CNC машина е многу општ поим, машина со било каква намена може да биде CNC. Пример CNC струг, CNC глодалка, CNC резалка, CNC плазма, CNC острилка и сл. Бидејќи спомна G-код најверојатно мислиш на CNC плазми, голдалки или стругови. Преку G-код се задаваат поместувањата на машината.
Креирањето на G кодови за овие машини е работа на машински инженер или техничар. Сложеноста на G кодовите зависи од комплексноста на делот и степенот на слобода на машината. Софтвери за генерирање на кодови се наречени CAM софтвери, меѓу кои: Mastercam, Solidcam, Fusion 360 и други. Овие софтвери кодот го генерираат според 3D модел направен во соодветен CAD софтвер. Самиот софтвер потоа самиот креира G код, меѓутоа задача на инженерот е да ги внесе почетните параметри, да го испланира поставувањето на делот во машината, почетните точки, алатите кои машината треба да ги користи за изработка на делот, димензионите и геометриските толеранции и останати работи во зависност од делот и машината. Исто така генерираниот код треба добро да се провери и доколку е потребно рачно да се изменат некои делови од него. За генерирање на овие кодови не се користи класично програмирање.
Ракувањето со машината е задача на операторот на струг. Тој е задолжен за поставување на деловите кои треба да се изработуваат, впишување на кодовите во машината и останати задачи кои ги бара работното место.
Работа за програмер, во делот на ракување со CNC машини, нема. Програмер би можел да работи во делот на развој на CNC машини и во делот на развој на CAD/CAM софтвери.
Програмата која се учи на Славјански е наменета за обука за оператор (ракувач) со CNC машина, најверојатно глодалка и/или струг. Во Македонија има недостаток од оваа струка и работа би требало да се најде лесно. Почетна плата би била околу 24-25.000, но има големи разлики од фирма до фирма. Можност за freelance со оваа обука нема.
П.С. Упатство за Fanuc пост-процесор со објаснување за начин на креирање на G кодови како и останати функции кои ги има -
Линк.