СДСМ беше на власт, тераше кампања за бојкот со " Некој прашања не заслужуваат одговор " заедно со Албанците. Имаше е масовно заплашување и заканување на вработените во државните институции. Се сеќавам дека мајка ми мораше да биде на работно место пред да се отворат гласачките места и не смееше да ја напушти канцеларијата додека не се затворат вечерта под закана за отказ. Да потсетам ова беа и времињата кога немаше никаква работа и беше нормално платите да каснат и по 6 месеци/година.
СДСМ се исто така истите кои на времето го имаат и бојкотирано заедно со Албанците референдумот за независност. Она гомноно Стојан Андов кое вчера го одликуваа е истото кое одбивало да ја потпише независноста и во собрание сеуште интонирале југословенска химна.
Проблемот не е во системот, системот си е систем. Стави ги истите во јапонската администрација за година две се ќе почне да се распаѓа. Проблемот е во кадарот и што имаме 70 години негативна селекција на истиот. Единствениот лек за ова е Грузискиот модел. Целосно отпуштање на целата администрација и потоа нејзино ревработување преку нови конкурси. Или пак од раните денови на Советскиот сојуз, секој вработен во државна администрација добива тетратка за водење на дневник што работи за еден месец ( со точно колку саати/минути на што потрошил во денот). И уште една тетратка за да пише недостатоци и идеи. И после еден месец почнува евалуација на сите вработени еден по еден. Од првата тетратка би зависело твоето вработување, а од втората ќе зависи твојата позиција.
Пасивен отпор, несоработка и игнорирање/бојкотирање на целиот систем е единствениот начин за истиот да биде доволно ослабен за да може да се појават пукнатини низ кои ќе успее нешто ново да помине. Види само колку време требаше СДС и ДПНЕ да ослабнат доволно за да почнат колку толку нови и независни организации да се појавуваат.
Не можеш активно да идеш против системот а да нема никакви политички или какви било други организации позади тебе. Тоа е само самоубиство во буквална смисла. За најмала глупост ќе ти пукнат 5-8-10 години, и после ќе си тераат пропаганда врз тебе како сис терориста или радикал. Мислам ако сакаш да бидеш маченик ок, али не ја гледам поентата јас лично. Ситемот мора да биде првин делигитимиран пред да почне да се руши.