Diamond Mall

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Биле некои колешки, рекоа дека уште нема добар дел од дуќаните и допрва ќе се отвараат.
Во H&M имало јаки попусти и затоа имало гужва таму.
И да, 99% од вработени и посетители се албанци.
Споен викенд па се знае нашите кај се
 
Споен викенд па се знае нашите кај се
Плус ново и многумина сакаат да видат. После неколку месеци ќе спласне еуфоријата за помасовно да се оди во тој трговски.
 
Плус ново и многумина сакаат да видат. После неколку месеци ќе спласне еуфоријата за помасовно да се оди во тој трговски.
Сега подобро да не се оди, едно 60% од продавниците не се отворени, сеуште мирис на прашина… Ако имав мислење дека ИстГејт се исфорсира да се отвори ова е бетер од избрзано
 
Уште им стојат новогодишните украси инаку :)

Прошетав низ неколку дуќани некни, глетката е тажна.
Верото е многу мало, за толкав мол искрено мислев ќе биде огромно.
H&M и DeFacto имаат толку блантава и досадна роба, строго basic - еднобојни обични тренерки, обични фармерки, обични блузи... Еко во ГТЦ пред 20 години имаше подобар избор. H&M па и дупло поскапо од Defacto демек дека попозната марка, а стварите им се скоро исти.
Waikiki им е нешто подобро за разлика од други молови.
 
Само игротеката во молот ме воодушеви, навистина е најголема во Скопје, преубаво опремена со многу интересни содржини, на две нивоа....Препорачувам на сите да одат да ја посетат, да ги однесат децата на вистинска забава и уживање.
 
Многу квалитетно направени и овој и ист гејт,нема што со оглед на тоа кој ги форсираше и кој ги шеташе на отварањата се е јасно. Внатре понудата 500-то вајкики,том тејлор,њу јоркер...истите со бангладеш роба се вртат и повторуваат пак и пак. Цел комплекс овде е срање,зградите како ги најавуваа мислиш во Њу Јорк си а на крај излегоа бајадера пролив со метални прачки завиени во кафеаво исфарбан гипс :D Итоа 4 исти грди згради copy-paste/4. Важно Дајмонд се крстиле.
Јако беше кога го градеа имаа табла со најава демек кои продавници ќе ги има и напишани:Гуци,Прда,Брбери... :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom