Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Нормално е да имаш проблеми, па колку сакаш биди европска цивилизирана држава. Едноставно не можеш да се разбереш со одреден дел од населението и тоа само води кон уште повеќе поделби. Штом Белгија овој проблем го има со тој менталитет на народот, да не праам муабет ние кои проблеми би ги имале со овдешниве индијанци. Ама Зоќи вика дека тоа ќе не сплотело така да не знам, вака ми изгледа на сигурна личност што можеш да му веруваш.
Да беше просто немаше венецијанската комисија да го спори законот за јазици.
А Зоки кој не знае ни македонски и вика асимптотски наместо асимптоматски најмалку треба да дроби на оваа тема.
 
Има ли поголема "куроф ми ленче" фаца од Јове Кекеновски? А бил а не бил исто ти е.
Лилјана Поповска, Павле Трајанов и Петар Богојески ми се ликови од тој калибар, 0 харизма, апсолутно антипатични, никаков став за ништо, освен што си го вработуваат членството по паркинзи и ја доусеруваат државава со секоја гарнитура, ништо друго конкретно не можеш да одвоиш за нив, како темплејт за луѓе се, заборавиле карактерни особини да им доделат. Да ги стават во исто време на дебатна емисија некоја, мислам дека ќе откажат сите камери од утепаната енергија што ја шират.
 
Како се наближува денот на изборите, реториката се вжештува. Ништо ново, да, само се изненадив што на пдф криминалци и нивни почитувачи ја најдов следната вест:
Агенцијата за разузнавање има нови сознанија за „Диво Насеље“
...тоа е онаа агенција која во моменотв ја раководи кадар на ДУИ, познати и прекалени борци за човекови права предводени од прозападен лидер Аљи.
(да понекогаш барајќи мотиви за таквите опрделби посетувам и пдф како “Криминалци-и-криминални-групи-во-МК“ и “Бугарско-државјанство-процедура-и-потребна-документација“ каде модератор е нашиот ценет член Никола, извонредна модерација честитки!)

...на темата. Ако внимателно се чита текстот потпишан од некој си Срѓан Стојанчов ќе се најде изобилство на проекции и можни правци во кои би можеле да се одвиваат претстојните избори. Прашање, знае ли некој повеќе инфо за овој Срѓан, мислам очевидно е дека е кадар на големиот и секогаш независен Геро, тоа што има висока цена неговата независност и непристрасност нека не ве залажува, секогаш е така високите вреднсти имаат висока цена! Секоја инфо за новата надеж на БНД ќе биде добредојдена. (толку очигледно повикување на искази од терористи како веродостојни извори до сега е немало во демонкратурава [демонкратска креатура која за себе има перцепција дека е држава], ама никогаш не е доцна за да се оди уште подолу-подлабоко)

Според насловот станува јасно дека некој сака да ја инструментализира агнецијата во насока на дискредитација на опозицијата и да се наметне севрџганизмот како единствена опција, опција која нема алтернатива. Структурата на текстот ги содржи сите досегашни познати тези со кои се уништуваше Македонија, ништо не е изоставено.

Ако се врши компарација помеѓу настаните од 1999/2001 и настаните 2015/2017 ќе се забележи чудена хронолошки редослед, и тогаш започнало со опозицион лидер кој прислушкувал и сега во 2014/15 го имаме истото,... старт со нелегално стекнати прислушкувани разговори... понатаму приказната има идентичен развој само што сега немавме пукања (ако се одземе пукањето на “војниците“ на Црпе во Собрание)...

Дали овој според се нарачан текст во гласилото на БНД има за цел да најави нови разигрувања?
Ако да, дали разигрувањето ќе биде според описот во текстот?
Ако не, зошто БНД троши ресурси на вакви работи од кои нема полза?
 
По секојдневите објави на т.н бомби и снимки и за СДС и за ДПМНЕ, идејата премиер албанец и не е толку лоша со оглед дека другата алтернатива е Орце Камчев, дали преку ликот и телото на Заев или Мицкоски, се работи за иста личност која ќе биде водач на владата.
 
По секојдневите објави на т.н бомби и снимки и за СДС и за ДПМНЕ, идејата премиер албанец и не е толку лоша со оглед дека другата алтернатива е Орце Камчев, дали преку ликот и телото на Заев или Мицкоски, се работи за иста личност која ќе биде водач на владата.
Сва среќа па ги имаме ДУИ од трета страна кои од петни жили сите овие години колку што се на власт како коалиција се борат против криминалот на Камчев кој е увек на власт дали преку ликот на Заев или Мицко.
 
Сва среќа па ги имаме ДУИ од трета страна кои од петни жили сите овие години колку што се на власт како коалиција се борат против криминалот на Камчев кој е увек на власт дали преку ликот на Заев или Мицко.

И тоа е така :toe:
 
Си грми спотчето, не дека сум симпатизер на Левица ама убедливо е најдобро и гаѓа во сржта. Оние од ДПНЕ се голем очај. Деновиве не сретнав вмроец што не се срамел од спотот, та со кичмите та со аеродромот. :icon_lol: :facepalm:
 

Абе, само до мене е или се чини дека овие поише штета си прават на себе со рекламиве, отколку арно?

Cringe-от пуштен на 1000, и ја истото го мислам овие ко да молат да изгубат, на чело со најантипатичниот и арогантен мицкоски.
 
PR тимот е задолжен за видеава, или? Ужас човече... Овој тим на дпне е далеку послаб од оној режимскиот на Грујо со Јанакиевски, Ставревски, Јанкуловска. :confused:
 
Tehnicki, koga postoi Zaev i SDSM, nema potreba ni da se trosat pari za izborni spotchinja.

Ama narodov ima memorija od 250 mega, pa, ja ako bi pravela spotche bi napravila kompilacija od site shteti sho gi nanesoa. Ama ne znam spored pravilata dali e dozboleno nekolku chasovno video.
 
Чорапи – дел од промотивниот мaтеријал на ВМРО-ДПМНЕ
Вечерва на социјалните мрежи беше објавена фотографија од промотивен материјал на ВМРО-ДПМНЕ. Според написите, оваа партија чиј слоган за претстојните парламентарни избори на 15 јули е „Обновата продолжува“, денеска во некоја од населбите на општината Карпош, меѓу другото делела и чорапи.

DPMNE-deli-chorapi-600x375.jpg


tenor.gif
 
Чорапи – дел од промотивниот мaтеријал на ВМРО-ДПМНЕ
Вечерва на социјалните мрежи беше објавена фотографија од промотивен материјал на ВМРО-ДПМНЕ. Според написите, оваа партија чиј слоган за претстојните парламентарни избори на 15 јули е „Обновата продолжува“, денеска во некоја од населбите на општината Карпош, меѓу другото делела и чорапи.

DPMNE-deli-chorapi-600x375.jpg


tenor.gif
Спонзорства :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom