Според тоа што го кажа главниот за попишувањето кај Ефтов по 1 локалец ќе одел да попишува. ВМРО бараа да има 2 попишувачи(Македонец и Албанец), ама не го прифатија тоа комуњарите.
Е сега единствена дилема е тоа вкрстувањето на податоци како би одело. Пример некој ќе каже тука живеат 6 души и ќе даде лични карти. Потоа, тоа(бар законски треба да) се проверува во системот, т.е. дали овие луѓе се пријавиле во државни институции: АВРМ, ПИОМ, Здравство, дали поминале граница исл.
Е сега тука има уште една заебанција. Има еден куп народ кој доаѓа 1 или 2 пати годишно на одмор во РМ. Законски мислам дека тие можат да се попишат, па макар и 1 ден биле тука во последната година време, а тука добиваат многу повеќе Албанците со оглед на тоа дека зафаќаат многу поголем процент во оваа категорија. Ако грешам за последново некој, нека ме поправи.