Демографија

  • Креатор на темата Креатор на темата Gags
  • Време на започнување Време на започнување
Интересни времиња не чекаат на демографски план. Видете ги кај биле Египет, Иран, Нигерија и Бангладеш пред 40 години а кај се денес.

Еве како изгледа популациската пирамида на Германија.

7C0AC567-3D94-46D3-9201-81997320150B.png

А еве како изгледа популациската пирамида на Египет.

401877DE-A49F-418B-B94E-80AD1C5B669E.png

Ко што реков, интересни времиња идат.
 
На тема демо(н)графија ...каде се резултатите од пописот за етнички заедници?
10000 илјади вулгари на трифунов или на борисов или на кој и да е ебан дебел и дембел мајмун од на исток?
Или тие 25,2 % на Аљи "че го Пуцам со Каљашњиков Бе Хеј " Ахмљети?
У март рекоа ќе излезат резултатите.
 
Темава ја отварам со цел следење и коментирање на демографските трендови во Македонија, Балканот и светот. Како за почеток ќе се обратам кон САД а потоа на некои поединечни земји и региони.

Во 2021 година популацијата на САД се зголемила за 0.1%, тоа е најнизок процент од основањето на државата (1776) до денес.

Прегледај го приврзокот 318469

Прегледај го приврзокот 318470

Сега има повеќе луѓе кои ја напуштаат Калифорнија отколку што доаѓаат преку меѓународна миграција, Калифорнија се потпира на луѓето што мигрираат таму поради ниската стапка на калифорнискиот наталитет.

Прегледај го приврзокот 318471

Бавната стапка на раст се припишуваа на намалената миграција, намалената плодност (ТФР) и зголемената смртност делумно поради пандемијата. Всушност ковид доведе да животниот век во САД падне за речиси 2 години, па така денес НР Кина има подолг животен век од САД.

Прегледај го приврзокот 318472

Слика со ТФР, број на раѓања и умирања во 2020 и 2021 според објавени месечни извештаи.

FH9Ylm5XoAMdE6X


Македонија продолжува да оди во се поголем минус но мислам дека ТФР е правен според проекција од 2 мил жители така да нашиот ТФР би требало да е поголем.

Балканот е најкатастофален но Молдавија посебно се издвојува оваа година.

Западна Европа е зелена но благодарение воглавно на мигрантите од Африка и Блиски Исток, пример од 2020 Данска и Белгија -


Италија имаше 404.892 раѓања во 2020 година или -3,6% во споредба со 2019 година. TFR беше 1,24 во 2020 (1,27 во 2019). По државјанство, Италијанците имаат TFR од 1,17 (1,18), а странците 1,89 (1,99). Кога ќе се види дека Италија ја има втората најстара популација во свет*, економската стагнација од 2008 наваму и големата невработеност, лошо и се пишува на Италија во иднина.



*Најстари популации те луѓе над 60 години како дел од целокупното население -

#1 Јапонија (29%) #2 Италија (24%) #3 Португалија (23,5%) #4 Финска (23,3%) #5 Грција (23%).

Други земји како САД и РФ иако имаат негативен црпат голем број на мигранти со кои ја зголемуваат популацијата или пак ја ублажуваат демографската криза. Коинцидентно овие две држави водат во екцес жртви поради корона (РФ е #1 а САД #2).


Франција има солиден наталитет (за разлика од другите европски држави но затоа пак руралните делови на Франција се запоставени) но се очекува морталитетот да го надмине наталитетот за една деценија.



Стапката на фертилитет во Индија падна под нивото на замена (2,1 дете по жена). Сепак, сè уште има значителни разлики помеѓу државите. Најниска стапка на наталитет има во Сиким со 1,1, што е еквивалентно на Сингапур, додека највисока е во Бихар со 3,0, што е еквивалентно на Израел.

FFH04mtXEAQGG_k


За разлика од нив, државите на Далечниот Исток немаат "резерва на луѓе" и немаат начин да ја избегнат или ублажат спиралата. Па така Кина има ТФР од 1.50 (официјално, неофицијално 1.10), Хонг Конг 0.77, Јапонија 1.30, Јужна Кореја 0.82, Тајван 0.95...

За Јужна Америка воглавно нема се уште резултати но тоа што го има не е сјајно, Чиле 1.23, Мексико 1.70. Куба -





FINg2FNXoAQmXOh


Главните етникуми со највисоки стапки на фертилитет во светот, 2020 година (и каде живеат):

Луба (ДР Конго) 6.6
Хауса (Нигерија, Нигер) 6,5
Сомалијци (Сомалија, Етиопија, Кенија) 6.2
Монго (ДР Конго) 6.0
Овимбунду (Ангола) 6.0

Главните етникуми со најниски стапки на фертилитет во светот, 2020 година:

Грци 1.30
Португалци 1.30
Хан кинези 1,25
Тајланѓани 1,25
Корејци 1,20
Италијанци 1,15
Шпанци 1,15
Демографија е најзначаен фактор за економски раст на долг рок и е многу битна. Јас сум посебно булиш на Нигерија таму е одлично место за долгорочни инвестиции исто и Ангола. Тие ќе бидат идната Кина и Кореа.
Нема за МК тука демографијата е катастрофа. Знаеме колку е низок наталитетот кај Македонците. Имам тон другари и другарки во рани 40ти без деца а ни дечковци/девојки. Одлична тема за разлика од просеравања за некој “политичар“ од трет ешалон што се сликал на ФБ имаш 2 лајка од мене.
 
Македонците како што немаат државотворен капацитет, така немаат ни демографски капацитет за одржување на таа држава. Државата побргу нека ја предадат во српски или бугарски раце, затоа што во македонското разнебитено ткиво има слоеви кои веќе почнаа да ја предаваат во албански.
 
Македонците како што немаат државотворен капацитет, така немаат ни демографски капацитет за одржување на таа држава. Државата побргу нека ја предадат во српски или бугарски раце, затоа што во македонското разнебитено ткиво има слоеви кои веќе почнаа да ја предаваат во албански.
Ако више ја даваме, боље на
-узбекистанци
-аргентинци
-казахстанци
-моголци
-самоанци
-литванци
Него на некои балкански мајмуни
 

по вакви муабети може човек да ве познае вас бугарофиливе и србоманиве, плачете за туѓа чизма. А на друга тема држите лекции по патриотизам.
 
по вакви муабети може човек да ве познае вас бугарофиливе и србоманиве, плачете за туѓа чизма. А на друга тема држите лекции по патриотизам.
Ронче ги прочита двата коментари? Оној на ретардираниот и на @Darling? Дај изјасни се, на кого одговараш? На @Darling? Тогаш и ти си за лечење, да ми извиниш!
 
Ронче ги прочита двата коментари? Оној на ретардираниот и на @Darling? Дај изјасни се, на кого одговараш? На @Darling? Тогаш и ти си за лечење, да ми извиниш!

стев беше ироничен, ти изгледа не си го сфатил неговиот коментар.
 
по вакви муабети може човек да ве познае вас бугарофиливе и србоманиве, плачете за туѓа чизма. А на друга тема држите лекции по патриотизам.
Nus pojavive od vakcinata se strasna rabota znaci.
 
Сварно комично дарлиг...
Ја очекувам дека за едно....7-8 години да се појави генерација од политичари толку гнасна, да има секој метар да раздава на кретените на околу. Запад на шипци, север на геноцидалните од сребреница, исток на вулгарните фашисти in denial, и југот на „македонија е јунанистанска“ ///
Така да или тоа или scorched earth..
Зошто да се даде микрограм задоволство на сите нив?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom