Здраво. Сакам да ве прашам за мислење на мојата ситуација. Пред година ипол го имав првиот паничен напад. Односно не знаев дека е тоа бидејќи додека не ми се слоши во гужва. После 3 месеци тестирање на се што е можно (крв, еег, тироидна, средно уво, магнетна и сл.) ми потврдија Вратна спондилоза и анксиозност. За вратната одам 2 пати годишно на физикални, носам околу вратот шансова кравата и вежбам јога. За анксиозноста пијам АД и деметрин( пиев хелекс но многу ме успиваше) вежбам, шетам по природа, медитирам, одам на биоенергичар но нема подобрување. Почнав да одам и во Центарот за биоинформатика, ми го потврдија истото и на тој алтернативен начин се лечам но сеуште нема подобрување. Констамтно ми е лошо, ми се гади, мислам дека тонам, паничам. Не можам ни да се вработам, голем проблем ми е ситуацијава. Некој совет или мислење? 
