Реформа на Образованието

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Форум: Образованието треба да ги побие стереотипите за НАТО како агресор



Да се отфрлат стереотипите како „агресори“, да се истакне партнерството односно соработката на НАТО со земјите партнери, а не воената компонента на Северноатлантската алијанса во образовните материјали, се препораките од професори кои денеска учествуваа на еден од панелите на онлајн форумот „Евроатлантските вредности и општествените предизвици низ призмата на образовниот процес“ во организација на Институтот ГАУС – Фондација за нови технологии.

Професорите Татјана Стојановска-Иванова од Филозофскиот факултет во Скопје и Кирил Барбареев од Факултетот за образовни науки од штипскиот универзитет сметаат дека едукацијата за Алијансата ќе придонесе да се елиминираат негативистичките ставови кон НАТО и погрешните информации што се пласираат во масовните медиумите.

„Да се каже кои се вистинските, универзални вредности и што значат придобивките на Република Северна Македонија со членството во НАТО, а и како земја аспирант во ЕУ. Во мас-медиумите недостигаат појаснувања што подразбира НАТО – дека не се агресори, дека придонесуваат за зајакнување на мирот и безбедноста на една земја. Тие содржини ние ги имплементиравме во темите во граѓанско образование, во осмо и деветто одделение, а во средно овие теми уште повеќе се елаборираат за да им помогнат на младите да ги надминат стереотипите“,
рече Стојановска-Иванова.
Професорот Барбареев смета дека треба да се тргне од прашањето, зошто ни е важно знаењето за Северноатлантската алијанса, дали се темите соодветно застапени во нашето образование и каков курикулум треба да се креира и да му се понуди на ученикот.

Историчарот Александар Стојчев, раководител на Воениот музеј при Министерството за одбрана, смета дека треба да се напуштат некои застарени термини.

„Треба да се пристапи кон изучување како за организација која не е агресор, зашто уште на потпишувањето на Договорот од 4 април 1949 е потенцирано дека тоа е пакт на мирот, кој не е насочен кон ниту една нација, туку е насочен против агресијата и е одбранбен сојуз. Важно е да се истакне и партнерството односно соработката на НАТО со земјите партнери. И тоа да биде противтежа односно да не се истакнува воената компонента“,
истакна Стојчев.

Ideme napret :icon_lol:
 

Не знам дали сфаќаат како изгледаат од страна кога ги гледа некој со оваа опсесија кон НАТО што полека преоѓа во језивo идолопоклонство.
Овие луѓе поентата на постоењето си ја сведоа на членството во НАТО, и стварно мислам дека се убедени дека вредат повеќе како индивидуи откако државава беше таму набутана.
 
Не знам дали сфаќаат како изгледаат од страна кога ги гледа некој со оваа опсесија кон НАТО што полека преоѓа во језивo идолопоклонство.
Овие луѓе поентата на постоењето си ја сведоа на членството во НАТО, и стварно мислам дека се убедени дека вредат повеќе како индивидуи откако државава беше таму набутана.

Шо, да не случајно не се во право?
 
НАТО е "утешна" награда на северистан па мора да се мота пропаганда , ЕУ не добивте ама еве уживајте во благодетите на НАТО.
 
ОВА СЕТО ШТО Е НАВЕДЕНО БУКВАЛНО СЕ УЧИ ОД УЧЕБНИЦИТЕ ПО КЕМБРИЏ ОД 1 ДО 6 ОДДЕЛЕНИЕ И ДОСЕГА

„Со интегрираните предмети се спојуваат темите, и во исто време, наставниците по биологија, хемија и физика ќе предаваат една тема. На пример, кога ќе се учи за екологија и животна средина. На биологија ќе се учи за влијание на човекот врз природата и одржлив развој, на хемија за загадување, а на физика за обновливи извори на енергија. Се разбира дека ќе бидат потребни нови учебници. Нам и сега ни требаат нови учебници, а не пак со нов концепт на образование. Наставните програми ќе бидат изработени од наставници, универзитетски професори и советници од Бирото за развој на образованието. Во буџетот на државата има пари за нови учебници. Наставните материјали ќе ги изработуваат најискусните наставници и најискусните професори. Обемот на содржините во секој наставен предмет – што, и во која мера ќе се учи, ќе го утврди тимот за изработка на наставни програми“, вели Царовска.


Добро Мила ги има видено учебниците по Кембриџ ?
Ако остават на секој наставник да предава што сака е тогаш ќе биди хаос.
 
Тоа се случува кога министерството го превзема персона што и на триесет и кусур години немала мрднато подалеку од тие невладини организации. Па уште упорна, ќе го спроведела ова, иако имало големо негодување од јавноста... Класичен испрдок од тие НГО клозети, заедно со она гудено Маричиќ.
 
Cista politicka igra. Nisto poveke. Voved vo polosi scenarija na nasata drzavicka. Se da se ukine najdobro. Bitno marihuanta ke ja koristime kako lek. I nema da ima problemi.
 
Нашата земја доживува епоха на прогрес и просветлување благодарение на оваа чесна и правдољубива власт која се бори за слобода и демократија, воедно тука е улогата на реформите во образованието, имено нашите сојузници ќе не водат на патот до Швајцарија на Балканите и не смее никој да застане на тој пат на интергалактичкиот развој, сите тие ретрогадни сили кои го проблематизираат нашиот прогрес кој се должи само и само на нашето членство во НАТО, една еколошко-боемска организација која злите усти ја нарекуваат воено-политички сојуз, тоа го прават од чист завидлизам кон нашиот јунак, Г.Г Заев.
Не само историјата, туку и кога неизбежно ќе се менуваа оваа националистичка химна, пред се дискриминаторски настроена кон нашите најголеми сојузници, сограѓани албанците, мора да се изнајде начин да се вметне барем една строфа за нашето членство во НАТО, пр: НАТО, НАТО, ти си наше злато...
 
Како рекнаа дека ќе се реформират? По фински урнек за македонски деца. У овуј државу после овој не планирам ни куче да чувам, а не дете па оно да учи по овуј реформску програму. :(
 
Да видиме што има да кажи Дејан Трајковски на темава

 

Ќе има коси корнење и докажување кој напишал најмногу статуси за лидерот и кој најмногу спомнувал нашата земја :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom