Месојади (Carnivore Diet)

  • Креатор на темата Креатор на темата VanillaSky
  • Време на започнување Време на започнување
Го сушеле месото и го ставале во големи глинени садови, ред сол ред месо и траело многу време без да се расипе, па месо имале во секое време независно од временските услови. Овошје зеленчук скини го и за 2-3 дена ќе вадиш пеницилин.
 
Мислам дека нема врска ова со заостанатоста. Напротив, може само да му се фатиме на малото прсте на праисторискитот човек ако правиме муабет за достигнувања. Се што било најпотребно, било откриено во праисторијата. И овие заедници не дека немале технологија за одгледување на растителни култури. Имале, и имале и знаење. Ама едноставно, нема да најдеш ниту една култура во чија што исхрана се внесува само продукти од растително потекло. За негативните работи од внесувањето на месо може да правиме муабет до утре почнувајќи од топлотното обработување на месото и кариесот. Ама па да не било месото најверојатно ќе сме останеле на нивото на нашиот предок, хоминидот. Последните истражувања од Африка од периодот додека Сахара била зелена покажуваат дека токму со постепеното преместување на човекот од џунгла и истражување на отворени простори и бркање на плен, животни всушност се развива локомоторниот систем и дека човекот најпрво научил да трча, па да оди. Исто така, на почетокот месото едноставно била клучната состојка од исхраната која придонела за развојот на мозокот. Да можеби, храната од растително потекло е едноставно е полесна за процесирање, ама тоа не значи дека од месото нема никаков бенефит. Замисли си сите да почнеме да јадеме само некое овошје или каши, некој мек зеленчук и како што е мода сега само да се пијат некакви смутиња. Наредните генерации ќе останат без заби, слабо развиени вилици.. и уше многу работи во кои не се ни разбирам.
Немој вака со веганите, они не веруваат во наука.
 
Го сушеле месото и го ставале во големи глинени садови, ред сол ред месо и траело многу време без да се расипе, па месо имале во секое време независно од временските услови. Овошје зеленчук скини го и за 2-3 дена ќе вадиш пеницилин.
Да ама житариците можат да преживеат долго. Затоа и се исплаќало нивно одгледување.
И овој денешен зеленчук што го знаеме тогаш не му бил баш познат на луѓето. На пример најстари се житариците како култивирани и потоа разни треви кои се користеле повеќе како зачини заради нутритивната вредност. А природата изобилувала повеќе со јаткасти плодови, овошје. Од друга страна мене ми се допаѓа нештото кога е свежо и мислам дека тоа е супер одлика на зеленчукот и овошјето. Многу витамини и свежина и сонце и радост се внесува преку квалитетни растителни продукти.
Ја мислам дека конзумирањето на растенија и одгледувањето на растителни култури е повеќе поврзано со некој психолошки момент и околу олеснетиот живот кој се развива околу истото, седентаризмот и тн. Не измислувам туку, постои дури бран во науката кој што е застапувам од учени кои на разни начини покажуваат дека токму поради ова може да се смета дека всушност растенијата го култивираат ЧОВЕКОТ, а не обратно.
Инаку за ова што го спомна најубав пример ми е од Халштат, локалитет во Австрија кој што е познат по екстракцијата на сол уште во подлабока праисторија со прекрасни алатки од бронзено време со кои што се изведувал процесот. Ама уште поинтересни за мене се коморите кои ги копале во планината кои што биле користени како складови за месо наложено со солта. Е то е "pleasure room".
 
Последно уредено:
Ok, ajde za moment da zaboravime na agrarni civilizacii kako Egipet, Mesopotamija, Indiska Dolina so dokumentiran surplus na hrana, i ke ima smisla pasusot.
 
Да ама житариците можат да преживеат долго. Затоа и се исплаќало нивно одгледување.
И овој денешен зеленчук што го знаеме тогаш не му бил баш познат на луѓето. На пример најстари се житариците како култивирани и потоа разни треви кои се користеле повеќе како зачини заради нутритивната вредност. А природата изобилувала повеќе со јаткасти плодови, овошје. Од друга страна мене ми се допаѓа нештото кога е свежо и мислам дека тоа е супер одлика на зеленчукот и овошјето. Многу витамини и свежина и сонце и радост се внесува преку квалитетни растителни продукти.
Ја мислам дека конзумирањето на растенија и одгледувањето на растителни култури е повеќе поврзано со некој психолошки момент и околу олеснетиот живот кој се развива околу истото, седентаризмот и тн. Не измислувам туку, постои дури бран во науката кој што е застапувам од учени кои на разни начини покажуваат дека токму поради ова може да се смета дека всушност растенијата го култивираат ЧОВЕКОТ, а не обратно.
Инаку за ова што го спомна најубав пример ми е од Халштат, локалитет во Австрија кој што е познат по екстракцијата на сол уште во подлабока праисторија со прекрасни алатки од бронзено време со кои што се изведувал процесот. Ама уште поинтересни за мене се коморите кои ги копале во планината кои што биле користени како складови за месо наложено со солта. Е то е "pleasure room".
Убаво кажано. Познавам многу луѓе кои се бават со земјоделство како хоби и го користат како стрес релис.
 
Не е натпревар у тоа кој има поголем Т туку да ги разјаснам глупостите што беа дека на Карнивори ти тенкира Т.
 
Ја имам еден другар ветеринар, он тврди дека кога пости има најдобри резултати за спермата....нема друга работа и си го дрка изгледа на работа, а беспари му се тестовите...небитно тоа :D
 
Колку што знам јас мирис на лаванда, мрсна храна (кето) и вежби со јак интензитет помагаат за покачување на Т. Од вежбите тие за нозе најмногу под предпоставка дека тогаш има поголема циркулација на крв во долниот дел на телото. Преса најмногу мислам.
 
само маџун бате;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom