Само за оние кои се вљубеници во Томос мотори!

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.249
Поени од реакции
12.471
Томос

Легендарен и единствен.

10554991.jpg


10554476.jpg


Има доста кои ги возат и се презадоволни. Јас сум во мала недоумица, никогаш не сум имал мотор, сум возел доста пати и пред некое време открив дека имам огромна страст за големи мотори, ама тие се тешки за возење. Е сега мора од некаде да се почне, па верувам ова е добар старт, барем едно лето на него па за понатака ќе видиме. Што мислите вие? Ајде поискусни, дајте ми некои совети.

Друго, ако се одлучам да земам еден на старо за летово, што ми препорачувате? Како одат цените и слично. Мене ми е доволно само да вози ништо друго.
 
Јас имам Томос колибри, шо знам добри се ама повеќе од 65-70 некрева, башка слаба амортизација имаат, бучни се. Би ти препорачал ако имаш пари да си земиш Aprilia SR50 милина за во лето.
 
Абе не ми треба сега брз/спортски ова она дрн дрн од тие скутери безврска. Скутер/веспа и останати ич ич не ми имаат врска, женски се, безвезе, премногу скапи башка не доволно силни. Томос е друго, томос ти е точак со моторче, плус 10 пати поефтин. Битно ми е сега да се навикнам добро и да научам, за покасно здравје да би купил добар и голем мотор. А овие нашминкани гомца од Италија демек сите таму ги возат, не се качувам на таа пластика ни пијан.
 
Незнам што да ти речам, купи томос ќе видиш...едино од програмата на томос ми се свиѓаат ATX нешто слично како крос мотори, другиве сите се правени на иста основа(од 1980 до денес) само маските им ги менуваат. Ама веќе ако го бараш колку да се научиш убо да возиш тогаш е ок, настаро може да ги најдеш од 200-400 евра.
 
Aко не бараш мопед со врвни перформанси Томос автоматик ти е доволно добро решение. Дури и APN-6 е ок. Но ако сакаш да свикнеш на начин на возенње на поголем мотор тоа со овие модели нема да успееш да го сториш. Мој совет ти е да набавиш стара Томос 15-ка која е ужасно грд мотор но се однесува баш како голем зашто ги има скоро сите елементи запазено. Резецвоарот е во продолжение од седиштето па можеш да ги користиш колената за буткање на страна кога сакаш да бидеш понавален во кривина, има 5-степен менувач и куплунг на кој мораш да се навикнеш ако сакаш нешто поголемо да возиш, а работна запремнина е само 50 ццм(49)! Има и други модели кои може на старо да се најдат како БТ-50, CTX, 50 Junior, 90 Electronic....-Секој од нив ти е доволно добар за почеток и сосема адекватен за она што опиша дека ти треба. Моделот што си го постирал дефинитивно нема да ти заврши работа околу учењето и привикнувањето за поголем мотор зашто разликата е огромна, она е само велосипед со помошен мотор и ништо повеќе!
 
:je:E luge ova e moeto prdavce ali do sega ne me otavilo...pa bi sakal da go izlozam, merak mi e da se vidi...:nerv:





а после тоа заличе малце :nesvest:



Pony Express '79 ne vozen :D (od tatko mi)
Фала на вниманието

 
Хехе прва лига. Јас еден што видов пред недела дена Томос АПН 45 од 50ти или 60 години, не сум сигурен.
 
не ми е јасно педалите како функционираат?
 
Гижо напиша:
не ми е јасно педалите како функционираат?
Со педали го залетуваш, стискаш едно рачкиче под рачката за задна кочница што изигрува куплунг за да заврти моторот под залет и го палиш. Инаку го имав ова како клинец на 14 год. и главен фраер бев у маало.
 
Темава се отвора за размена на информации за Томос моторите. Што мислите дали има разлика помеѓу Томос што се произведуваше во (бивша) Југославија и сега? Ме интересира и колку километри имате поминато и која е најдалечната релација што ја имате направено со овај мотор?
 
Хехе темава, него имам колибри
 
Автоматик!!!!
 
Ок.Јас мислев дека преку темава ќе се развие дискусија меѓу членовите кои имаат Томос, за предностите, разликите помеѓи Томос од екс Ју и сеа, но очигледно погрешно проценив.
Затоа одговорните нека ја пратат темава у канта
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom