Негативно:
Живеат во бајки, со лажна историја, не можност да се прифати кој и зошто им ја дал државата (пр. се плука по комунизмот и Тито, а без него и комунистите немаше ни М од Македонија да има), не можност да се согледа историската вистина за ова мочано парче земја, која е вистина за цел свет, освен за нас самите. Ова носи тешки фрустрации како свесно така и потсвесно
Многу назадни луѓе кој секогаш се вртат кон тоа како било некогаш, место да ги видат грешките од сегашноста и спрема тоа да ја планираат иднината.
Користољубивост, себичност, ситни души, малограѓанштина...
Никаква економска свест, знаење и писменост (студенти имаат проблем да потполнат уплатница како треба)
Незнаење, глупост, простаклук, кратковидост, ксенофобија (ни оддалеку не сме толку дружељубиви, колку што некои пишуваа погоре, особено со странци), никаква одговорност спрема другиот и спрема општеството како целина.
И најголемиот проблем од сите, не сакање да се научи нешто ново, да се учи нешто корисно за иднината (матуранти не знаат ни проста реченица за состават на Англиски)
Позитивно:
Богата кујна и специјалитети (ама ова е пред се резултат на поднебјето и историјата)