Не знам како Белгија ја ставате во репрезентации со најдобар состав, Франција, Португалија и Англија имаат далеку подобар состав.
Немаат лев бек, играчи на кој времето им измина (Вертонген, Мертенс), мртов Азар, немаат клупа. Еден играч да им се повреди ќе немаат достојна замена за го сменат.
Немањето лев бек не е некој сериозен проблем со оглед на тоа што Мартинез игра некоја специфична 3-4-3/4-3-3 формација, таму лево горе му игра некој од Караско, Торган или Чадли а левиот штопер се поместува ко бек, Вертонген.
Мертенс е далеку од играч чие време изминало. Везе у Наполи, нема мука.
Кај Белгија јас поише глеам недостиг у менталитетот, некако ко да се чокери, и на последните 2 големи натпреварувања ги ставаа во некои фаворити па не оправдаа.
Италија доста се потценува, ко и секогаш, имаат добра генерација е сеа прашањето е Манчини како ќе се постави, квалификациите ги гази ама друго е на турнирот како ќе пристапи. Имаат разноврсни играчи кои може да се комбинираат у различни формации.
На лев бек се тенки, Емерсон не игра у Челзи, Бираги не е репрезентативен материјал, Ди Марко е млад и сеуште нема настап за А тимот ако не се лажам, Спинацола не е бек за у дефанзивна 4ка.
На десен бек освен Флоренци, друг нема, штета Калабрија се повреди, имаше добра сезона до сега, што е за изненадување рака на срце ама ај може ќе се опраи до јуни месец. Нека изврие Дамброзио таму, нека освои Европско, што кур.
На штопери се океј, Бастони треба да игра по секоја логика пошто е најјак италијанец моментално што се однесува на одбраната, партнер негов ваљда Бонучи како искусен. А и од друга страна се наметнува прашање па како ќе се покаже Бастони у одбрана со 4.
У средина се топ.
Нападот исто, у форма се напаѓачите, Киеза, Инсиње, Чиро, Белоти, Берарди.
Англија има најкомплетен состав у цела историја, сега им е време за исчекор, буквално на слатки маки ќе биде Саутгејт со кој состав да искочи.