Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

  • Креатор на темата Креатор на темата filip007
  • Време на започнување Време на започнување
Свињата си е свиња и тогаш била и денес е истата, чистач и сештојад и е нечиста за јадење.
Провери ги научните истражувања за биолошката сличност на човекот и свињата ;)

Да не спомнеше библија, ќе мислев дека зборувам со муслиман. Не јадеш свинско? Исти се условите на фармите денеска и на ораниците во Израел пред 2000 години?

Дали во библијата се спомнати компирите и нивната штетност ако се јадат живи? Или не знаеле тогашните писатели за компирите и Јужна Америка, па не ги спомнале?
Остај го човекот сигурно е "Саботар" :)
 
Затоа и ти реков дека христијаните не знаат (или се прават дека не знаат)дека библијата го забранува свинското месо милениуми пред Куранот затоа што за разлика од муслиманите, не си ја почитуваат својата Света книга....Не сум муслиман, христијанин сум.
Автоматски споено мислење:

Провери ги научните истражувања за биолошката сличност на човекот и свињата ;)

Остај го човекот сигурно е "Саботар" :)
Да "Саботар сум"., а знаеш ли што значи тоа?А ти што си? Недељар ли си или понедељар, можда средар?или секојдневар? Или можда ништар?
 
Последно уредено:
Провери ги научните истражувања за биолошката сличност на човекот и свињата ;)
Добро што спомна, ќе заборавев. Негде читав дека баш заради тоа било забрането свинското, пошто не можело да се разликува од човечко месо, па за да не изеде некој човечко по грешка, забраниле целосно. Тоа што свињите немале каде да се изладат во тоа пустините, па се мачкале со кал за да не добијат сончаница и станувале „валкани“, било само бонус олеснителна околност за да ја воведат забраната.

Затоа и ти реков дека христијаните не знаат (или се прават дека не знаат)дека библијата го забранува свинското месо милениуми пред Куранот затоа што за разлика од муслиманите, не си ја почитуваат својата Света книга....Не сум муслиман, христијанин сум.
Автоматски споено мислење:

Да "Саботар сум"., а знаеш ли што значи тоа?
А, со компирите шо праиме? И со салмонелата? Спомнати се негде?
 
Е не го кажав како навреда.
Сеа вие сте си христијани,
ама си го имате малку повеќе
тој Јудаистичкиот "vibe",
што не е ништо лошо,
секој си има право да си биде каков сака верник.
 
Сепак играш подло, без аргументи.Повеќе влечеш кон атеистичката фела..[/QUOTE]
Автоматски споено мислење:

»Кажете им на синовите Израилеви и речете им: ова се животните што ги има на земјата, кои можете да ги јадете – секое животно што има раздвоени копита и длабок рез меѓу копитата, и кое прежива, тоа да го јадете. Но од оние што само преживаат или само што имаат раздвоени копита, како што е камилата, да не јадете, бидејќи прежива, но нема и раздвоени копита; таа е за вас нечиста. И питом зајак, бидејќи прежива и нема раздвоени копита, нечист да ви е, и див зајак кој прежива, а нема раздвоени копита, нечист да ви е, и свињата, бидејќи има раздвоени копита, а не прежива – нечиста да ви е. Од месото нивно да не јадете, ниту, пак, мршите нивни да ги допирате – тие се за вас нечисти.
Левит 11:2‭-‬8 MK1990
Оваа заповед нема врска со теориите за генетската сличност со човекот и слично.Не е само свинското месо во прашање туку и месо од сите други животни кои не преживаат и/или немаат раздвоени копита. Животните кои преживаат јадат одбрана, чиста храна и ја преработуваат во двоен желудник пред да им се претвори во месо.
 
Последно уредено:
Сепак играш подло, без аргументи.Повеќе влечеш кон атеистичката фела..

Кокошките имаат копита?
 
Добро што спомна, ќе заборавев. Негде читав дека баш заради тоа било забрането свинското, пошто не можело да се разликува од човечко месо, па за да не изеде некој човечко по грешка, забраниле целосно. Тоа што свињите немале каде да се изладат во тоа пустините, па се мачкале со кал за да не добијат сончаница и станувале „валкани“, било само бонус олеснителна околност за да ја воведат забраната.

А, со компирите шо праиме? И со салмонелата? Спомнати се негде?
Не се во библијата.Имаш затоа наука, земјоделие, микробиологијаи.т.н
 
Кокошките имаат копита?
За птиците има посебни упатства.

А меѓу приците гнасете се и да не ги јадете, гнасни се – орелот и јастребот и морскиот орел, неситот, крагујот и слични на нив; и нојот, и совата, и галебот, и врапчето, и секаков гавран и сличен нему, и јастребот и слични нему и секаков буф, нуркач и ибис и слични на него; и пеликанот, и лебедот, дропјата и штркот, и чапјата и слични на нив, и пупунецот и лилјакот;
Левит 11:13‭-‬19 MK1990
Кокошките и другите птици кои ги нема на списоков се јадат.
Автоматски споено мислење:

Значи библијата не е напишана од сезнаечки луѓе и не ја содржи сета можна мудрост на земјава,
Секако дека не е.Многу од писателите на библиските книги биле скоро неуки луѓе како пастири, рибари и слично.Бог оставил човекот да истражува и во други области на животот.Главната тема на Библијата е спасението на човекот, а централна личност е Исус Христос како наш создател но и откупител.
 
а централна личност е Исус Христос како наш создател но и откупител.
Ај сега пак ќе речеш дека сум циник.
Ама од кој тоа не откупува и за кого паѓа жртва,ако старозаветниот Бог е
"Отецот"?
Значи Он си го принесува како жртва
на себе сопствениот син,за да си ги смири,
егоистичните пориви на самобендисаност и посесивност.
А после Сатаната ви е крив за се?
 
За птиците има посебни упатства.

А меѓу приците гнасете се и да не ги јадете, гнасни се – орелот и јастребот и морскиот орел, неситот, крагујот и слични на нив; и нојот, и совата, и галебот, и врапчето, и секаков гавран и сличен нему, и јастребот и слични нему и секаков буф, нуркач и ибис и слични на него; и пеликанот, и лебедот, дропјата и штркот, и чапјата и слични на нив, и пупунецот и лилјакот;
Левит 11:13‭-‬19 MK1990
Кокошките и другите птици кои ги нема на списоков се јадат.
Значи може албатрос, на пример? Или пингвин?

Секако дека не е.Многу од писателите на библиските книги биле скоро неуки луѓе како пастири, рибари и слично.Бог оставил човекот да истражува и во други области на животот.Главната тема на Библијата е спасението на човекот, а централна личност е Исус Христос како наш создател но и откупител.
Епа ако не е и ако писателите биле скоро неуки, логично ли е да претпоставиме дека има грешки или нелогичности?
 
Ај сега пак ќе речеш дека сум циник.
Ама од кој тоа не откупува и за кого паѓа жртва,ако старозаветниот Бог е
"Отецот"?
Значи Он си го принесува како жртва
на себе сопствениот син,за да си ги смири,
егоистичните пориви на самобендисаност и посесивност.
А после Сатаната ви е крив за се?
Бог се принесе во лицето на Исуса Христа. На кој татко му е мило да го жртвува својот син?Но тоа бил единствен начин да се плати цената на гревот.Исус и Таткото се едно.Тие се отсекогаш.Алфа и Омега.Исус само дошол на овој свет во друг облик т.е.во човечки каков што би можеле да го поднесеме а да не погинене.А истовремено како човек да ни го прикаже божјиот карактер.
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен.
Јован 3:16 MK1990
Автоматски споено мислење:

Значи може албатрос, на пример? Или пингвин?

Епа ако не е и ако писателите биле скоро неуки, логично ли е да претпоставиме дека има грешки или нелогичности?
Читај горе малку подобро.Убаво си пишува: и слични на нив.Затоа пак нема слични со кокошката....Не може да се набројат баш сите птици на светов, само носителите на главните групи со посебни карактеристики.Во твојов пример албатросот е вид галеб, а пингвинот е нуркач, нешто како пеликанот.

Логично е да претпоставиме, ама за чудо нема грешки ни нелигичности, што е доказ дека овие едноставни луѓе биле вдахновени од Светиот Дух додека ја пишувале библијата. И иако тие не се познавале едни со други, а некои живееле во други милениуми, сепак темите се надоврзуваат едни на други и градат целина, дури и зборуваат за една иста тема од многу слични агли.
 
Последно уредено:
Бог се принесе во лицето на Исуса Христа. На кој татко му е мило да го жртвува својот син?Но тоа бил единствен начин да се плати цената на гревот.Исус и Таткото се едно.Тие се отсекогаш.Алфа и Омега.Исус само дошол на овој свет во друг облик т.е.во човечки каков што би можеле да го поднесеме а да не погинене.А истовремено како човек да ни го прикаже божјиот карактер.
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен.
Јован 3:16 MK1990
Па можел да направи "Потоп"v.2
Само без Ное и компанија.
Таман ќе си направел нови Адам и Ева
и ќе пуштел мунгоси во Еденската градина,ради безбедност ;)
И све од почеток.
 
Всушност сме добиле.Светото Писмо е кристално чисто и јасно и никој нема ексклузивно право да го толкува.Тоа се толкува самото себе.Изгледа проблемот е во нас самите кои не сме се потрудиле да ги отвориме неговите страници и сериозно со детска доверба да побараме светлина и мудрост од него.
 
Па можел да направи "Потоп"v.2
Само без Ное и компанија.
Таман ќе си направел нови Адам и Ева
и ќе пуштел мунгоси во Еденската градина,ради безбедност ;)
И све од почеток.
Среќа наша што Бог не размислувал како тебе!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom