Jahia Kemal или SABA?

  • Креатор на темата Креатор на темата anathestar
  • Време на започнување Време на започнување
Кој размислува за приватно средно нека иде у Нова. Сестра ми таму учеше и стварно беше задоволна. Воопшто не е како Јахиа Кемал, учениците имаа многу интерактивни активности, драмски представи, спортски натпревари и наставата е квалитетна заедно со професорите.
 
Зашто имав некои предрасуди за таа гимназија, мислам, си мислев дека е онака шминкерска, дека учат снобчиња, дека тежината на предметите е несериозна во однос на сите останати гимназии?:uvo:

Ако не е касно ќе ѕирнам и до таму, макар што програмата што ја видов на интернет не им е лоша.
 
Искрено квалитетите што ги спомна т.е. бенефитите од тоа можеш да ги добиеш и без помош на средно...

знаење...имаш знаење за нет за тие што се жалат дека на нет има некредибилно знаење сега скоро сите универзитети ги отворија вратите и нудат бесплатни lectures.

Ако си за знаење немаш извинување да не го добиеш денес.
Иначе извинете модератори за ова офф топик :)
 
Кај се наоѓа Нова бе?

Нема шанси таму да учам, чисто прашувам пошто една другарка моја таму учи :)
 
Искрено квалитетите што ги спомна т.е. бенефитите од тоа можеш да ги добиеш и без помош на средно...

знаење...имаш знаење за нет за тие што се жалат дека на нет има некредибилно знаење сега скоро сите универзитети ги отворија вратите и нудат бесплатни lectures.

Ако си за знаење немаш извинување да не го добиеш денес.
Иначе извинете модератори за ова офф топик :)

И некој на 15 е доволно созреана личност за да знае што треба да учи и ке се одлучи да слуша предавање од MIT?
 
Имам другар што учи во Јахја. Сега е втора година. Колку што јас разбрав условите за учење се многу добри, часовите се одржуваат на англиски јазик, само на часот по македонски си зборуваат македонски, нормално. Во прва година имале многу часови по турски, не знам колку ми рече (едно 10 часа неделно турски, ако не и повеќе). Мене лично тоа што има настава на англиски јазик многу ми се допаѓа.
Лошо е тоа што е многу строго, во училиштето не смее да се дознае дека имаш дечко/девојка, ако дознаат ќе мора да раскинеш или следи бркање од училиштето. Како во затвор се, како што напиша некој погоре имаат околу училиштето 2 метра висока ограда, ако сакаш да бегаш мора да рипаш :)

нека не ти перат мозок тебе зашто ја учам таму забрането е да се лапаш дур си во школо :baeh:
а дека ке те суспендираат за тоа не ме смеј :kesa:



пс. ме мрзи да пишувам кој сака нешто повејќе да знае нека ми пиши пм ке му опишам се
 
Кој размислува за приватно средно нека иде у Нова. Сестра ми таму учеше и стварно беше задоволна. Воопшто не е како Јахиа Кемал, учениците имаа многу интерактивни активности, драмски представи, спортски натпревари и наставата е квалитетна заедно со професорите.

Денес бев до Нова.
Системот е типично американски, со градации на нивоа на знаење на ученикот со што практично од успехот и склоностите на ученикот ќе зависи неговиот смер, бар така разбрав.
Малку не ме бендиса она регулар, бејзик, адвансд-поделба на нивоа, мислам за нас несекојдневно. А друго, од формуларот што го добив, видов дека цената е астрономска, мислам што е многуи многу е. 5000 евра за една школска година:kesa:
 
Знае ли некој колку се плаќа во Јахиа Кемал а колку во Саба?
 
Знае ли некој колку се плаќа во Јахиа Кемал а колку во Саба?

јахја кемал скопје
2500 евра школарина ( ако си без стипедија ) плус униформа + книги +500евра
и ти доаѓа дека 1 и 3 се по 3000 евра а 2-4 се по 2750

без интернат е ова
 
Знае ли некој колку се плаќа во Јахиа Кемал а колку во Саба?

За САБА не знам а за Јаха Кемал ти е 2500 евра во Скопје(интернат 2000) а во Струга и Гостивар е по 2000 евра..
 
Погледнете ги републичките натпревари по математика од минатите години, и тие ќе ви кажат се за Yahya. (Оваа година малку потфрлија.)
 
Погледнете ги републичките натпревари по математика од минатите години, и тие ќе ви кажат се за Yahya. (Оваа година малку потфрлија.)

Па тоа им е фората и многу луѓе вклучувајќи те и тебе се палат на тоа. Им даваат стипендии на основци со успех ги спремаат за натпревари долго време...и некој кога ќе види ќе рече wow Јахта биле јаки...кога во реалност 2-5% од учениците се јаки и тоа тие кои ги примиле стипендииве а овие кои платиле повеќето се дупки. Мене ова ми прави перфектна смисла.
 
Ме интересира, дали во Јахија Кемал наставата завршува со завршување на часот, ако ме разбирате, мислам, дали има домашни работи и учење дома?:pipi:

И дали пред полагање на приемните се вршат некои посебни подготовки на ученици, (освен оние примероци на тестови и задачи кои ги даваат во школото или она што може да се најде на интернет?):kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom