Иницијатива за системски антирасизам во македонскиот јазик (во регионот и пошироко)

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Оваа иницијатива е директно инспирирана од потегот на корпорацијата Лореал (и навремената информација на колегата Берик Дондарион)

Л’Ореал ги отстранува зборовите „бело”и „белење” од своите производи.
Оваа одлука доаѓа по онаа на индиската подружница на Унилевер, која избра да го преименува својот крем за осветлување на кожата на пазарот под името „Fair & Lovely“.Групата Л’Ореал одлучи да отстрани одредени зборови, како што се „бело” или „белеење”, од описот на козметичките производи на нивните пакување, во глобалниот контекст на анти-расистички демонстрации, јави дописникот на МИА.

Како дел од заложбите за подобро утре, препорачувам да пристапиме кон самоедукација и навремени лингвистички корекции со кои би фатиле чекор со современиот свет.

Како да се биде антирасист – Задолжителна литература. Препорачлива не само за апла расистити, псевдо или крипторасисти, туку и за недоосвестени потенцијални расисти. Обавезно да се прочита и обмисли за сопствените постапки и расистичко поведение.

Предлози за корекции во јазикот за спроведување системски антирасизам:
  • Под итно да се ревидираат речниците и да се наплаќаат драконски казни за употреба на "бело" и сите негови лексички деривации.
  • Лексички корекции со експилицтно избегнување "бело" и сите евентуални деривации: светли заби, светло сирење, светла постела, светла раса, светло вино, светол џигер, светли дробови, светка од јајце (никако белка), светковини (наместо белковини), Тито Светичанец,
  • Ревизија на закоравениот македонски расизам во фолклорот и традицијата:
  • Билјана платно светлеше .... оздола идат винари, винари светлограѓани
  • Не се светли Маре мори, не се црви...
Понатамошни консидерации[1] и можни реперкусии за регионот: Белград би можел да добие дополнителни услови за прием во ЕУ -- промена на име во Светлоград.

Пошироко: Упатно е Белгија да ја преименуваме во Светлија, за секој случај.

[1] Courtesy of Шаше
 
Последно уредено:
Да не се заборави и другата страна од целата оваа работа. Ние имаме многу несакани изрази, придавки и слични проблеми кои ни го отежнуваат изразувањето.
Ете, одма ми текина на црна чума. Зошто црна? Зошто не зелена. Или Црна Арапина? Зар тоа не е расистички? Одвратно. Да се формира јазична комисија која ќе го реши оваа немила лексичка злоупотреба.
 
А шо е со бело прање?:cautious:
 
Ќе те замолам да не ја дефокусираш дебатата. Целата политичка некоректност на лексичкиот корпус во македонскиот јазик е во зборот "бело" , светло де. Другите бои баш се топче.

Ќе го замолам Петар да дообјасни дали новата форма треба да се користи и во колоквијаниот говор.
Дали ќе треба реченицата "Џанак, доста шмркаш од тоа белото" да се трансформира во "Џанак, доста шмркаш од тоа светлото"?
 
Да се формира јазична комисија која ќе го реши оваа немила лексичка злоупотреба.

Предлози за корекции во јазикот за спроведување системски антирасизам

Зошто да се формира нова? Мислам дека чич Петар и таквите лектори како него кои се како маските за корона, еднаш да се употребат и фрлат, но се перат на 40 степени со умекшивач и се сушат до гаќите, се супер за... резолвирање на таскот. После ревизија на сите тие лоши, лоши учебници и лектири кои ќе ги переа мозоците на една силна младина 5-то одделенци која ќе претендираше да ја прошири земјата кон југ, тие со заменување на зборови од нашата бела историја со други, модерни и прогресивни, како пример "нашата земја" наместо таму некои стари, изгубени во преводот, антички како "Македонија", успешно си ги наплатија трошоците за нивното школување и плеснаа во лице на сите што им велеа да одберат field that hires.

Јас мислам дека веќе го имаме кадарот, ја имаме структурата и организацијата, да им ги извадиме помошните тркала и да ги пуштиме да летаат со прогресивниот ветар во нивните кријла, да не однесат рамо до рамо со сите тие брендови кои ставаа сите бои заедно како да гледаш во виножито на нивниот профил за сега да мора да ги сменат со таму црна боја. Зошто еднаш да не бидеме ние дел од нешто ново и прогресивно што ќе ни го стави името во ѕвездите? Зошто мора да сме толку егоцентрични што сонцето ни е на знамето, како да е само наше? Што се мене тиче јас би го забранил и сонцето. Зарем тоа што се печеме под него за да добиеме tan не е културна (ин)апропријација with extra steps? Кога можеше Џастин Трудо да се извини за неговиот блекфејс и тоа еднаш за Хелоуиин, кои сме ние секое лето да бидеме толку нечуствителни?

Затоа кога некој како Тапетарот ќе пише: "Јас предлагам..."

You fucking listen.
 
Шаше, фала ногу за супорто и рекомендациите. FYI, дојдел ни е супорт и од двечки енџиоа и реѓионалнио одред на Антифа од с. Смоларе.
 
  • Љубов
Reactions: wot
Нема потреба од антирасизам во топла, гостопримлива Северна Македонија.

#короништа
 
Примитивизам = расизам? ако ликовите беа од Чешка на пример, а Чешка важеше за земја поврзана со корона, мислиш дека немаше истото да се случи?
 
Инспириран од темава, другарот денес почна да пее, БЕЛО ОКО МЕНЕ СВЕ ЈЕ БЕЛООО.
Му врзав две три воспитни. Поинаку ќе си го пеј Аца Лукас.Така по дома само.
 
Ќе те замолам да не ја дефокусираш дебатата. Целата политичка некоректност на лексичкиот корпус во македонскиот јазик е во зборот "бело" , светло де. Другите бои баш се топче.

Ќе го замолам Петар да дообјасни дали новата форма треба да се користи и во колоквијаниот говор.
Дали ќе треба реченицата "Џанак, доста шмркаш од тоа белото" да се трансформира во "Џанак, доста шмркаш од тоа светлото"?

Јок. Ние мораме да станеме свесни за вековната неправда која е извршена во нашиот јазик а е насочена кон драгите, но со поинаква боја на кожа битија, кои толку личат на нас. Не е ова дефокусирање, туку само скромно насочување внимание кон едно нерасветлено (sic!) прашање, без чие решавање нашето учество во евроатлантските и другите ЛГБТ процеси се доведува во незавидна позиција. Би го искористил овој момент и би се осврнал и кон Црна Гора (Скопска), Црнилиште, Црна Вода, реката Црна... (ме заболе вратот од осврнување, ама се' за оправањето на овие историски пропусти).
Иначе, народната „Бело лице љубам јас“, ќе биде „Светло лице љубам јас“, а евергринот на легендарната Соња Тарчуловска „Во бело, во бело...“ - „Во светло, во светло...“.
 
Или јас сум чалнат или до темава е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom