Staufer
Драган Богдановски
- Член од
- 17 јануари 2008
- Мислења
- 16.731
- Поени од реакции
- 22.612
Јас пак читам и не сфаќам..... Вакциниве не се за да те спречат од зараза, вакциниве се за ако се заразиш да немаш тешки симптоми, не? Исто како другиве вакцини за сипаници, заушки и слично. Не знам зошто се гледа колку заболени има. Ко се вакцинираат сите, ќе си тераме нормално, луѓе ќе си се заболуваат ама ќе си го поминуваат вирусов како секој друг вирус/грип.
Автоматски споено мислење:
П. С. Мајка ми и татко ми се вакцинираа со Синофарм завчера, сосема ок се, немаат никакви нуспојави.
Сето се врти околу тоа да се регистрираат инфицирани, ете со многу нежен ПЦР тест кои открива и минимални количини корона во телото. Дали сите тие се заболени? Ваљда не. Дали се опасни за пренос, ваљда да. Е сега каде е границата некој да е заболен или не? Мора да е вболница, или ако шмрка, или само со позитивен тест? Вакцините имаат една голема цел: Да штитат од смрт првично и од тешки заболување. Спореден ефект е што тие луѓе многу потешко пренесуваат. Секако дека може пак да го закачат вирусот ама телото е спремно одма да се справи. На крај со вакцините ем ќе имаме помалку ширење на вирусот ем помалку болни и мртви. Далеку помалку. Со тоа вирусот губи опасност иако ќе биде присутен и ќе прави штети.