Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Како се движи цената за м2 на деловни простори по Скопје? Неможев да најдам тема па ајде овде да прашам.
И таа е како кај становите, во облаци.
На подобри локации ти е преку 2000 евра м2, околу Центар неретко се преку 2500, во Кисела Вода и Ново Лисиче ќе најдеш веројатно и по 1400-1500.
Зависи и каков деловен простор, таму имаш доста различни варијации (дуќани, магацини, хали и тн.) и сите се различни цени.
 
И станови со поглед на комшијата дома да му гледаш што прави како арапите и африканците домот да биде што повеќе збиен со останатите како гето..
За волја на вистината, троа полуксузни дестинации имаат исто такви ориентирани згради наместо поглед кон отворено имаш поглед кон соседната зграда и нивните балкони. Мајами, на пр., Њујорк а становите поскапи отколку во Скопјенце... кондоминиум со станови од по милион долари со поглед на... балконот на соседната зграда.
 
Што доколку се нема 15% учество за стан? Дали банката те одбива за кредит?
 
Ако можеш да ставиш втора хипотека ондак може да одобрат и без учество, односно кредит во целосниот износ за купување на станот. Во спротивно ти треба учество.
 
Ете има ефтини станови во Скопје. Не знам што се буни народов скапи биле цените.
Или можда сака само во центар, аеродром и Карпош стан, па и уште на поклон да го добие?
 
Инвестиции во имот/недвижнини биле и ќе останат најдобри инвестиции..
Ако си имал лани 100.000 евра на сметка и тие ти останале и денес на сметка. Денес ти вредат 80.000 евра според реалната и официјалната инфлација (20%).
Да си ги вложел лани во нов стан или во градба на пример, ќе ги имаш со тие 20% инфлација истите пари и вредност.
Не дека некој пат неможеш да направиш и пари од тоа. Ама барем недвижнината секогаш ја амортизира инфлацијата.

Едино е жално за оние кои немаат никакви силни финансиски средства да можат да си дозволат свој стан/куќа, а им е потребно и сакаат тоа да си го приуштат. А тоа им е од година во година се понеизводливо ради тоа што цените постојано идат нагоре поради инфлацијата...
 
Мислиш ја вклучува? Ама тука е и моментот на ликвидност, ако мислиш дека денес лесно ќе препродадеш стан од 120.000 евра во Скопје go ahead, пун курац ги имаш по огласи, освен ако станот нема висока ексклузивна вредност (локација, високо квалитетни материјали и сл.). Она што луѓето во Скопје особено не го разбираат е и терминот што ти го спомна, амортизација или акумулирана депрецијација, особено после 10 та година од градбата. За тоа си постои и годишна стапка и проценители рецимо секогаш ја вкалкулираат во моменталната вредност и оди до 30%-40% амортизација од градежната вредност на објектот. А додека денес во Скопје имаш станови градени во 80 ти и 90 ти кои се продаваат по 1600 евра квадрат, и луѓето си напишале само реновиран е станот, а они само го искречиле и ги префарбале вратите...

Нешто слично е и со кириите, особено кога голем број на луѓе почнуваат да работат од дома и немаат толку голема потреба од промена на место на живеење, а ти идеш со глава у ѕид и пробуваш да издадеш 60 - 65 квадрата стан за 500 евра. Боље давај го ко апартман за краток претстој, повеќе ќе ги извадиш парите.
 
Cisto informativno, za gradezen objekt prvite 10godini ne se smeta amortizacija, a sekoja sledna, t.e. pocnuvajki od 11-tata godina se presmetuva 0.5% godisna amortizacija. Taka da, za 20-30% amortizacija potrebni ti se 50, odnosno 70 godini. Toa moze isklucivo na postarite zgradi da se smeta, novite Po pravilnik ne mozat tolku brzo da se amortiziraat.

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
 
Математиката тука и на пазар не испаѓа иста некако :)

Проблем со бизнис со недвижини е што почетниот капитал е огромен, а процентуално повратот не е којзнае што. Од аспект на заштита на капиталот во Македонија нема ништо посигурно.
 
Ги отворив огласите на пазар3 да видам колку одат становите и на првата страна ми падна во очи еден оглас за стан кај билна аптека: https://www.pazar3.mk/oglas/ziveali...entar/stan-nad-bilna-apteka-vo-centar/4565498 .
Овој стан се продаваше пред 3 години за цена од 1 250 евра од м2 или 1 200 евра од м2 и огласот се вртеше доста време тогаш, а гледам и сеуште се врти само со цена од 1 450 евра од м2.
 
Овде за добар ден имаш влог од 10 илјад евра најмалце.
 
Дали некој знае позади Убац кафаната на кружниот кај Порта Влае кој гради зграда?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom