Како се наближува денот на изборите, реториката се вжештува. Ништо ново, да, само се изненадив што на пдф криминалци и нивни почитувачи ја најдов следната вест:
Агенцијата за разузнавање има нови сознанија за „Диво Насеље“
...тоа е онаа агенција која во моменотв ја раководи кадар на ДУИ, познати и прекалени борци за човекови права предводени од прозападен лидер Аљи.
Имаме нови сознанија за кумановските настани од 2015 година и очекуваме средба со Јавното обвинителство да видиме како може да помогнеме за целосно расветлување на случајот, вели за РСЕ директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.
www.slobodnaevropa.mk
(да понекогаш барајќи мотиви за таквите опрделби посетувам и пдф како “Криминалци-и-криминални-групи-во-МК“ и “Бугарско-државјанство-процедура-и-потребна-документација“ каде модератор е нашиот ценет член Никола, извонредна модерација честитки!)
...на темата. Ако внимателно се чита текстот потпишан од некој си Срѓан Стојанчов ќе се најде изобилство на проекции и можни правци во кои би можеле да се одвиваат претстојните избори. Прашање, знае ли некој повеќе инфо за овој Срѓан, мислам очевидно е дека е кадар на големиот и секогаш независен Геро, тоа што има висока цена неговата независност и непристрасност нека не ве залажува, секогаш е така високите вреднсти имаат висока цена! Секоја инфо за новата надеж на БНД ќе биде добредојдена. (толку очигледно повикување на искази од терористи како веродостојни извори до сега е немало во демонкратурава [демонкратска креатура која за себе има перцепција дека е држава], ама никогаш не е доцна за да се оди уште подолу-подлабоко)
Според насловот станува јасно дека некој сака да ја инструментализира агнецијата во насока на дискредитација на опозицијата и да се наметне севрџганизмот како единствена опција, опција која нема алтернатива. Структурата на текстот ги содржи сите досегашни познати тези со кои се уништуваше Македонија, ништо не е изоставено.
Ако се врши компарација помеѓу настаните од 1999/2001 и настаните 2015/2017 ќе се забележи чудена хронолошки редослед, и тогаш започнало со опозицион лидер кој прислушкувал и сега во 2014/15 го имаме истото,... старт со нелегално стекнати прислушкувани разговори... понатаму приказната има идентичен развој само што сега немавме пукања (ако се одземе пукањето на “војниците“ на Црпе во Собрание)...
Дали овој според се нарачан текст во гласилото на БНД има за цел да најави нови разигрувања?
Ако да, дали разигрувањето ќе биде според описот во текстот?
Ако не, зошто БНД троши ресурси на вакви работи од кои нема полза?