Димче Ацков со своето Еко село

  • Креатор на темата Креатор на темата Govinda
  • Време на започнување Време на започнување
На многу луѓе од моето опкружување отсекогаш им се допаѓала идејата за сплотеност со природата и бегство од се ова денес, но сум забележал дека истите тие луѓе никогаш всушност не размислиле подлабоко и го кажуваат тоа во афект, најчесто кога се изнервирани од нешто или некој. Еднаш ги побарав да исцепиме дрва кај баба ми, да ја исчистиме гаражата и да пресадиме леа јагоди. Сите ми откажаа, дел ги мрзеше, дел имаа работа (пиење кафе, шо е сосема океј работа). Да практикуваш аскетизам ми е сосема апсурдно па и поразително на еден начин.
 
Значи после толку векови градење цивилизација стремежот бил да се сплотиме со природата? Не знам зошто воопшто се мачевме, требаше да си останеме на гранките, или уште порано, во морињата.

Мене градовите не ми се логори, напротив го чувствувам како дом, некои повеќе, некои помалку. Не би ги менувал за штала направена од кал во некоја недојдија.

Јасно е дека има друг начин, ама што е поентата на овој начин? Која инспирација ја остава? Дека можеме да ја напуштиме цивилзацијата и да живееме во кал? Што е поентата да копаш бунар за вода кога можеш да заработиш 10-15 евра месечно и да си платиш за вода во неограничени количини?
Ако воопшто и ти се чита, манифестот на Унабомберот, Тед Казински :D

Верувам дека си запознаен со случајов, Харвард генијалец со IQ170 што стана примитивец и испраќаше бомби на луѓе кои влијаеа на технолошкиот напредок. Веруваше дека сите луѓе се робови на системот.

Не дека се согласувам, и јас сум за наука и технологија во секое време иако се пентарам на планини секој викенд, само да ти одговорам дека има доста луѓе кои сакаат да се „примитивци“ намерно.
 
Остај те го Тед надвор од муабетов! Човекот бил жртва на општеството, жртва на нехумани психолошки експерименти...
 
Остај те го Тед надвор од муабетов! Човекот бил жртва на општеството, жртва на нехумани психолошки експерименти...
И кога му се вршеле експериментите си чувал до своето = истото, склоност кон примитивизам. Сакав да кажам дека не е само човеков со еко селото, има куп други, тоа е се.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom