Астра Зенека вакцина, Oxford Astra Zeneca vaccine

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Арно велат психијатрите, цел народ е веќе шашардисан.
Чекаш вакцина за спас или за смрт?
Ни ебаа мајката:facepalm:

ајде тетке немој ти да не дотепуваш сеа
 
Сведоци сме на исти реакции и од другите производители и во уса има 20тина вакви случаи а астразенека воопшто не е во употреба таму.Значи по некоја логика covid антителата го започнуваат тој процес на тромбоза.Дали кај истите лица кога не би се вакцинирале а се заразат со ковид би се јавила тромбоза ?Колку тромбозата е виновна за починати од ковид вирусот?Дали ради оваа дијагноза сите правеа ддимери?И сретнав по медиумиве дека состојбата ако се фати на време се лечи со обична антикоагулирачка терапија. Зошто тогаш не дадат насоки при кој симптоми вакцинираните да се јават на лекар и кој мерки да се превземат?нели е полесно на тие што се засегнати од тромбозава да им се даде терапија и да се продолжи со вакцинацика отколку ова што го укочија цел процес на вакцинирање.и како тоа повозрасните не се ризични?од каде знаат дека не се ризични кога до пред 5 дена имаше упаство тие над 65 да не се вакцинираат и не ни беа вклучени во испитувањето.Зашто во Србија на 1.2м вакцинирани немаше ниеден случај?или земји од 3тиот свет нит пријавуваат нит испитуваат. каков хаос и какви нелогичности
 
Море, како го кажа ова со залет и самоуверено, ко вистина да е.

Вистина е. Докажано. Имавме овде често пати такви дискусии затоа ете така на кратко.
 
Министерот соопшти дека девојката вчера е хоспитализирана со тромботичен ефект којшто се поврзува со примена една доза на вакцината на AstraZeneca. Претходно таа немала заболувања. Проблемите кај девојката се појавиле по шест до седум дена од нејзиното вакцинирање.
 
Колку души се вакцинираа во Србија дали постои информација? Некако многу брзо се појави првиот проблем од АЗ вакцинава.
 
Имале 25000 вакцини, претпоставувам многу малце нивни се вакцинирале со АЗ. Кај нас беа претежно млади луѓе, ретко кој стар би се мкнел до таму. И нормално некогаш среќата игра улога, несреќа во овој случај. Греота за девојчето, се надевам ќе го излечат.
Автоматски споено мислење:

Сведоци сме на исти реакции и од другите производители и во уса има 20тина вакви случаи а астразенека воопшто не е во употреба таму.Значи по некоја логика covid антителата го започнуваат тој процес на тромбоза.Дали кај истите лица кога не би се вакцинирале а се заразат со ковид би се јавила тромбоза ?Колку тромбозата е виновна за починати од ковид вирусот?Дали ради оваа дијагноза сите правеа ддимери?И сретнав по медиумиве дека состојбата ако се фати на време се лечи со обична антикоагулирачка терапија. Зошто тогаш не дадат насоки при кој симптоми вакцинираните да се јават на лекар и кој мерки да се превземат?нели е полесно на тие што се засегнати од тромбозава да им се даде терапија и да се продолжи со вакцинацика отколку ова што го укочија цел процес на вакцинирање.и како тоа повозрасните не се ризични?од каде знаат дека не се ризични кога до пред 5 дена имаше упаство тие над 65 да не се вакцинираат и не ни беа вклучени во испитувањето.Зашто во Србија на 1.2м вакцинирани немаше ниеден случај?или земји од 3тиот свет нит пријавуваат нит испитуваат. каков хаос и какви нелогичности
Многу прашања си поставил. Србија не вакцинираше 1.2 милиони со АЗ. Ова не е класична тромбоза, не се лечи со антикоагулант и џабе мерат димери. Упатство треба да се даде и низ европа давале. Тие 20 во Уса се во рамки на нормала при 120 милиони луѓе, толку се моментално вакцинирани луѓе. Тука е многу поголем процентот. На почеток немаше информации за постари, сега имаш - Британија, милиони.
 
ајде тетке немој ти да не дотепуваш сеа

Ајии, на тетка тој убавиот :love: камо јас да ве тепав само...Абе ваков хаос у светски размери немало ниту во една војна..оваа па СЗО го врти народов ко да сме марамче на ороводец на свадба.
Ајде имај муда па оди да се вакцинираш или имај муда па остани невакциниран.
Повторно лабораториите ќе се полнат со пари, повторно тестирај се за да патуваш во странство....се е ова еден голем КУРТАШАК :vozbud:

Инаку, Рон душо, дали ти твоите ги однесе на вакцинирање?
упм...мајками кога ке оди да се вакцинира, ќе се осеќам ко на стрелање да сум ја пратила:(
 
Колку души се вакцинираа во Србија дали постои информација? Некако многу брзо се појави првиот проблем од АЗ вакцинава.
толку било потребно за реакција на вакцината .2-4 денови па после почнувале симптоми силни.ако не се појавеле до 14 денови не си во опасна зона.
Читајте за фајзер и модерна на американски сајт коментари.
1.jpg1.jpg2.jpg3.jpg
 
Attachments

  • 4.jpg
    4.jpg
    109,4 KB · Прегледи: 26
Твое си е на што ќе веруваш, фејсбук или извештаи од регулаторните тела. Имаш доволно информации, твое е како ќе ги процесираш. Ја би се држел до тоа што го викаат официјалните лица во моментот.
 
А што ако официјалните лица утре речат дека вакцината на АЗ е безбедна за сите категории на граѓани? Ќе застанеш во редицата или и тебе ќе мора двојно да те цитирам, како што и правев на Чолисмо? :sneaky:
 
Неверојатно е колку се битни тие неколкумина што имаа компликации од АЗ наспроти оние по 40 на ден што умираат од Ковид 19
 
А што ако официјалните лица утре речат дека вакцината на АЗ е безбедна за сите категории на граѓани? Ќе застанеш во редицата или и тебе ќе мора двојно да те цитирам, како што и правев на Чолисмо? :sneaky:
Кој нашиве :D? Не,тие за жал се неколку дена покасно ко што видовме. Ама ако во странство откријат дека нема ризик, ye why not.
 
Твое си е на што ќе веруваш, фејсбук или извештаи од регулаторните тела. Имаш доволно информации, твое е како ќе ги процесираш. Ја би се држел до тоа што го викаат официјалните лица во моментот.
па официјалните лица у цел свет на mute се.завчера ја повлекоа, вчера ја пуштија за постари од 60 ,денеска за сите по консултација со лекар.Ете и другиве вакцини јавувале реакции ама за нив само од паталци кје чуеш, оти за нив нема галама.којзнае што ни прават...ама битно сите доктори се вакцинираа..
Автоматски споено мислење:

А што ако официјалните лица утре речат дека вакцината на АЗ е безбедна за сите категории на граѓани?
ако деновиве излезе дека се вакцинирале повеќе од 100 души имаш кафана :D
 
па официјалните лица у цел свет на mute се.завчера ја повлекоа, вчера ја пуштија за постари од 60 ,денеска за сите по консултација со лекар.Ете и другиве вакцини јавувале реакции ама за нив само од паталци кје чуеш, оти за нив нема галама.којзнае што ни прават...ама битно сите доктори се вакцинираа..
Автоматски споено мислење:

ако деновиве излезе дека се вакцинирале повеќе од 100 души имаш кафана :D
Можеби, за другите нема ништо, затоа што се океј? Си слушнал некој да умре од претходните 20 вакцини што си ги примил?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom