Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Споредбава со историското ВМРО е несоодветна, не можеш да споредиш. Тогаш не биле дел од власта, па не знам дали (би) земале мито, рушвет... За Јане Сандански сум слушнал многу негативни коментари, во Пиринскиот дел. Во смисол.. „кокошкар“.
Насилно беше преземањето на оние кои беа обвинети за тероризам и слично. Закани со двоцифрени затворски казни. Белки ти е јасно зошто луѓето ги осудија на 15, 18 г. затвор. Политички. Зошто е осуден полицискиот функционер, зошто е осуден Чавков.. не биле таму. Зошто не е осуден министерот за внатрешни работи, зошто не се осудени колеги на полицискиот функционер? Зошто не е осудено човечето (сега е директор на БЈБ) кое неовластено имаше пиштол в Собрание на 27 април 2017 (и пукаше со истиот)?
Многу е јасно човек да заклучи. Кристално јасно, што би рекол ЗЗ.

Чекај, дали ако некој е вистински патриот спремен да умре за татковината, може да го уплашиш со затворска казна? Или овие се патриоти на батерии? Ако имаш принципи, тогаш имаш принципи. Лесно е да се има принципи и да се чукаш во гради кога нема притисок и кога течат тендерите.

И после ова искуство, кој ми гарантира дека било кој пратеник на ДПМНЕ нема повторно да се посери на најмал притисок?
 
Последно уредено:
Чекај, дали ако некој е вистински патриот спремен да умре за татковината, може да го уплашиш со затворска казна? Или овие се патриоти на батерии? Ако имаш принципи, тогаш имаш принципи. Лесно е да се има принципи и да се чукаш во гради кога нема притисок и кога течат тендерите.

И после ова искутво, кој ми гарантира дека било кој пратеник на ДПМНЕ нема повторно да се посери на најмал притисок?
Во сегашнава постава нема лик без климав багаж... И едните и другите имаат тон меѓусебни снимки и бомби и тоа е се што треба да знаеме. Гласот оди за кластерско збогатување.
https://a1on.mk/macedonia/nikoloski...vioni-Albanci-traktor-da-se-isprevrti-neshto/

Ниво, Зимбабве...
 
Чекај, дали ако некој е вистински патриот спремен да умре за татковината, може да го уплашиш со затворска казна? Или овие се патриоти на батерии? Ако имаш принципи, тогаш имаш принципи. Лесно е да се има принципи и да се чукаш во гради кога нема притисок и кога течат тендерите.

И после ова искутво, кој ми гарантира дека било кој пратеник на ДПМНЕ нема повторно да се посери на најмал притисок?
Тоа е тема за муабет, но, не е лесно да ти виси затворска казна од 15 години. Па и да нема тендери. А за гаранција, никој не може да гарантира. И Зоки гарантираше, повеќе пати, дека нема да се менува уставот за да се менува името, па работеше на тоа од пред да го постават на власт.
 
Да, ама за Зоки знаеме дека е патолошки лажго, и не е сега тема на дискусија. Тема на дискусија е предавството на ДПМНЕ во Собранието.

Велиш не е лесно да ти виси затворска казна, па кој кур тогаш се топорат за Македонија? Ако не си способен да искрепиш притисок, шо се пикаш во првите редови. Или убаво е во Собрание, ама кога нема притисок?

Пак ќе ви кажам, повеќе никој нема да биде прелажан со патриотизмот на ДПМНЕ. Оние гласови кои ќе ги добијат се истите оние кои редовно ги добиваат од членството и од оние кои се надеваат на државна цицка после изборите. Никој нормален нема да гласа за ДПМНЕ со мисла или надеж дека ќе ја спасуваат државата, а тој наратив го верглаат. Тоа едноставно умре, секој со коефициент на интелигенција поголем од оној на варен компир на таа лага повеќе не паѓа.
 
Без воздушни трамваи, искривени кичми, виршли, и слични срања. Искреноста не можеш да ја одглумиш!;)
 
Споредбава со историското ВМРО е несоодветна, не можеш да споредиш. Тогаш не биле дел од власта, па не знам дали (би) земале мито, рушвет... За Јане Сандански сум слушнал многу негативни коментари, во Пиринскиот дел. Во смисол.. „кокошкар“.
Насилно беше преземањето на оние кои беа обвинети за тероризам и слично. Закани со двоцифрени затворски казни. Белки ти е јасно зошто луѓето ги осудија на 15, 18 г. затвор. Политички. Зошто е осуден полицискиот функционер, зошто е осуден Чавков.. не биле таму. Зошто не е осуден министерот за внатрешни работи, зошто не се осудени колеги на полицискиот функционер? Зошто не е осудено човечето (сега е директор на БЈБ) кое неовластено имаше пиштол в Собрание на 27 април 2017 (и пукаше со истиот)?
Многу е јасно човек да заклучи. Кристално јасно, што би рекол ЗЗ.
Сашо и тогаш мислам дека беше припадник на 6та управа, и беше поставен како обезбедување на Заев од МВР затоа што беше лидер на опозиција. Исто како што сега Мицковски има обезбедување од МВР и кола. Со тоа што пукаше во собрание само си го заработи директорското место на 6та управа од како се смени власта.

Второ, Крсто, Бети и останатите ако беа прави патриоти, немаше да се исплашат од затворска казна. Свесно се влезени во политиката, и знаат која партија ја претставуваат. Тоа ВМРО не за џабе стои напред. Така лесно ако се плашеле луѓето на историското ВМРО од затвори, сеа место Ѓорѓи, можда Онур ќе си се викал.

Филип Петровски не го поштувам многу, ама многу убаво кажа кај Васко во емисија. Ако треба партијата нека иде и во терористичка група, ама не смее да биде сооучесник во смена на уставното име.
 
Јас се сложувам со тебе, ама ако дојдеш во ситуација за 15 г. затвор... Лесно е да кажуваме седнати удобно на компјутер.
А Сашо Тасевски (сега дир. на БЈБ) не бил овластен да има оружје в Собрание. Тоа смее само собраниското обезбедување. Сме дискутирале за ова порано. Така пишува во законот за Собранието.
 
Да, ама за Зоки знаеме дека е патолошки лажго, и не е сега тема на дискусија. Тема на дискусија е предавството на ДПМНЕ во Собранието.

Велиш не е лесно да ти виси затворска казна, па кој кур тогаш се топорат за Македонија? Ако не си способен да искрепиш притисок, шо се пикаш во првите редови. Или убаво е во Собрание, ама кога нема притисок?

Пак ќе ви кажам, повеќе никој нема да биде прелажан со патриотизмот на ДПМНЕ. Оние гласови кои ќе ги добијат се истите оние кои редовно ги добиваат од членството и од оние кои се надеваат на државна цицка после изборите. Никој нормален нема да гласа за ДПМНЕ со мисла или надеж дека ќе ја спасуваат државата, а тој наратив го верглаат. Тоа едноставно умре, секој со коефициент на интелигенција поголем од оној на варен компир на таа лага повеќе не паѓа.
За добивање на гласови, тоа е друга тема. На пример, ако партијата ја анализираш дали создавала проекти за државата, тоа е неспореливо со СДСМ, како конкурент.
Ме чуди како лесно кажуваш за други дали да одат в затвор. Сега не е 1903. Сега се работи за партии кои се борат за собраниски места, а со тоа и власт.
Мислам дека треба да се дискутира за (зло)употреба на обвинителството, судството, власта за вршење на насилен притисок врз пратеници за да гласаат против свое убедување и според програмата и ветувањата што ги дале на избирачите. Зоки треба да седне на (округло) столче и него да го испитаат за овие работи...
 
Зашто праат толку глупи видеа бе?

Значи некој прво морало ова да го смисли, да го предложи до партијата, партијата да се сложи, да најдат фирма и луѓе што ова ќе го направат, и после да го разгледаат пак, и повторно да се сложат сите да се пушти во јавност, и во целиот овој процес не се нашол еден асален што ќе рече чекајте малку другари, ова е меме материјал, ќе не дупат кај стигнат, глупо е, и не смееме ова да го пуштиме како официјален спот во кампања?

Можеби само Интегра имаат поглупи видеа, со возот од 9 милијарди евра, и набавување на Ф15ки и воени хеликоптери.

лол. со 10 девојки сум :pos: :pos: :pos: ќе гласа сеа Бојку Леку за нив готово
 
За добивање на гласови, тоа е друга тема. На пример, ако партијата ја анализираш дали создавала проекти за државата, тоа е неспореливо со СДСМ, како конкурент.
Ме чуди како лесно кажуваш за други дали да одат в затвор. Сега не е 1903. Сега се работи за партии кои се борат за собраниски места, а со тоа и власт.
Мислам дека треба да се дискутира за (зло)употреба на обвинителството, судството, власта за вршење на насилен притисок врз пратеници за да гласаат против свое убедување и според програмата и ветувањата што ги дале на избирачите. Зоки треба да седне на (округло) столче и него да го испитаат за овие работи...

Не, сега дискутираме за гласовите на ДПМНЕ во Сообранието со кој се стигна до мнозинство за промена на името. И сто пати да се обидеш да ја промениш темата, пак ќе те вратам на тоа. Затоа не се мачи.

И уште чекам одговор на едноставно прашање, дали тие пратеници на ДПМНЕ направија предавство на принципите на ДПМНЕ и предавство на Македонија?
 
Значи се согласуваш дека беше предавство, ама/или не се согласуваш?
Предавството е на Зоран. И не само предавство, туку изборна измама, лажење...
Начелно, можам да речам дека Крсто, Бети, Нола... дека се предавници. Но, го имам во предвид и насилството врз нив. Ќе повторам, лесно е вака удобно да напишам на компјутер „како требало, што требало...“
Не менувам тема.
 
Јас се сложувам со тебе, ама ако дојдеш во ситуација за 15 г. затвор... Лесно е да кажуваме седнати удобно на компјутер.
А Сашо Тасевски (сега дир. на БЈБ) не бил овластен да има оружје в Собрание. Тоа смее само собраниското обезбедување. Сме дискутирале за ова порано. Така пишува во законот за Собранието.
Добро веројатно не смеел да носи во Собрание, сакав да кажам дека бил и тогаш џандар во 6та. Дека не е некој од партија пратен да мафта со пиштолот. Тој келавиот дечко исто што му беше обезбедување на Заев, што стои до него на снимките крвав во главата, му бил уште од Струмица кога беше градоначалник. После тоа го бутнаа кај Сашо.

А за тоа 15г затвор дека им висело над глава, а нас ни е лесно седнати пред компјутер не е така. Бети беше министерка, Крсто лапаше тендери и тогаш и сега. Се нафатираа убаво и не сакаат да имаат никаков ризик? Свесно се влезени во политика и сигурно знаеле дека некад можеби ќе бидат политички прогонувани. Тоа е цената што требаше да ја платат. А дека ќе лежеле 15 год. да не се лажеме, после неколку години ќе искочеа и можеби народот на друг начин ќе ги гледаше.
 
Чекај сеа. Со последнава бомба што ја објавија се гледа дека Миле и Александар Николоски договараат сообраќајка за да се спречи два авиони со албанци да гласаат. И стварно мислат дека тоа негативно ќе се одрази врз ДПМНЕ? Фактот дека сакале да спречат албанци да гласаат? :D
 
Начелно, можам да речам дека Крсто, Бети, Нола... дека се предавници.

Начелно, добар почеток. Значи предавници од ДПМНЕ. За кои сега треба да гласаме за да ја спасат државата. Така?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom