Рускиот APS изгледа навистина добро, ако можат масовно да го произведуваат и адхок да го инсталираат на терен ова би бил вистински а не имагинерен „гејмчејнџер“. Тестот е буквално со американски Javelin (запленетите се корисни за вакви тестови). Демонстрацијата е импресивна. Мислам дека во моментов никој не им е ни блиску на Русите во иновативност и практични воени иновации. И трендот оди стрмо нагоре, како што продолжува војната така ќе има се повеќе иновации... Буквално ова е една од причините зошто САД сега сакаат да ја запрат да ја замрзнат војната.
едит: Во репликите десно има интересни снимки со напади со дронови кои буквално поминуваат на сантиметри од EW опрема додека пренесуваат фулХД видео (пошто комуникацијата не е безжична туку преку оптички кабел, уште една практична иновација која прави огромна разлика во војувањето).