Брадавици

  • Креатор на темата Креатор на темата Man12272747
  • Време на започнување Време на започнување
Како природен лек за брадавици се користи млеч од смоква (ама дива смоква), од самиот плод или лист ....знам дека сеуште е рано за смокви ама ако не ти се брза летово можеш да пробаш.
Мене на рака ми се појави пред некоја година и со тоа ја исчистив, се надевам дека лекот и тебе ќе ти помогне.
 
Хируршки ми ја отстранија. Преглед и интервенцијата траеше 15-20 минути. Голема брадавица, малтене висеше дека позади уво. Само топлина осетив, друго ништо. После спреј ми препишаа за ладење , 5-6 дена го користев.
Јас закажав преглед за бемка, докторката ми рече дека е брадавица, и одма може да ја отстрани. Најдобро е да закажеш преглед, и ич не се плаши. Околу 2500 денари тогаш ми наплатија.
 
Тебе ти ја гореле. Тоа го викаат електрохируршки. Ме интерсира, ти остана некој белег?

И дај кажи ја Шведската крема да видиме што чудо е тоа, може стварно функционира, ќе му помогне на некој.
 
Немам никаков белег.
Кремата се вика Verruxin 200 mg.IMG_20220409_165118.jpg
 
Немам никаков белег.
Кремата се вика Verruxin 200 mg.
Фала што сподели, баш ќе ја истражам.
Автоматски споено мислење:

Немам никаков белег.
Кремата се вика Verruxin 200 mg.Прегледај го приврзокот 328239
Технички ова, е истото како тоа што го постирав 130 ден од Зегин - SENSILIS Foot care Салекс колодиум против жуљеви 10 мл. Истите состојки се.
 
Последно уредено:
Дечки, дали некок се соочил со овај проблем, брадавици на глава, изгледаат како бемки ама не се, дали има некој лек за да не се зголемуваат или некој хирушки да ги отстранил
Мачкај со лук секоја вечер,а дење маслиново масло,зш од лукот се сушит а маслото ке го омекнит.
Можиш да пробаш и со смоквите шо ти напишаа погоре.
кремовите од аптеките воопшто не помагаат,ама изборот е твој.
 
Јас имав на стапалото неколку, на малиот прст на ногата, и неколку на десната рака али внатрешни кои колку и да ги кинев и стругав сам повторно порасувнаа во бела тврда кожа.

Кога бев на кожно ми препорача некоја скапа маст за која не ми се даваше пари и неколку вида витамини да пијам, и еден месец пиев секој ден дозата, и стварно на ногата и раката до ден денес ми ги нема.
 
Ај ако не ти е тешко пиши кој витамини ти ги дадоа да ги пиеш :)
 
Да не те излажам пред 4-5 год беше стварно не сум сигурен, знам пиев витамин Ц во вид на капки, селен, и уште некои витамини
 
Јас имав на стапалото неколку, на малиот прст на ногата, и неколку на десната рака али внатрешни кои колку и да ги кинев и стругав сам повторно порасувнаа во бела тврда кожа.

Кога бев на кожно ми препорача некоја скапа маст за која не ми се даваше пари и неколку вида витамини да пијам, и еден месец пиев секој ден дозата, и стварно на ногата и раката до ден денес ми ги нема.
Da ama ovie ne se takvi mali bradavici, taka da ne bi pominale so pienje na vitamini
 
Тоа пиење витамини или сугестија или случајност. Тешко дека они влијаеле за исчезнување.
 
Последно уредено:
Зависи каков тип на брдавица е, најдобро да те прегледа некој доктор да константира за шо се работи....
Друга работа, јас имав на рацете на прстите и ми помина со домашен лек си го направив сам, во едно шишенце мало (20мл) ставаш јаболкова киселина и внатре рендаш на ситно кора од лимон, само кората од горе и заедно со киселината ја оставаш да отстои 1 ден, па почнуваш со мачкање, клаваш кора парче од внатре на местото и на памук потопуваш од киселината и го ставаш на местото и го лепиш памукот со селојтеп (за да не диши местото) постапката ја повторуваш 3-4 дена јас мачкав на вечер и да стои до сабајлето, после неколку дена почнува да потемнува и да се суши, па по одреден период ќе падни сама, нема никакви лузни....
Друга работа исто имам пробано и со тоа Сенсилис од аптека, исто и тоа помага, само шо тој гелот формира заштитен слој откако ќе го нанесиш на брдавицата, па откако ќе се корни доаѓа до оштетување и на здравата кожа и е болно, дури да зарасти, ама и од него нема да имаш никакви лузни.
 
Се е тоа горење. Некои луѓе имаат и успех со безбоен лак за нокти. Дека и тоа формира слој, кој ја гуши брадавицата, и ацетонот во неа ја гори. Резулати со сите методи се разновидни и нема дефинитивен лек за сите, за сите случаии. Најубаво е ако може телото само да го исфрли вирусот, зошто така се спречуваат и идни реинфекции од истата варијанта на ХПВ. Со секој вид на механичко остранување, гроење, сечење, има ризик за лузна.
 
Можат да се одстрануваат со радиобранови. Има во Белград доста клиники каде тоа го работат, не знам можеби има и кај нас. Доста ефикасно и шо е најважно, безболно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom