Во претходниот пост, како одговор на Mister No, ти го исмеваше наративот дека НАТО земјите имаат воени бази околу Русија, како неточен. Односно се обиде таков да го претставиш.
Сега, гледам, во наредниов пост, го прифаќаш како факт (што и е), ама сметаш дека некако ќе биде неговата релевантност исклучена, само поради смешната забелешка дека - има околу Русија, ама во сојузнички земји.
Оттука, верувам дека доколку примениш проста логика, ќе дојдеш до оправданоста на воената интервенција, како последен начин да се спречи Украина да стане таква земја сојузничка, во која ќе има НАТО база.