Да работиш диспечер за американски пазар е одлична работа. Јас работам диспечер веќе 5 години и тоа од дома уште од првиот ден. За сите кои се двоумат дали треба да почнат да ја работат оваа работа, да, вреди и тоа многу, али знајте дека начинот на живеење ќе ви се промени за 180 степени поради работното време од 13:00h до 22:00h или од 14:00h до 23:00h. Работата на почетокот е доста стресна и под притисок, се прават многу грешки али од секоја грешка стануваш се поискусен и поискусен. Кога ќе бидеш искусен диспечер, работата ти бива боза. Се работи за бизнис каде што компаниите на годишно ниво заработуваат милиони долари. Македонските компании даваат многу мали плати ( со исклучок за некои компании кои можат да се набројат на една рака ) во споредба со тоа колку пари се вртат во овој бизнис. Српските компании даваат најмалку три пати повисока плата.