Инаку Кинезите растур прават со Електрични автомобили, доста имаат погони кои се наменети за висока кастомизација на автомобилот, од големина на батерија, до брзина на полнење, до големина на мотор, технологија и слично.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Слабо ти оди математиката тебе а? Слабо.Колите се скапи бидејќи се оди на висока технологија во нив, може да има поефтини како на пример 100кв батерија во кола со опрама како Голф 4ка, но сите коли што излегуваат се со најнова технологија што ја дига цената многу. Добар баланс се хибридните автомобили кои имаат плус и бензиски мотор, така да за движење низ град можеш да одиш на батерија а на подолга релација со бензин. Добар аргумент е ова со живеење во зграда, да идеално е живеење во куќа каде можеш да си вградиш брз полнач, така и ги рекламираат автомобилите во САД. И да струјата е дефинитивно многу скапа и во недостаток, но се очекува пад кога ќе проработат нуклеарните централи на ториум кои се поефикасни и не се опасни за околината.
Дека батериите ќе бидат поефтини, не се надевај. Колку што ги поефтинуваат колите во последните 50 години, толку и батериите ќе ги поефтинат.Околу 10 години е рокот на батеријата, но за 10 год батериите ќе бидат џабе, односно ќе се изработуваат од евтини материјали, неколку тимови работат на ова и ги решаваат сите недостатоци, под ова секако мислам на големи компании со неограничен буџет за РиД, како и големи држави како Кина и Индија, заедно со некои од најголемите универзитети. Големи ресурси се вложени во ова, еве едно истражување од универзитетот Мичиген и професорот Никола Котов,
Кој работи на истражување за литиум сулфур батерии. Така да немаш потреба да бидеш загрижен за после 10 години.
Сите почнаа да прават електрични автомобили,кинеската XPENG P5 и после P7 наесен ке ja видиме премиерски,се зборвит за цени од 25 илјади евра па до ...и батерии од 66 кв ....Инаку Кинезите растур прават со Електрични автомобили, доста имаат погони кои се наменети за висока кастомизација на автомобилот, од големина на батерија, до брзина на полнење, до големина на мотор, технологија и слично.
Кинезите се закон, сите автомобили им се евтини, не само електричните, сите производители се движат од 60 до 100 илјади јуани(околу 13000 евра), буквално секој произведувач се движи во тие рамки. Не знам како можат да си го дозволат тоа, пример СУВ за 15 000евра И овие што се странските марки се продаваат под друго име пример VW-SAIC,FAW Honda-GAC,Dongfeng итн. Сигурно имаат некоја подршка од државата, некоја комунистичка помош со субвенции.Сите почнаа да прават електрични автомобили,кинеската XPENG P5 и после P7 наесен ке ja видиме премиерски,се зборвит за цени од 25 илјади евра па до ...и батерии од 66 кв ....
Гледам дека доста си зинтересиран и ево малку повеке инфо
Германската https://ionity.eu поставија на 350 места низ европа брзи полначи од Осло до.....До пред некоја година имаа екстра понуда за мерцедес ,порше ауди и две други до даске полнење само за 10 евра,багатела/џабе,па после ги кренаа цените,малку критики,а денес мислам дозволија сите да полнат по цена од ... на кв.
Овде имаш кој држави и на кој места имаат полначи https://www.uppladdning.nu/List.aspx#DE од австралија до....Зш немат од МКД незнам, во охрид имат на пристаниште.
Норвежаните,Швеганите и Данците најмногу купувааат,ништо чудно 100 г се понапред пред другите.
Renault City K-ZE оваа е најефтината (цена во Кина )до 9000 евра и 27 кв....назима ке поминиш 120 км,за градска е супер,ама за подалеку Малку морген.За МАК услови и мала држава доволно е 62 кв под услов да имат кај сите бензиски брзи полначи од 50 кв.Кинезите се закон, сите автомобили им се евтини, не само електричните, сите производители се движат од 60 до 100 илјади јуани(околу 13000 евра), буквално секој произведувач се движи во тие рамки. Не знам како можат да си го дозволат тоа, пример СУВ за 15 000евра И овие што се странските марки се продаваат под друго име пример VW-SAIC,FAW Honda-GAC,Dongfeng итн. Сигурно имаат некоја подршка од државата, некоја комунистичка помош со субвенции.
Делам мислење,Само јавен превоз е исплатлив. Електричните возила заземаат исто место на пат, на паркинг дома и на работа, предизвикуваат исти сообраќајни гужви. Дури и да има некаква заштеда со користење на струјата, таа се губи во големата слика. Така што џабе се надевате на решение - мора некој да засука ракави и да го среди јавниот сообраќај. Аха, може и велосипед. Како во Амстердам.
Јавен превоз до максимум, (електричен) точак, делење превоз, пеки. Проблемот е што колку што се шират коловозите така колите ги заземаат. Никој никаде не рекол - ја проширија таа и таа улица, сега не одам по неа. Баш напротив. Плус кај нас ова дивеењето со паркирање насекаде? Што менува дали е електричен или хибрид автомобилот кога исти се проблемите...Делам мислење,
ова глобално лудило со елетрификацијата ќе им се акни од глава и на високо развиените земји што можат да се расфрлаат со пари.
Јас за себе би избрал plagin hybrid батерии за низ град петрол за до даље. Единствено логично решение во цела оваа технолошка џунгла на која што наликува авто-мото индустријата во последно.
Да за подетално решавање и дологорчно на проблеми, се согласувам.Јавен превоз до максимум, (електричен) точак, делење превоз, пеки. Проблемот е што колку што се шират коловозите така колите ги заземаат. Никој никаде не рекол - ја проширија таа и таа улица, сега не одам по неа. Баш напротив. Плус кај нас ова дивеењето со паркирање насекаде? Што менува дали е електричен или хибрид автомобилот кога исти се проблемите...