Програмери (Вработување)

  • Креатор на темата Креатор на темата xlisp
  • Време на започнување Време на започнување
Чекајте сега малку, сакате да кажете дека има луѓе кои аплицираат за работа без да имаат познавање од овие основни работи кои сте ги набројале погоре? Луѓе кои тукушто завршиле курс и директ во фирма еј здраво, дојдов јас да ме вработите? :icon_lol:

Како да го наречам ова, преголема самодоверба, неинформираност или како?
Недовлно памет можеби? Кога некој може да те излаже дека за 1500 евра и за 6 месеци ќе ти најде работа и ќе станеш програмер, што понатака...
 
Чекајте сега малку, сакате да кажете дека има луѓе кои аплицираат за работа без да имаат познавање од овие основни работи кои сте ги набројале погоре? Луѓе кои тукушто завршиле курс и директ во фирма еј здраво, дојдов јас да ме вработите? :icon_lol:

Како да го наречам ова, преголема самодоверба, неинформираност или како?
Лани се смеев со другар на ваква глупост, вика доаѓа на интервју еден самоуверен лик максимално, од професија која нема допирна точка со IT, се запишал на 3 месеци курс за програмирање и му се пријавил за џуниор позиција. Кога го прашал зошто сака да работи тука, му одговорил оти слушнал дека е платено добро, а со колку би бил задоволен одговорил дека 40 000 биле доволно за почеток.
Го натерал да му конвертира од декадеден во бинарен и ликов не ни знаел што е бинарен систем...е до тој степен имаш пациенти што одат на огласите, затоа и викам тешко на тие што се расправаат со нив на интервју.
 
Вие се заебавате? Имам идено на интервјуа каде што се бараат алгоритми, bigO нотација, дата структури. Нешто што никој курсаш нема шанса да го знае. Кај секоја фирма е различно. Вие генерализирате како кај сите фирми да е исто интервјуто и сите ќе бидат импресионирани ако ги знае некој солид принципите. Yeah right
Со исфрустрирани луѓе со комплекс на супериорност ич не се расправај, гледаш они само „курсеви“ повтараат, а курсеви никој не спомна. Кај вакви во фирма и подобро е за почетник да биде одбиен, зашто не дај боже нешто да не знае. Веројатно тие се прашањата нив што им ги поставувале. Јас пред неколку години кога се акав од интервју на интервју според нив сум бил во овие што ги импресионираат, па пак ме гоустале.
 
Чекајте сега малку, сакате да кажете дека има луѓе кои аплицираат за работа без да имаат познавање од овие основни работи кои сте ги набројале погоре? Луѓе кои тукушто завршиле курс и директ во фирма еј здраво, дојдов јас да ме вработите? :icon_lol:

Како да го наречам ова, преголема самодоверба, неинформираност или како?
Да не дискриминираме, не само луѓе што завршиле курс. Луѓе со завршен финки или последна година на студирање немаат појма од основите споменати погоре.
Автоматски споено мислење:

Со исфрустрирани луѓе со комплекс на супериорност ич не се расправај, гледаш они само „курсеви“ повтараат, а курсеви никој не спомна. Кај вакви во фирма и подобро е за почетник да биде одбиен, зашто не дај боже нешто да не знае. Веројатно тие се прашањата нив што им ги поставувале. Јас пред неколку години кога се акав од интервју на интервју според нив сум бил во овие што ги импресионираат, па пак ме гоустале.
Еве јас немам проблем со такви што завршиле курсеви, дури оние што не завршиле курсеви него учеле дома од книги и туторијали повеќе ги сакам.
 
Последно уредено:
Чекајте сега малку, сакате да кажете дека има луѓе кои аплицираат за работа без да имаат познавање од овие основни работи кои сте ги набројале погоре? Луѓе кои тукушто завршиле курс и директ во фирма еј здраво, дојдов јас да ме вработите? :icon_lol:

Како да го наречам ова, преголема самодоверба, неинформираност или како?
Имам видено CV-a што ги праќале во фирма и стварно имаше 7-8 од типот "skill: HTML, CSS, Photoshop", ама пак имаше голем број CV-a иако и имаше доста асални кандидати. Конкуренција има голема, па кој што сака нека каже.
 
За почетници ова е најголемиот проблем, дефинитивно ќе мора секој да си најде нешто што ќе го издвои од другите инаку покрај сувото ќе гори и зеленото, никој нема да има ни нерви ни време да интервјуира 100 кандидати за една практикантска или џуниорска позиција.
Кај сениорите пак има друг проблем, а тоа е недостаток од луѓе.
 
Вие се заебавате? Имам идено на интервјуа каде што се бараат алгоритми, bigO нотација, дата структури. Нешто што никој курсаш нема шанса да го знае. Кај секоја фирма е различно. Вие генерализирате како кај сите фирми да е исто интервјуто и сите ќе бидат импресионирани ако ги знае некој солид принципите. Yeah right

Затоа никогаш нема да ги подржам курсевите и академиите и ќе стојам на ставот дека постојат само за личен профит.

Еве пред некој ден ми искочи реклама "искористи го ваучерот и стани професионален .NET програмер". Алооооо сериозни сте?

За 3 месеци курс нека бидат среќни ако научат еден конзолен калкулатор со If-ови да напишат самостојно во C#.
.Net девелопер, па уште и професионален, за 3 месеци? Мало сутра.

И истите тие курсисти со Hello world знаење и напукана самодоверба дека веќе се програмери и ќе бидат дебело платени, со 0 знаење на интервју настапуваат и бараат 4 цифрена сума на плата. И на крај се жалат биле одбивани, фирмите поставувале високи критериуми.

Програмирањето е мнооооооогу повеќе од Hello World, калкулатор, if-ови. (Ако ставив малку О поправете ме).
Не е доволно курс, не е доволно ни факултет, едноставно треба да си спремен дека цел живот ќе ти помине во учење пошто секојдневно се соочуваш со нови предизвици и ти се отвараат нови полиња
 
Курсеви се ок, ако на крај добиеш сертификат. Ама не Брејнстер или Семос сертификат, туку да ги полагаш оние вистинските... Циско, Мајкрософт, Итил, Комптиа ко за пример.
 
Некогаш и овие не се вистинско мерило колку некој знае, пример кај мајкрософт, за да положиш немаш потреба ни да ја отвориш книгата, доволно е да ги набубаш само dumps, али за работа ќе мора да седнеш квалитетно да си читнеш и од книгите.

Инаку дефинитивно: Microsoft, Oracle, Cisco, AWS... вредат далеку повеќе отколку сите овие академии, само тешкото кај народот е што не се накануваат самите да учат дома (ова мислам е основата што ги поттикнува да му дадат на некој друг пари за да им предава, а не самите да прочепкаат на интернет), а тоа и програмирање слабо оди во една реченица.
 
За почетници ова е најголемиот проблем, дефинитивно ќе мора секој да си најде нешто што ќе го издвои од другите инаку покрај сувото ќе гори и зеленото, никој нема да има ни нерви ни време да интервјуира 100 кандидати за една практикантска или џуниорска позиција.
Кај сениорите пак има друг проблем, а тоа е недостаток од луѓе.
Тоа е истото што јас го зборам цело време ама тука убедуваат дека имало недостаток џуниори и дека било лесно да се најде работа.

Него им се најде темава да си ги лечат фрустрациите, му се ставија на рон како хиени и само повторуваат курсеви, па курсеви, иако он не спомна курсеви. Искрено и мене ми е преку глава цело време ми искачаат реклами за курсеви, секој втор „академија“ отвори, често блокирам реклами. Сепак тоа не значи дека треба да претпоставам дека секој почетник е неписмен и завршил курс на брзина.
 
Со исфрустрирани луѓе со комплекс на супериорност ич не се расправај, гледаш они само „курсеви“ повтараат, а курсеви никој не спомна. Кај вакви во фирма и подобро е за почетник да биде одбиен, зашто не дај боже нешто да не знае. Веројатно тие се прашањата нив што им ги поставувале. Јас пред неколку години кога се акав од интервју на интервју според нив сум бил во овие што ги импресионираат, па пак ме гоустале.
Апсолутно никој, сем човекот што си го цитирал нема споменато курс или факултет на темава. Тоа е убедливо најнерелевантната информација во цело CV.
 
Тоа е истото што јас го зборам цело време ама тука убедуваат дека имало недостаток џуниори и дека било лесно да се најде работа.

Него им се најде темава да си ги лечат фрустрациите, му се ставија на рон како хиени и само повторуваат курсеви, па курсеви, иако он не спомна курсеви. Искрено и мене ми е преку глава цело време ми искачаат реклами за курсеви, секој втор „академија“ отвори, често блокирам реклами. Сепак тоа не значи дека треба да претпоставам дека секој почетник е неписмен и завршил курс на брзина.
Кадар што оди на тие интервјуа има многу, кадар што разбира нешто и е компактибилен за тие позиции не баш.

Проблемите се од различна природа: премногу самодоверба на луѓе кои ислушале некаков курс од 3 месеци или пак завршиле факултет/дисперзирани од оваа област (а мало знаење), преголема гордост да почнат и како практиканти (за без пари се ретки тие што сакаат да почнат, ај овие од периферија донекаде ги разбирам дека е тешко да се седи во Скопје и да се оди на работа за без пари, ама кога веќе одвојувале од дома 4-5 години средства за да завршат факултет ќе се стегнат за уште една година), мал број на огласи кои примаат ваков тип на кадар (пракса нудат малку фирми, голем дел од тие имаат само шаблон во кој ќе ти даваат некои рандом повторливи амалски работи и пак нема да научиш ништо за тие 3-6 месеци, а ако се за џуниор бараат да имаш 1-2 години работно искуство кое пак некаде мора да го стекнеш).
 
Апсолутно никој, сем човекот што си го цитирал нема споменато курс или факултет на темава. Тоа е убедливо најнерелевантната информација во цело CV.
Се спомна сигурно, сега да не ја читам темава пак. Истите муабети се вртеа и на темата за пракса во ИТ. Небитно, поентата е го убедувате дека нема џуниори, јас кога барав пракса знам по колку души одеа на интервју, а од година во година се повеќе кандидати има. Од 100 души, неколку ќе бидат ок, а и на крај краева на пракса океј е да не знае се, затоа е практикант и не зема плата, ќе се дообучи на праксата.

Кадар што оди на тие интервјуа има многу, кадар што разбира нешто и е компактибилен за тие позиции не баш.

Проблемите се од различна природа: премногу самодоверба на луѓе кои ислушале некаков курс од 3 месеци или пак завршиле факултет/дисперзирани од оваа област (а мало знаење), преголема гордост да почнат и како практиканти (за без пари се ретки тие што сакаат да почнат, ај овие од периферија донекаде ги разбирам дека е тешко да се седи во Скопје и да се оди на работа за без пари, ама кога веќе одвојувале од дома 4-5 години средства за да завршат факултет ќе се стегнат за уште една година), мал број на огласи кои примаат ваков тип на кадар (пракса нудат малку фирми, голем дел од тие имаат само шаблон во кој ќе ти даваат некои рандом повторливи амалски работи и пак нема да научиш ништо за тие 3-6 месеци, а ако се за џуниор бараат да имаш 1-2 години работно искуство кое пак некаде мора да го стекнеш).
Тоа е, а некој ќе убедува во ИТ тече мед и млеко и дека има недостаток. Недостаток на искусни програмери ќе има уште долго време, зашто никој нејќе да работи за ниска плата, па се префрлаат фриленс или бегаат во странство.
 
Се спомна сигурно, сега да не ја читам темава пак. Истите муабети се вртеа и на темата за пракса во ИТ. Небитно, поентата е го убедувате дека нема џуниори, јас кога барав пракса знам по колку души одеа на интервју, а од година во година се повеќе кандидати има. Од 100 души, неколку ќе бидат ок, а и на крај краева на пракса океј е да не знае се, затоа е практикант и не зема плата, ќе се дообучи на праксата.

Тоа е, а некој ќе убедува во ИТ тече мед и млеко и дека има недостаток. Недостаток на искусни програмери ќе има уште долго време, зашто никој нејќе да работи за ниска плата, па се префрлаат фриленс или бегаат во странство.
Добро, ајде да видиме со бројки. За јуниор позиции имаме по 30тина огласи годишно во фирма. Бројот на интервјуирани кандидати за тие 30тина позиции е едвај 50-60. Некои дури и ги вртиме, им даваме по 2-3 шанси (не помина кај мене, ама види го, може за QA ќе го биде). Сениорски позиции имаме околу 40тина. За нив не секогаш има кандидат и за интервју.

Ти викаш дека е поразлично. Може ли отприлика да споделиш округли бројки по колку луѓе имате во пул за избор?

И сениори работат за ниска плата во државава?
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom