Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
  1. УГУРСУЗ“ - Сашо Тасевски
  2. ПРИНЦЕЗАТА НА МАЛИОТ ПРИНЦ“ - Сашо Тасевски
  3. ФИРОМ КАРАМБОЛ“ - Борче Трајковски
 
Howl's Moving Castle (и продолженијата) од Diana Wynne Jones. Задолжителна книга за сите фанови на Хари Потер :)
 
-Враќање во сказните - Божин Павловски ( роман кој содржи македонски мистерии)
-За љубовта и другите демони - Маркес (тру стори за пронајден скелет на девојче од ??? век со коса над 2 метра, која е неможно да е: а. сочувана во совршена состојба. б. да порасне толку за нејзини години - што доведува до заклучок дека косата растела и после смртта на девојчето. ФЕНОМЕНАЛНА приказна за тоа кое е девојчето!!!)
-Лир - Едвард Бонд (а не Шекспир ;) ) - хорор римејк на Шекспировата најбрутална трагедија.
 
Ернест Хемингвеј - Кратки Раскази (во оригинал)
 
Палатата на соништата - Исмаил Кадаре
Генерал на мртвата војска - Исмаил Кадаре
 
Утре планирам да идам до Три,и низ другиве книжарници,па некој да препорача некоја книгичка интересна,само да не е нљубовна или нешто сај фај такви глупост,по можност некоја авантуричка,или нешто што не ги опфаќа погорните два жанра? :)
 
авантура?

Целестинското проршотво - Џејмс Редфилд, има и продолженија Десттиот Увид и Тајната на Шамбала, само не се во Три, туку во Матица или Култура
 
On Chesil beach - Ian McEwan.

Ако у старт сметате дека ова е уште една љубовна зашеќерена лимунадка, се лажете горко. Ова е она што реалноста го нуди во љубовниот живот. Страв. И тоа не било каков... Наивен страв. Страв од изменување на себе, од губење на сопственото его, од угодување на другата страна со прашањето - „а дали сум јас доволно добар/ра за него/неа“. Од срамот од самиот себе како постоење. Сместено некаде во 60тите во англија, животот на двајца љубовници тукушто е крунисан со брак. Во првата брачна ноќ тие се плашат од најстрашното за нив - губењето на нивната невиност. Трагајќи наназад по корените на нивниот живот се запознаваме со тоа во какви личности може да се изградат со можностите кои оптеството им ги нуди. Иако постојат дијаметрални спротивности, тие сепак се запознаваат меѓу себе. Останува уште да се препознаат.
Неверојатен роман, далеку од она што денес се нуди како ромнтична литература. Обземено со реалноста колку стравот е способен да го смени текот на животот. Поготово оној неоправданиот страв. Од мене една солидна 9ка. Се чита во еден здив.
 
Hiljadu-cudesnih-sunaca-1.png

Обично не читам ваква литература , НО книгата позитивно ме изненади. Доста реално е опишан еден период од историјата на Кабул а и прекрасно се предадени силината на човечката желба за живот, вистинитоста на љубовта на човекот кон своето семејство и блиските и неуништливоста на истата.
 
Неодамна прочитав три книги од Роберт Ладлам (1927-2001):
- The Holcroft Covenant
- The Road to Gandolfo
- The Bancroft Strategy
Ладлам пишува шпиунски, акциони трилери. Мислам дека се работи за сосем солиден автор. Во рамките на жанрот пред се`.
Негови се книгите за Борн (The Borne Identity, The Born Supremacy, The Born Ultimatum) по кои е снимен и серијалот за Борн. И The Osterman Weekend е негово дело. Но како што може да се прочита и во Википедија, а во случајов напишаното се погодува како точно, Ладлам често се повторува во своите книги
Тоа не пречи премногу, ама секако е доста забележливо. Забележливо е и кај други автори, па не гледам зошто би пречело овде. Значи главно станува збор за солидни трилер романи, добри за скратување време, забавни за читање. Кој сака ваков жанр книги не би требало многу да му се мисли.
 
Супер избор. Само The Road to Gandolfo не сум ја прочитал од овде. Собирам негови книги и се слагам со тоа дека често се повторува, ама е еден од оние автори кои те тераат да ги прочиташ книгите од едно читање. Имаше некоја критика од Њујорк Тајмс и беше нешто во смисла "Не почнувајте книга од Ладлам ако следниот ден сте на работа.".
Јас ова лето прочитав три негови книги, Наследството на Скарлати (The Scarlatti Inheritance) која патем му е прва книга. Интересна е, ама не може да се мери со книгите кои ги пишувал подоцна.
Ја прочитав Илузијата на Скорпионот (The Scorpio Illusion) и Предвидувачи на Апокалипсата (The Apocalypse Watch, оваа му е последна книга). Стратегијата Банкрофт е напишана од друг автор според записи кои ги чувал Ладлам и неколку книги (5-6 мислам) се издадени така постхумно со трејдмаркот на Ладлам. Освен Стратегијата Банкрофт која стварно вреди од тие постхумни изданија вреди исто да се прочита и Операцијата Амбер.

Не знам дали ја имаш прочитано, ама мене лично најмногу ми се свиѓа Сложувалката на Парсифал. Во два дела е, во Матица на попуст кога имаат се по сто денари, двете книги се нешто феноменално. Го имаат оној Борн шмек, за разлика од повеќето други книги кои му се чисто политички трилери.

п.с. Серијалот Кавер Еден, посветен на Ладлам, со главниот лик Џон Смит, креиран од повеќе автори не го пронаоѓам како интересен.
 
Не сум ја прочитал Сложувалката на Парсифал ама ќе начекам ваква цена и секако ќе ја купам.
Освен трите што ги набројав, друго не сум читал, сум ги гледал филмовите за Борн (сум видел и постар филм за него, со Ричард Чембрлен, не само новиве).
Не е лош Патот за Гандолфо.
Таман сакав да си ги симнам повеќето книги од Ладлам за бадијала, го блокирале Бане превоз...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom