите они. Умре времето на специјалци, дојде времето на универзалци. Фирмите ќе бараат свис арми најф у кандидатите сега.
 
Се шо е измислено на овој свет било злоупотребено.Тека да-На.бавме!
 
Вот работи на својот demise. Го спрема ботот кој ќе го пензионира. Али се опседнал со трансхуманистички идеи, влегол у бубањот.
Месецов отпуштивме ~1.500 луѓе како технолошки вишок, во неделата кога Мета отпушти 9.000. Лошото е што ова е втор бран годинава. Иронично ако не работев на својот demise сега ќе требаше да работам на CV-то. Со трансхуманистички идеи кокетирам само приватно. Јас си ја мразам работата и не постои работа која приватно или идеолошки би ме исполнила, уште помалку наметнати АИ проекти. Јас верувам во универзален приход и едвај чекам ботот да ме пензионира како што предвидуваш.

Целосно автоматизиран нов авион со 3 генератора на струја, го губи напонот на клучните параметри. Да не беа пилотите, џабе и AI и све.

Авион не беше паднал пред АИ поради незаменливите пилоти.

IMG_3735.jpeg
 
Месецов отпуштивме ~1.500 луѓе како технолошки вишок, во неделата кога Мета отпушти 9.000. Лошото е што ова е втор бран годинава. Иронично ако не работев на својот demise сега ќе требаше да работам на CV-то. Со трансхуманистички идеи кокетирам само приватно. Јас си ја мразам работата и не постои работа која приватно или идеолошки би ме исполнила, уште помалку наметнати АИ проекти. Јас верувам во универзален приход и едвај чекам ботот да ме пензионира како што предвидуваш.



Авион не беше паднал пред АИ поради незаменливите пилоти.

Прегледај го приврзокот 451442

Замисли да отпуштеа 18 илјади, ќе моравте да отпуштите 3,000. Иначе нема да има универзален приход, никој не дава пари за џабе.
 
Морам да го пофалам AI сервисот Suno, кој служи да ти направи оригинални песни, со музика, текст и аранжман, само му дадеш идеја тој се ќе ти направи за тебе. Пример му пишеш напиши љубовна песна на македонски јазик во стилот на Драган Мијалковски и тој ќе ти напише неколку песни да си одбереш која ќе ти се допаѓа повеќе, дури и можеш ти да му дадеш текст а тоа да ја направи музиката, секако во зависност од претплатата. И песните што ги прави не се лоши, слушливи се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom