Се согласувам дека е неорганизирано и треба да се преорганизира ама мислам грешка е ако само гледаме на големите корпорации и пар новопечени земјоделски тајкуни. Во Украина се случи таква преорганизација и сега имаш села каде што нема ниту еден млад, еден голем фармер обработува 10-20.000 хектари останатите се иселуваат и човек нема за лек и демографски тонат. Те имам читано имаш познавања од земјоделие и сигурно знаеш дека доколку е уреден пазарот колку-толку просечно семејство може да живее солидно со 5-10 хектари површина под овошен насад (градинарство и др интезивни работи уште помалку) на пример во Македонија има околу 500.000 хектари земјоделско земјиште тоа значи скоро 100.000 фамилии може да живеат од ова
Нормално на почеток цел треба да биде да се задоволат домашните потреби, значи државата да пресмета колку се тие и да се определат квоти по култури да не се оди на само на ура па после пласман тешко. Друго реонизација на земјоделството, денеска имаше чуден феномен ама можеш да живееш во Тетово на Шар Планина и да садиш бадеми што успеваат само во Медитеранска потопла клима и да зимаш субвенции за истите..
Не значи дека ќе бидат корпорации со по 500+ вработени, но треба да се фирми со сериозен капитал, кои ќе мора да ги почитуваат законите (вработени лица, минимални плати, придонеси и тн).
Пример во моментов во Прилепско имаш еден куп „бизнисмени“ кои садат по 30-40 декари тутун, ангажираат работници за берење на истиот, и се е платено кеш на рака, ни придонеси ни ништо. Таквите не се способни да бидат бизнисмени, и не треба да бидат, ем државата им дава субвенции за култура која веќе не е исплатливо да се произведува, ем сонуваат за 100% профит и ги газат работниците.
Истото се случува и во Ресенско со јаболката, во Тиквешијата со лозјата и праските и тн.
Сериозните компании одат со сериозен пристап, однапред изградени бизнис модели и стриктно дефинирани процеси како ќе се врши работењето. Механизација за се што може да избегне вклучување на човечки фактор, агрономи кои ќе направат анализи за секој тип на почва и ќе има посебен тип на третирање со ѓубрива, хербициди, пестициди (тука три 15ка, или пак од поскапите 30 10 6, и ако не расте удри шалитра без разлика што на растението му фали нешто друго).
Со ваков пристап, приносите ќе бидат поголеми, а оперативните трошоци ќе бидат намалени со тоа што човечки фактор ќе биде вклучен само и само ако мора. Државата бенефитот ќе го види од платите/придонесите, и даночењето на производството, а може да помогне со маркетинг на таа култура на светски пазари.
Моменталниот концепт со субвенциите и никаква организација и планирање е неодржлив на долг период. Ниту имаме некаков план дека тие култури ќе се носечки столб на таа гранка, ниту план за идни вработувања во истите. Да не правам муабет што и користиме препарати кои не се дозволени надвор (бев сведок на вратени 2 шлепери со пиперки од Данска поради зголемено присуство на хемикалии кои не се дозволени кај нив).
Светот се менува, никогаш нема да може наш земјоделец да парира квантитативно на компании кои работат како што ти пишав погоре, а ниту квалитативно ако не почне да применува методологија за органско производство. Да, нема да даде принос како сега, ама и таа 1/5тина што ќе ја извадат, ќе ја продаваат со налепница органско по 4-5 пати повисока цена.
На оваа тема може да се распишам со денови, имам ексели со детални анализи за култури кои кај нас се малку застапени (од семка до типови на амбалажа за извоз), а надвор се продаваат по одлични цени, и може да успеат на наша клима. Пред 6-7 години планирав да ги одгледувам, ама сеуште сум далеку од можност за таков тип на инвестиција. Треба цел тим кој ќе трча и брка пазари и документација, а во моментов фокусот ми е на други фронтови.
Во превод, не треба некоја огромна наука, треба човек да има желба да направи истржување на пазарите.