Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Струмица секогаш знаела да ме изненади со имиња. Посебно кандидати на ДПМНЕ. После Ванковер Манчев, кој беше пратеник, сега кандидат за градоначалник е Жан Дрвошанов.

Колку луѓе кои се пробиваат на естрада менуваат имиња и презимиња за да бидат препознатливи, а некој си имал среќа од старт.

Доколку би бил пеач на шлагери, ова би било мој избор за име и презиме.
 
Не кажаа Битолчани никаков коментар за епидемиологот кој го кандидираат ДПМНЕ
 
Беше на Уставно право демонстратор ама колку што знам таа катедра им била исполнета, па мораше на друга катедра да се најде место за вакво здраво јадро вмровско дете и го направија професор по Римско право, таму каде што Апасиев беше асистент.

Тимчо е бубреже во лој. Нема ден работно искуство освен по академски кругови. Предава за работи што никогаш не бил дел од нивното практикување. И тоа искуство и позиција во академските кругови му е добиена со партиски врски.

Соодветна позиција за него е да се занимава со комунална хигиена и чистење диви депонии. Не би му дал повеќе.
Асистент беше на Деловно право, кај на саво малиот. Не го примија на таа катедра поради отпор на одредени професори кон мешањето од страна на вмро, па затоа го направија професор по римско со амин на Бучко. И после не биле испреплетени вмросдс :ROFLMAO:
Интересно, Гордана Сиљановска сегашната негова сопартијка и голема пријателка, тогаш има дадено издвоено негативно мислење за неговиот избор во професорската фела. Televisa presenta.
 
Не кажаа Битолчани никаков коментар за епидемиологот кој го кандидираат ДПМНЕ
Добар доктор, сега со епидемијата има добар глас кај цел град, културен, достапен беше на сите. Затоа и го кандитираа, убедливо најдобро стои во градот од цело дпмне. Е сега колку е паметно единствениот епидемиолог сред епидемија да стани градоначалник тоа е друг муабет.

Дамка му е брат му Зоран, екс министер за одбрана, земјоделие, директор на РЕК во најдоброто време на дпмне ама треба да биде многу тесен резултатот на крај.
 
Горан Милевски ќе бил кандидат за градоначалник на Битола :ROFLMAO: :ROFLMAO:
 
Штета што Коневски не се кандидра пак. Имаше план и правила каде треба да се гради.
Поема за Коневски
Ивица знаеше каде треба да се гради,
Секој месец низ Дром никнуваа нови згради.
Залижаниот, курот сега си го лади,
Од украдени станови кирија си вади.

Стварно е штета. Еве јас со денови не спијам. Марин испадна исто крш и катастрофа како градоначалник, па наредниов којзнае дали ќе биде на нивен ранг и ќе ја доуништи населбата. Овој Муцунски ти е буквално Богоев, ама од ДПМНЕ. Кај го најдоа баш него.
 
И вас никој градоначалник не ви се годи...што и да направат не чинело....а најако е тоа што и вас да ве стават истото ќе го прајте.
 
Со изборот на кандидатите на дпмне, нема друго објаснување освен дека намерно сакаат да изгубат под диригентската палка на калето. Се кладам дека предвреме си ги имаат поделено општините двете партии...
 
Во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, па и Аеродром ќе победи ВМРО.
 
Во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, па и Аеродром ќе победи ВМРО.
Со работата на Ф. Темелковски, јас искрено не би му дал шанса на противкандидатот.
Ако некаде заслужува да победи СДСМ тоа е Кисела Вода.
 
Со изборот на кандидатите на дпмне, нема друго објаснување освен дека намерно сакаат да изгубат под диригентската палка на калето. Се кладам дека предвреме си ги имаат поделено општините двете партии...
Демек некој ги гледа кандидативе кој се и што направиле, кога може заев да биде све и свашта во севернава може секој да биде и градоначалник. Кога копитава се носеа на власт сигурно народот ги донесе дека заслужија со нешто.
 
Со работата на Ф. Темелковски, јас искрено не би му дал шанса на противкандидатот.
Ако некаде заслужува да победи СДСМ тоа е Кисела Вода.

Точно, ако живееш во Калифорнија.

Неспособен миџет пошто еднаш заврна снег во ланското зимо и општината еден камион немаше пуштено накај Драчево за да фрли сол.

Телефонските броеви на општината не функционираа а ниту па одговараа на социјалните мрежи кај што се главни за да се сликаат.

Да е иронијата поголема нашето уличе секогаш сами си го чистиме од луѓето што живееме на улицата и само една вреќа сол ни треба пошто е угорно и навечер остатоците од снег се претвараат во мраз па постои ризик пешак да се лизне и повреди.

Една улица нема санирано во Драчево а не сум запознаен ни со реновирање или изградба на нешто во училиштава болнициве спортски игралишта.

За мене исти пенис се и двајцата кандидати. Синови на претходни функционери едниот на Зоре другиот исто татко му беше пратеник во времето на Груевски.

Во оваа вукојебина очигледно јавните функции очигледно доаѓаат по фамилијатна линија.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Гласајте за таа старата од Левица :D
 
Гласајте за таа старата од Левица :D

Секако. Инаку ја познавам (не лично), океј лик е. Син и е супер дечко со правен факултет, ќерка и си имаше проблеми со дрога и се самоуби...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom