FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Count Dracula (1970)
Nachts, wenn Dracula erwacht
Count-Dracula-8-620x465.jpg


Филм за Грофот Дракула снимен по истоимениот роман на Брам Стокер. Лихтенштајн влага во соработка со шпански, италијански и германски продукции.
Нискобуџетен аматерски филм, држеше внимание ама е далеку од некојси квалитет, се труделе луѓето, верувам на времето бил добар и се плашела рајата.
Филм за вампир, класика е ова, Дракула, редовно вртеа по телевизиите ваквиот тип на филмови, све едни исти.

5 од 10 ајде нека се почасти. :D
 
Во таа плејада на еротски филмови и порничи, само неколку филмови се издвојуваа, па симнав еден од тие. И јас го изгледав Count Dracula, мислам дека пародијата на Нилсен е микс меѓу овој и оној на Олдман. А ако некој е фан на Дракула, пред некоја година имаше минисерија, која отстапува од шаблонот на Стокер (и тука имаше отстапувања), и со исклучок на крајот не беше лоша.

Имаше премалку акција за да биде хорор, премалку интеракција, Дракула повеќе беше во сенките. 2,5/5
 
Strangled (2016)
A martfüi rém
14031316_88b1e70fe0b6ab976662136612af92b6_wm.jpg


Вистинска приказна за сериски убиец во едно мало градче во Унгарија во период од крајот на 50тите до крајот на 60тите години од минатиот век.
Филмот започнува така што еден човек кој начелно го признава делото - убиство на жена, е осуден на смртна казна со бесење, нешто подоцна казната е сменета во 25 години затвор. Неколку години подоцна се појавува нова жртва, па уште една, па уште една, па уште една, со што се отвара сомнеж за постоење сериски убиец. Убиствата се слични како и првото, она за кое е осуден ликот наречен Рети Акош. Полицијата започнува истрага.

Добар е филмов, држи внимание, убаво е снимен, добро раскажан, убиецот е сличен профил на оној Чикатило русинот, асексуален тип кој задоволство и ерекција добива кога ќе тепа и онеспособи жена.

Имињата на ликовите се изменети, вистинскиот убиец се вика Питер Ковач.

Оценка 7.
 
Control (2003)
Kontroll
bulcsu.jpg


Филм чие дејство се одвива во едно унгарско метро и ја следи приказната на Булшу и неговата група на колеги кондуктери. И други групи на кондуктери. И ништо не сфатив од филмов.
Мрачен трилер, не знам, акција, имдб вика и комедија, некоја доза на мистерија, фантазија. Што кур знам.
Не знам ни што да пишам. Цело време чекав нешто да се деси, дека ова нема да биде обична приказна за кондуктери и нивните секојдневни проблеми, се појавува една девојка облечена у костим на зајак, овој ликов цело време беше некако морничав, спиеше у метрото, имаше некои проблеми у главата, некое бурно минато нешто, поима немам. Имаше еден мистериозен убиец што ги буткаше луѓето под воз ама камерите никако да го фатат. Дали беше реално тоа неам поима.

Ме остави фокусиран до самиот крај, ме мрзи да го размислувам, иам некоја теорија у глаата, али јеби га. Не би го препорачал.
Ваков сличен филм Мартинчо има снимено, се вика Bringing out the dead.

За Контрол, оценка 5.
 
The Fifth Seal (1976)
Az ötödik pecsét
large_0311_moziest_01.jpg


Воена Унгарија 44та, во една затемнета кафана си седат другари, пријатели и си разговараат на општи теми. Овој брково прво ќе раскаже една приказна за роб и робовладетел и потоа ќе ги праша останатите ако треба да се реинкарнираат, како би сакале да се родат, како роб-от или како робовладетелот. Едниот одговара како роб-от а останатите не му веруваат и си одат дома.

Све е океј, ја поштувам идејата, морално прашање и слично. Филозофско-психолошки филм со темна атмосфера, не многу квалитетна снимна и премногу разговор. Мене ми скурчи да ви кажам искрено, досадно ми беше и ми пукна главата од муабети и особено читањето. На унгарски зборат ебате, се убив читајќи превод. :D

Ме замараше али океј е генерално гледано, филм за размислување и морално постапување. На повеќето верувам би ви се свиѓал.

Од мене 6.5-ка.
 
67. Mephisto (1981)

1676656053735.png

Симнав неколку од Унгарија, ама бидејќи бев презафатен со каталогот, Kajgana Film Awards и ТВ-комедиите, успеав да го гледам само овој, зашто сметав дека мора. Ова е еден од двата унгарски филмови добитници на Оскар (вториот е Son of Saul кој ми е гледан), од вкупно дури 10 номинирани (последен номиниран беше On Body and Soul - одличен филм). Ама Mephisto на Иштван Сабо беше убер-досаден филм! Буквално едвај го изгледав, по 3 прекини. Ова е инаку полу-биографски филм за некој популарен германски режисер и актер од времето на нацизмот. Актерот чија популарност рапидно расте по улогата на Мефистотел во една поставка на Фауст е соочен со дилемата дали да се откаже од своите аполитички ставови и да се приклучи на поддржувачите на нацизмот или да падне во заборав. И додека неговите колеги, љубови и соработници од театарот полека изчезнуваат - некои во други држави, други од лицето на земјата, Хендрик Хофген ја игра најголемата ролја во својот живот: не како Мефисто, туку како поддржувач на Нацистичката партија. Идејата е интересна, реализацијата ја купила и АМПАС и му дала Оскар на филмов, и со право веројатно. Но сета таа алегорија, симболика, бескрајни иронични дијалози кај мене создадоа толкава аверзија што не можам да не го оценам лошо овој филм. Навистина ми беше крајно досаден (кружев околу стол, што би рекол еден драг екс-Кајганџија :D ). Само 3/10 од мене.
 
Од Унгарија гледавме 4 филма: три @Џонтра Волта , 1 јас.

@devilko , @Shawn Spencer , @Dumbledore , @The Cooler King , @Shutmanga , @Mark Renton , @grande-juve , @moongoses , @Violetova , @Major Tom , @Corvus , @Imperatorot , @zmija1 , @Варвара , @Artemisia Vulgaris и @Jon The Snow уште ги нема никаде.

Следна дестинација, пак микро-држава:

San Marino.jpg

32. САН МАРИНО (18-24.02.2023)

Листи:
San Marino •
San Marino | World Charts

Ова е се што има на Letterboxd. Затоа, и да гледате италијански филм кој на некој начин е поврзан со Сан Марино - се прифаќа!

Divertiti!
 
Slasher (2016)

Краток хорор филм, еден као убиец со старовремска гас маска боде со нож према камера а од другата страна жртви. Црно бела заматена полугледлива снимка.
Глупости.
Немаат ништо овие Сан Марино, ќе остане само овој краткиов филм исто како и во Андора.

2ка
 
Poland.jpg

33. ПОЛСКА 25.02-03.03.2023

Polish submissions for the Academy Award for Best International Feature Film

Тука има одлични филмови, кој не го гледал, препорака од мене за Corpus Christi. А и EO кој е моментално номиниран за најдобар странски филм е убаво и несекојдневно филмче. Исто и Cold War и Ida.

POLAND
Polish Cinema Catalog
Poland
Polish cinema after the fall of communism and the end of state financed film making
The Best Polish Movies of All Time according to 120 Polish cinephiles from Filmweb.pl

Baw się dobrze!
 
68. Dekalog, jeden / Decalogue I (1989)

1677440757723.png


Јас сум Господ твој, да немаш други богови освен Мене. Не прави идол, ниту каква слика, од она што е горе на небото, и што е долу на земјата и што е во водата и под земјата; да не им се поклонуваш, ниту да им служиш.

Првиот од десетте „филмови“ (или „епизоди“ ако сакате повеќе) од циклусот „кратки“ филмови - Декалог на Криштоф Кишловски, според мене - еден од најубавите! Ова е реприза за мене (прва реприза во предизвиков), и уживав подеднакво како и при првото гледање. Преубав филм! Во само 50 и неколку минути Кишловски создава свет во кој се поврзуваме со ликовите повеќе отколку во некои три пати подолги филмови. Зема еден од десетте божји заповеди и приказната ја гради врз него. Во случајов станува збор за првата заповед според римокатоличката и лутеранската црква, како што е цитиран погоре, или ако сакате повеќе - првите два заповеди според православната црква и еврејската религија. Филмот го следи еден самохран татко, опседнат со технологијата во која слепо верува (создава идол на кој му се поклонува) и смета дека ништо духовно не постои, и неговиот син Павел кој се прашува каде оди душата по смртта, прашање на кое таткото одговара со - „никаде, тоа е едноставно крај“. Но се случува нешто што ги изместува перцепциите и на гледачот, и на таткото... Да не откријам повеќе, доволно е за филмот.

Кишловски освен темите земени од Библијата / Талмудот, вметнува свои во филмовите од Декалогот кои на некој начин се поврзани. Тука станува збор, како што реков погоре, за идолизирањето на науката и технологијата, а идеалот кој го опишува е „светоста на Бог и обожувањето“.

Друг интересен печат на Кишловски е вметнувањето на лик - нем посматрач на ликовите и дејството кој не се впушта во никакви дијалози и не учествува во дејството, туку само набљудува. Во филмов тоа е еден бездомник кој седи покрај запален оган крај езерцето.

Уште еднаш ќе речам - прекрасен филм! Дури и оние кои не сакаат да се впуштат во Декалогот целосно, мислам дека ова мора да го изгледаат!

Чиста 10/10
 
69. Dekalog, dwa / Decalogue II (1989)

1677445623266.png

Не употребувај го напразно името Господово!

Откако првиот дел те растура емоционално, тука Кишловски има сосема поинаков пристап: поблаг е, симболизмот е поедноставен и поредок, а поврзувањето со ликовите и воопшто грижата за нив - недостасува. Со самото тоа, ова е далеку послаб филм. Човечка драма за една жена со дилема дали да го роди или не бебето кое го очекува од најдобриот пријател на маж и кој е на смртна постела и доколку умре - би го родила. Ова е филм кој за постулат го зема вториот заповед според римокатоличката или третиот според православната религија, исто цитиран погоре. Но Кишловски го интерпретира во завиена форма преку идеалот за светоста на зборот, а неговата тема тука е: важноста на зборот, т.е. на ветувањето во човековиот живот. Така, едно „тој ќе умре“ изговорено од докторот, и придружено со едно „се колнам (во Бога)“, кое потоа испаѓа дека е напразно изговарање на името на Господ Бог, а и едно „те сакам“ изговорено од неа, менуваат многу.

И тука го има немиот воајер - истиот актер кој овојпат е лабораториски асистент кој немо набљудува од позади една врата.

7/10
 
Knife in the Water (1962)
Nóz w wodzie
image-w1280.jpg


Дебитантски филм на Роман Полански, номиниран за Оскар за најдобар странски филм.

Брачен пар оди на викенд во својата јахта, на патот среќава еден рандом патник и мажот го поканува да оди со нив. Овој прифаќа и сите тројца заедно одат на пловење низ едно локално езеро.
И толку, муабетат цело време, се надмудруваат маживе. У главно спор филм, досаден, никаква посебна возбуда, ништо онака. Тапа.

4ка.
 
70. Dekalog, trzy / Decalogue III (1989)

1677619390962.png

Памти го денот на одмор, за да го празнуваш; шест дена работи и сврши ги во нив сите работи, а седмиот ден е одмор на Господа , твојот Бог.

Уште еден прекрасен филм од Декалогот. Овој е снимен врз третата од десетте божји заповеди (според римокатолиците, а четврта според православното христијанство). Кишловски тука го претставува идеалот на светоста на времето преку хронотопите ноќ, ден, Божиќ, Нова година... Инаку станува збор за една средовечна жена, Ева, која не сака да ја помине бадниковата ноќ сама, и го намамува нејзиниот поранешен љубовник да ја помине ноќта со неа, велејќи му дека нејзиниот сопруг (коj инаку и не ни постои во целата приказна) е исчезнат и дека треба да одат да го бараат. Ова е еден од најубавите божиќни филмови кои сум ги гледал. Ме потсетува по малку на уште едно ремек дело на Кишловски: Три бои: Црвено, од Три бои трилогијата. A must see!

9/10
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom