Слушалки (earbuds)

  • Креатор на темата Креатор на темата DACIA
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 март 2013
Мислења
351
Поени од реакции
368
Возраст
26
Дечки препорачајте некои слушалки или тако звани earbuds за телефон да си слушам музиче? Гледав во анхоч и сетек но има доста избор и неможам да одберам некок
 
Реално за слушалки не вреди да дадеш више од 600 денари пошто за кратко време ќе го скинеш кабелот или изгубиш у случајов. Дома имам цела фиока со најразни слушалки.
 
Poskapi od airpods pro so poslaba baterija? Odi peglaj voda.

Немам намера да се докажувам со тинејџери на форум ако не знаеш прогуглај малце ти како techgig оценувај батерија види дали е литуим или никел кадмиум
 
Реално за слушалки не вреди да дадеш више од 600 денари пошто за кратко време ќе го скинеш кабелот или изгубиш у случајов. Дома имам цела фиока со најразни слушалки.
Тоа ти се случува пошто користиш слушалки од 600 денари :icon_lol:
 
Дечки препорачајте некои слушалки или тако звани earbuds за телефон да си слушам музиче? Гледав во анхоч и сетек но има доста избор и неможам да одберам некок
Незнам колкав ти е буџетот но како што ти пиша @Ron Burgundy 600 денари за слушање музика од телефон или што и да е се доволни.

Сега веќе мислам дека ги нема но јас имав два пара Филипс слушалки кои ги купував од нептун, вториот пар мислам дека и им беше последен во Македонија, па ги чекав пар дена за да им стигнат од друг град (Гевгелија) :) . Беа околу 400 денари со гумиран кабел, бели со друга боја комбинација ама за тие пари немам подобар звук чуено, значи бас, чистина на звук, гласност, висока фрекфенција... милина.

Кога ми се скинаа, бидејќи веќе ги немаше од поодоамна Филипсот, зедов Сони за околу 600 (исто Earphones), ама сум тотално разочаран од звукот, незнам како Сони можеше да пушти ваков продукт на пазарот, фрапиран сум, звук како од касетофон...

Од Филипс имам и Headphones, ги купив од АМЦ пред десетина години за околу 600 денари, звук перфекција, бас, чистина, квалитет, презадоволен сум, си ги погодив како кец на десетка.

Конкретен модел неможам да ти кажам сега, но би ти препорачал да избереш Филипс пред Сони, и да не земаш некои со микрофон ако ти е само за музика работава, бидејќи компензираат со звукот производителите во тој случај. И лоша е работата за слушалки што неможеш да знаеш каков звук дават се додека не ги однесеш дома, распакуваш и пробаш.
 
29874_0-1000x1000.jpg

Вакви слушалки имам. Слаба јачина на звук и бас вадат. После неколку месеци осетив ослабнување на јачината на звукот, басот слаб.
Одамна ми се купени. Јас како опседнат од музика секој ден било што и да слушам на Јутјуб мора да ставам слушалки за друг да не слуша околу мене и им ја извадив маста што се вика.
Се расипа левата слушалка, почна да се љупи онаа имитација на кожа кај слушалките на перничињата.
Скоро на сите мобилни до сега што сум ги имал на слушалките ми се расипувала едната слушалка контакт губела.

Овие работи како радипување е се индивидуално колку ќе пазиш на слушалките. А околу добар звук не вредат слушалкиве.
 
Последно уредено:
Јас се токмев да порачам од Али, сега кога беа попустите пример од оваа марка Bluedio кои важат за топ 1 бренд за аудио опрема во Кина.
425fa71c60ef4020a35b5f7fcf642bd6.jpg

Тој моделот на слушалки Li, ми се чинеше како солиден производ, посебно што се со додаток за кабелот кој од еден џек, претвораше во два, за да можеш на компјутер да ги приклучиш посебно за да имаш и аудио и микрофон. $10 беа намалени од 18-20, ама ме кинеше шипингот што беше $5 и не ми се ризикуваше за 600 ден да ги чекам од Кина 30-40 дена плус со ризик да не стигнат или некој да ги чапне на царина кај нас.

Од тука локално, би ти препорачал Панасоник. Колега од работа ги зеде овие
PANASONIC RP-HJE125E-K

од Техномаркет и е презадоволен. А тој се што купува детално чита на нет, бараше нешто не скапо а добро за гејминг и дошол до овие.
 
Дај линкче за првите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom