Женски ракомет (општа дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата viliam5
  • Време на започнување Време на започнување
Данска водеше цела утакмица, со 3-4 гола, Франција правеше многу грешки. Кај 50 и некоја минута почнаа гол за гол и на крај Франција победи, мислам ни тие не знаат како :D
 
Трчаат 60 минути со исто темпо, не се предаваат и тоа е тоа.
 
https://24rakomet.mk/македонија-ќе-биде-домаќин-на-светско/

Кадетското СП, на кое се пласиравме со влезот во А-дивизијата, кое требаше да се игра во Грузија, ќе се игра во Македонија (прво СП во Македонија со 32 екипи)! Супер е тоа и супер генерација се тие девојки. Ова ќе им биде можеби и шанса за подобар пласман.
 
Дека овој спорт го водат аматери е доказ како ги имаат одредено носителите за следново ЕП кај жениве. Па од кај бе Полска во 1 шешир со што заслужиле овие да се во прв а Шпанија во 4 каков идиотски систем го одредува ова.
1 Франција,Норвешка,Данска ,Полска
2 Унгарија,Црна Гора,Холандија ,Шведска
3 Македонија,Словенија,Хрватска ,Германија
4 Шпанија,Романија,Србија, Швајцарија.
Сигурно е дека ги одбегнуваме. Унгарија и кодомаќините Црна Гора и Словенија. Група по мерка Полска,Шве/Хол(една од две опции е ) Швајцарија.
 
Мислам дека би изгубиле против сите освен Швајцарија. Најдобро би било со нив и уште две јаки репрезентации, па со Швајцарија нека биде решавачка за следната фаза.
 
За Полска мислам некаде прочитав дека е во прв шешир бидејќи на некој начин е замена за Русија (беше првопласирана во таа група), па го зема нејзиното место во шеширите. Што нормално нема логика од ракометен аспект, ама за жал навикнати сме ЕХФ и ИХФ да си носат одлуки како им одговараат нив.

Мислете позитивно, дека не местат нас со Полска и Швајцарија за да имаме шанси да поминеме група (во нокаут фазата 3 и 4 група вкрстуваат и ќе се играат во Скопје) :D :D :D
 
Реално ние и Швајцарија сме црните овци овде во нормални услови и двете не би биле на ова ЕП. Ние искористивме шо сме кодомаќини тие шо Русија ја суспендираа.
 
За Полска мислам некаде прочитав дека е во прв шешир бидејќи на некој начин е замена за Русија (беше првопласирана во таа група), па го зема нејзиното место во шеширите. Што нормално нема логика од ракометен аспект, ама за жал навикнати сме ЕХФ и ИХФ да си носат одлуки како им одговараат нив.

Мислете позитивно, дека не местат нас со Полска и Швајцарија за да имаме шанси да поминеме група (во нокаут фазата 3 и 4 група вкрстуваат и ќе се играат во Скопје) :D :D :D
Сега видов дека се и прв шешир. Разбирам ако ги гледаат квалификациите, што мислам и треба. Во тој случај Холандија требаше да биде пред Полска, ама небитно (иако вака помали се шансите да ни паднат од прв отколку од втор шешир). И ние не требаше по никој основ да сме трет шешир, ниту пак Шпанија да биде четврт шешир (беа 9-ти на прошлото ЕП).
Ајде нека е така, ако сакаат публика, нека ја дадат Швајцарија, може и Полска. :cool: Изабел Вендлинг (пикерот на Франција пред доста години) за ЕП 2008 тогаш изјави дека немало нигде таква публика за женски ракомет.
 
Со ваква игра и потенцијал на 15 години, многу веројатно е дека Ива Младеновска е најголем талент по Лазаров во македонскиот ракомет и иден лидер на женската репрезентација!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom