Искрено, мене никогаш не ми дошло до тоа да ја делам интимата со моите, затоа што, пред се ретко ги гледам. Мајка ми знаеше порано да начне некоја таква тема, колку да ме предупреди да користам кондоми, како и на преносливите заразни болести, иако одамна ги надминав тие тинејџерски години. Но секогаш и велев дека знам да се грижам за себе. Крај краева, они се растени во друго време, јас во друго, така да, што и да им кажам не менува ништо, не можам да излезам на крај со нив, па затоа избегнувам да зборам со моите за секс, макар тоа било и на шала.