Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Исто како во Херсон и Харков претрпеа огромни загуби па на крај русите се повлекоа. Не гледам дека им е проблем тоа на Украина, а и секако дека со толкав број на војска и опрема дека ќе направат некој напредок. Што гледавме први денови бредлиња и леопарди некако овие 2 дена послабо. Мора да испорачаат во оваа офанзива Украина инаку ќе му здосади на Амерот и ќе ги седне на некаков договор кој секако е неминовен.
Да, но ова не е Херсон и Харков. Има мобилизирани и елитни единици кои го бранат Запорожје. Згора на тоа, 15 месеца Русите го утврдуваа регионов, а со тоа имаат барем 2 јаки линии за кои и Британците тврдат дека се повеќе од доволни да им направат неволја на Украинците.
 
Исто како во Херсон и Харков претрпеа огромни загуби па на крај русите се повлекоа.
Уште не ти е јасно зошто руските сили се повлекоа од Херсон?
 
Уште не ти е јасно зошто руските сили се повлекоа од Херсон?
Заради логистика. Едноставно ќе завршеа со 20 -30 000 војници од другата страна на Дњепар кај што неможеш да им однесеш муниција.
 
Заради логистика. Едноставно ќе завршеа со 20 -30 000 војници од другата страна на Дњепар кај што неможеш да им однесеш муниција.
Чекај ти не следиш или се шегуваш, знаеш ли за браната Каховка, е па Русите имале по се изгледа сигурни информации уште на времето, дека се спрема такво нешто и затоа со време си се дислоцираа.
 
Чекај ти не следиш или се шегуваш, знаеш ли за браната Каховка, е па Русите имале по се изгледа сигурни информации уште на времето, дека се спрема такво нешто и затоа со време си се дислоцираа.
точниот одговор лежи во збир на двата предходни поста-тешкотии при логистика преку голема река и евентуална поплава од уривање на браната над градот

едното не го исклучува другото
 
точниот одговор лежи во збир на двата предходни поста-тешкотии при логистика преку голема река и евентуална поплава од уривање на браната над градот

едното не го исклучува другото
Уште поточен одговор е дека РФ имале сознанија (некако дознале -можеби заради тоа што овие во повеќе наврати ја ракетирале браната уште од јули 2022) за намерите на НАТО и затоа со едноставен маневар избегнале да бидат жртви.
 
Најверојатно за недела дена ќе видиме судири на фамозната прва одбранбена линија, на едно или две места по фронтот.
 
Најверојатно за недела дена ќе видиме судири на фамозната прва одбранбена линија, на едно или две места по фронтот.
Би било срамота да не стигнат, умреа од досада тие у прва одбранбена линија, им треба малце акција да се разгибаат да влезат у форма.
 
Најверојатно за недела дена ќе видиме судири на фамозната прва одбранбена линија, на едно или две места по фронтот.
Срамота ќе е да не видиме. За Украина, за САД и за НАТО.
 
Најверојатно за недела дена ќе видиме судири на фамозната прва одбранбена линија, на едно или две места по фронтот.
Забележав дека ги следиш западните демократско-слободни извори,
- што се говори дали по неуспехот на кантерофанзивата ОТАН директно ќе влезе во играта или уште малку ќе размислува?
 
Срамота ќе е да не видиме. За Украина, за САД и за НАТО.
САД троши муниција, русите нацисти. Паметна размена.

За неколку дена Украинците стигнаа на 10км до првата дефанзивна линија, мапи нешто слабо на темава.

Во моментов имало огномет во Токмак.

Се иде по планот.:icon_lol:
 
Забележав дека ги следиш западните демократско-слободни извори,
- што се говори дали по неуспехот на кантерофанзивата ОТАН директно ќе влезе во играта или уште малку ќе размислува?

Далеку е да се оцени како ќе помине контра офанзивата која според ова што го гледаме, очигледно ќе трае подолго време на етапи. НАТО сигурно нема да вмеша и секакви муабети за НАТО трупи во Украина се на ниво на маалски муабет после шести час физичко.

Евентуален целосен неуспех каде што Украина нема да успее до есен да направи значителни напредувања на НАТО/САД им остава две опции. Првата опција, да продолжат да ја вооружуваат Украина за нова рунда наредна година и да почнат да и даваат интересни играчки како ракети со среден и долг дострел. Втора опција, да ги притиснат Украинците да прифатат договор за мир со тоа што ќе мора да прават територијални отстапки. Иако тие што ќе притискаат за мир ќе станат погласни, не знам дали ќе преовладаат. Во главно се зависи од тоа што ќе реши САД.

Тешко е да се знае што би се решиле зашто има многу да се игра до тогаш и многу работи треба да се случат.
 
САД троши муниција, русите нацисти. Паметна размена.

За неколку дена Украинците стигнаа на 10км до првата дефанзивна линија, мапи нешто слабо на темава.

Во моментов имало огномет во Токмак.

Се иде по планот.:icon_lol:
а ти го знаеш планот :pos::pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom