Што би, или правите со вишок пари?

  • Креатор на темата Креатор на темата micofico
  • Време на започнување Време на започнување
Бидете внимателни на крипто и сток берзите. Цените се многу високи. Најубав период за инвестирање беше пред 6 месеци.

Јас инвестирав во крипто крај на фебруари, и падот пред една недела ми го избиша цел профит од 50% за два дена, дури и во зијан заминав.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
Вложете ги парите во вашиот дом.
Ставете соларен колектор, подобрете ја изолацијата, исто можете да вложите во поекономичен начин на греење/ладење...итн.
Работиве што ги набројав можат доста да придонесат во намалувањето на сметките, што не е така лоша работа.
Сега сепак ваши пари се тоа, јас со 8000 евра вака би постапил...сметам дека тоа е недоволна сума за некој вид на инвестиција
 
Здраво на сите,
Имам 26 години и имам на сметка 500.000 денари кои сам си заработив во странство. Е сеа се мислам што да им правам, сакам да инвестирам но немам искуство и знаење што и како. Секоја помош е добродојдена, ве молам само за озбилни коментари. Фала!
Имаш страшно добри сертифицирани курсеви од Мајкрософт, или програмирање или сајбер секјурити итн, кои коштаат по 4-5к евра...

Можат да ти донесат многу пари во иднина и секој просечен човек може да биде солиден во таа работа...

Има еден проблем само, треба да те интересира тоа или да бидеш страшно упорен додека не те заинтересира тематиката... После е лесно...
 
Добар износ за да почнеш живот надвор од МК. Рецимо, Германија, Австрија. Моеш да ги инвестираш у депозит за стан и платени кирии, да упишеш школо и паралено со една плата да опстојуваш...
У Македонија не би инвестирал надвор од недвижнини. Полека ама сигурно.
 
ej 8000 E, moze da se zeme sosem solidna kola za TAKSI niz gradov i drzavava,ako ne mozes ti da ja vozis moze da ja dades na drug i karot delite mesecno, sto moze drugo resenie da ti donese poveke.
 
Јас би ги вложил во знаење. Курсеви, некоја пракса, учење нешто корисно шо ќе ти носи достојна заработувачка во иднина. Инвестирај во себе.

500к денари се нешто над 8 илјади евра, немаш ич простор за маневар во бизнис светот со таа сума. Освен да отвориш бутик/прехрамбен дуќан и да бидеш топовско месо за разни инспекции.

И шо му кажа сеа?o_O
Најдобриот пост во темава.

И јас би направила вака, вложи си во себе, плати си некој јак курс и гледај да се остручиш. Ако не тука во фирма, ќе си најдеш работа на фриленс пазарот и нема да има зима за тебе.
 
Што убаво вака да го поучувате да учи академии ама заборавате дека покрај упорност треба и талент да имаш.
Имам неколку пријатели кои учат веќе петта академија и се лажат дека еден ден ќе станат инженери. Ако немаш дарба, ни 10 курсеви и академии не те спасуваат, а се повеќе и повеќе луѓе се изманипулирани дека тука лежат парите, си ги трошат годините и на крај остануваат дома оти не му се работи за мала плата колку што и во реалност вредат.
Плус талентот е само почеток, за да стасаш до добра заработувачка треба и голема жртва, останување прекувремено, постојано доучување и напредување вон работно време, затоа што конкуренцијата ќе те изеди преку ноќ.

Ако имаш пари, подобро вложи во бизнис отколку во академии зошто наместо да станеш газда ќе станеш работник. Работник се станува и беспари.
 
Имаш страшно добри сертифицирани курсеви од Мајкрософт, или програмирање или сајбер секјурити итн, кои коштаат по 4-5к евра...

Можат да ти донесат многу пари во иднина и секој просечен човек може да биде солиден во таа работа...

Има еден проблем само, треба да те интересира тоа или да бидеш страшно упорен додека не те заинтересира тематиката... После е лесно...
Најдобриот пост во темава.

И јас би направила вака, вложи си во себе, плати си некој јак курс и гледај да се остручиш. Ако не тука во фирма, ќе си најдеш работа на фриленс пазарот и нема да има зима за тебе.
Прво не знаеме што работи и за што е стручен, не значи дека мора да си програмер или било што друго во ИТ за да заработуваш добро, особено не надвор. Дури и тука со занати се прават пари колку во ИТ, да физички е потешка работата ама ти е помирна главата (пвц/клими/механичарство/фасади/лифтови/електрика/водовод и тн).

Второ од секој дрвце свирче не бидуа. Да не се разбереме погрешно, ама за да станеш стручен во ИТ свет најмалку ти требаат пари. Со сертификат од мајкрософт може да се слика, ќе ги набуба прашањата и ќе падне на интервју кога ќе дојде ред да го тестираат што навистина знае.

Јас го разбрав членот дека прашува каде да ги инвестира за пасивен приход, се друго е посебна приказна.
 
Да, имаш право, може и занает да се земе во предвид, моја грешка. Сепак ако сака и се труди, се се може.

А 8 илјади евра како што му кажа Дел Бој се некако многу малце за нешто грандиозно,, со нешто помало ќе те малтретираат УЈП, мујп, отров.
 
Бидете внимателни на крипто и сток берзите. Цените се многу високи. Најубав период за инвестирање беше пред 6 месеци.

На сток берзите можеби ама ако си long term инвеститор тогаш нема да имаш проблем толку.
 
Прво не знаеме што работи и за што е стручен, не значи дека мора да си програмер или било што друго во ИТ за да заработуваш добро, особено не надвор. Дури и тука со занати се прават пари колку во ИТ, да физички е потешка работата ама ти е помирна главата (пвц/клими/механичарство/фасади/лифтови/електрика/водовод и тн).

Второ од секој дрвце свирче не бидуа. Да не се разбереме погрешно, ама за да станеш стручен во ИТ свет најмалку ти требаат пари. Со сертификат од мајкрософт може да се слика, ќе ги набуба прашањата и ќе падне на интервју кога ќе дојде ред да го тестираат што навистина знае.

Јас го разбрав членот дека прашува каде да ги инвестира за пасивен приход, се друго е посебна приказна.
Ете со 8к можеш да вложиш во алати основни за преработка на дрво и да правиш кујни/маси што е топ бизнис за било каде во свет... Ама тука нема курс за столарија или има? Не знам, како и да е добра идеја е и занат ама треба да се искали...

Ваму ти треба само добар компјутер и желба за учење, ако одиш на курс како во школо, колку да поминеш боље не оди...

А ако му е за пасивен приход, тешко со 8к освен ако ги ризикуваш по берзи и крипто берзи, али тоа секад се оди со пари спремни да ги изгубиш.
 
Може да се вработи во некоја фирма за столарија каде што се користат сите машини, и да ги учи, подоцна да си ги земе и да си продолжи сам понатака. Имам приватна фирма за мебел и дизајн, но периодов не е баш за таа намена. Јас пример гледам во друга цел, Онлајн бутик, кои што реално, загуба може да се деси и постои како и во секој бизнис но е минимална, тоа е роба што неможе да се расипе. Стави си пристојни ниски цени достапни за сите, и добра реклама, и на коњ си качен. Ова е бизнис кој јас сакам да го пробам во моментов, и знам дека е супер за млада особа да почне од некаде со толкав капитал.
 
Ете со 8к можеш да вложиш во алати основни за преработка на дрво и да правиш кујни/маси што е топ бизнис за било каде во свет... Ама тука нема курс за столарија или има? Не знам, како и да е добра идеја е и занат ама треба да се искали...

Ваму ти треба само добар компјутер и желба за учење, ако одиш на курс како во школо, колку да поминеш боље не оди...

А ако му е за пасивен приход, тешко со 8к освен ако ги ризикуваш по берзи и крипто берзи, али тоа секад се оди со пари спремни да ги изгубиш.
Абе друже, тоа работам и ти кажувам дека за да стигне да прави пари од програмерство ќе му требаат речиси 2 години (под услов да седне здраво со учење), на страна тоа што и кога ќе дојде ред да почне со работа ќе си има главоболки со конкуренција (веќе тешко се наоѓа и за пракса, академиите штанцаат диплoми на дневна основа, ги заминаа и правниците и економистите) и во првата година нема да стигне ни до 300 евра плата (пиши 3 години до првата плата од барем 400 евра).
За платите што ги слушате низ народ од неколку илјади евра: треба да ја погодиш фирмата, ти требаат барем 3 години работно искуство, треба да си спремен да дремиш пред компјутер и по 15 часови на ден, треба да си спремен да учиш нон стоп исто како на почетокот.
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom