Литија

  • Креатор на темата Креатор на темата mickey mouse
  • Време на започнување Време на започнување

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
1.007
Поени од реакции
2.798
Локација
секаде
Литијата е православен обред кој се извршува во форма на торжествена поворка од страна на свештенослужителите и верниците, проследена со црковни химни, икони, крстови, рипиди и други свети предмети, со цел да се отдаде почит кон Бога и Неговите светии и да се испроси Неговата благодат и милост.

Литија, во превод од грчки, означува усрдно сенародно молење. Една од особеностите на литијата е тоа, што таа се извршува околу храмот, манастирот или градот. Зошто? На ова прашање, свети Симеон Солунски одговара на следниот начин: „Потребно е да се знае, дека сите литии, се извршуваат надвор, или во притворот, или околу обителта, или градот, а се извршуваат во спомен на нашето отпаѓање, дека ние, отпаднатите грешници се наоѓаме надвор од Едем, и дека сме должни да се научиме на смирение и да размислуваме дека сме недостојни за светите места – рајот и небото, и да се угледаме на митарот, кој според длабокото смирение на својата гревовност стоеше во далечината, и на Адама, изгонетиот од рајот“.Осветување на сите стихии на природата е првата побуда за извршување на Литијата. Свети Симеон Солунски говори: „На патиштата и на раскрсниците ние извршуваме молитва, за да ги очистиме сите патишта, осквернети со нашите гревови. Ги подигаме од храмот светите икони, ги изнесуваме чесните крстови, а понекогаш каде што има, и светите мошти на светиите, за со нив да се осветат луѓето и сè што им е потребно во животот, – дом, вода, воздух и самата земја, како изгазена и осквернета од стапалата на грешниците. Сето тоа го правиме со една цел, населениот град и целата земја да станат причасници на Божествената благодат, да го отфрлат од себеси сè она што е штетно и погубно; се молиме, да биде милостив кон нас Оној, Кој се воплоти за нас и прими облик на слуга, Кого го претставуваат божествените икони и образите на Неговите светии“.

Свети Филарет Московски вели: „Кога земаш учество во Литијата, помисли, дека одиш под водство на светиите, чии икони со нас одат, и се приближуваш кон Господа. Земната светиња ја повикува Небесната светиња“.

Литијата има библиско потекло. Во Стариот Завет, старозаветните праведници често извршувале торжествени и сенародни поворки со песни, труби и свети предмети. Сведоштво за тоа наоѓаме со свештените книги на Светото Писмо. Првите праобрази на Литијата ги наоѓаме во Стариот Завет и тие се: патувањето на синовите Израилеви од Египет во Ветената Земја; потоа, патувањето на Израилскиот народ заедно со Ковчегот на Заветот, при што се случило чудесното разделување на реката Јордан; торжественото седумкратно обиколување околу ѕидините Ерихонски со Ковчегот на Заветот, при што се случило чудесното паѓање на непристапните ѕидови на градот Ерихон од гласот на свештените труби; а исто така и сенародното пренесување на Ковчегот Господов од царевите Давид и Соломон. Овие примери од животот на избраниот народ, кои ние ги наоѓаме во Светото Писмо, се пример за востановување на благочестивите Литии или поворки во христијанската црква. Исто така, и Самиот Спасител Господ наш Исус Христос ни покажал пример на торжествена поворка, кога Он влезе во Ерусалим во придружба на многуброен народ кој му воскликнуваше: „Осана на Давидовиот син“ (Мат. 21, 9).

Во првите векови од своето постоење, христијанската Црква, не можела слободно да ја исповеда својата вера, а уште помалку да извршува сенародни свечени Литии. Во тоа тешко време за христијаните, тие поворки се ограничувале на случајни пренесувања на мошти на маченици, кои се извршувале ноќе. Така на пример, телото на свештеномаченикот Кипријан, епископот Картагински, било пренесено ноќе, со торжествена Литија со светилки, во домот на Макробиј. Во 290 год., телото на маченикот Бонифациј било пренесено од Тарс во Рим, а римската сестра Аглија, кај која што тој бил слуга, му излегла нему во пресрет со торжествена Литија, со мноштво на свештеници и народ кои пееле духовни химни.

Посебен развој во христијанската црква, Литиите добиле во Ерусалимската црква, каде се извршувале за време на празничните денови.

Со текот на времето, литиите добиле широка примена и развој во Византија.

Свети Јован Златоуст организирал, против аријаните, ноќни Литии по улиците на Константинопол. За таа намена специјално се правеле крстови, кои торжествено биле носени по градот заедно со светите икони. Луѓето носеле и запалени свеќи.

Подоцна во борба против ереста на Несториј, специјални Литии организирал и свети Кирил Александриски. Исто така, Литии биле организирани и за избавување од масовни епидемии, поплави, суши, несреќи, ропства и.т.н. Може да се каже дека, секој голем настан од животот на Црквата бил проследен со заедничка молитва и Литија.

Литиите во Православната Црква, од древни времиња, според својата појава биле разнообразни и се карактеризирле како: умилителни, покајни, благодарствени и торжествени.

Првите, умилителни Литии, посебен развој добиле на Исток. Тие биле извршувани со посебна подготовка и посебно торжество од страна на христијаните, при посебни настани од животот на Црквата или државата, а исто така и во случај на опасност за Православието.

Другите Литии, кои се извршувале при изградба на храм или негово обновување, носеле благодарствен характер.

Во историјата на Источната Православна Црква, ние имаме примери и на покајни литии кои се извршувале: за време на суши, поплави, земјотреси, пожари и.т.н.

Литијата може да има и торжествен характер и да да се извршува во чест на некој торжествен настан од животот на Црквата. Таквите Литии се извршуваат еднаш годишно, во чест на некој светител или во чест на некоја чудотворна икона на Божјата Мајка.

20200614_223406.jpg20200614_223345.jpg20200614_223452.jpg20200614_222841.jpg
Денеска се одржа Литија во неколку градови во Црна Гора
 
Оваа литија е организирана во знак на протест против законот за слобода на вероисповест.
Искрено, не ми се допаѓа оволкав собир кога има забрана за собирање, маски никој не носи...:facepalm:
 
Малку оф топик, ама ова требаше ние да го направиме пред неколку години.

Инаку литијата е една од најубавите работи која ги има нашата религија, баш убаво што почнаа да се практикуваат од пред неколку години во одредени градови.
 
Литијата е православен обред кој се извршува во форма на торжествена поворка
Една работа ме интересира... што е тоа „торжествена“? Каков збор е торжествена, бидејќи го нема во речникот на македонскиот јазик. Што треба да значи?

Мислам дека ова би било интересно прашање за ТВ анкета за време на некоја литија :)
 
Малку оф топик, ама ова требаше ние да го направиме пред неколку години.

Инаку литијата е една од најубавите работи која ги има нашата религија, баш убаво што почнаа да се практикуваат од пред неколку години во одредени градови.
зошто?
мене барем ми е средновековен чин на популизам на црквата.
Уствари секој начин на јавно практицирање на религија не ми е во ред. Не е воред повикување на молитва од џамиите со 100 децибели, не е во ред ниту ова, а ниту градската слава во Прилеп насред плоштад за св.Никола. Религијата барем треба да си биди интимно нешто, а не нешто за кое што некој би бил осудуван, без разлика дали бил или не на поворката за литијата.
 
За верниците е убаво чин, сега не гледам како на некого би му сметало тоа што еден ден во годината, градот е полн со народ и живнува.Јас колку што знам на литиите не се држат никакви говори ниту пак се убедува некој во нешто, освен што се пеат црковни песни, така да верниците имаат секое право на тоа.За џамиите проблемот е што озвучувањето е премногу јако, нема потреба езанот да се слуша низ цело Скопје, тој што сака да оди во џамија, ќе отиде во својата населба, и озвучувањето треба да е во нормални децибели.
 
Малце е релативно тоа дека за сите верници е убав чин.
јас сум христијански верник, можеби само традиционалист, ама сепак литии не ми се океј. Во државава ни се сервира религија на дневна база се повеќе и повеќе со тек на времето (зборувам за двете религии), а веќе сне едни од нај религиозните држави во Европа.
1592210725982.png
 
Една работа ме интересира... што е тоа „торжествена“? Каков збор е торжествена, бидејќи го нема во речникот на македонскиот јазик. Што треба да значи?

Мислам дека ова би било интересно прашање за ТВ анкета за време на некоја литија :)
Сигурно е грешка. Треба да биде божествена .
 
Сигурно е грешка. Треба да биде божествена .
Десеттина пати е употребен во воведот, плус го слушам на ТВ, го читам по сајтови, а не е јасно што значи. Ако е македонски збор и ако се користел и порано, зошто го нема во речник?
 
Една работа ме интересира... што е тоа „торжествена“? Каков збор е торжествена, бидејќи го нема во речникот на македонскиот јазик. Што треба да значи?

Мислам дека ова би било интересно прашање за ТВ анкета за време на некоја литија :)
Свечен/церемонијален.
 
Десеттина пати е употребен во воведот, плус го слушам на ТВ, го читам по сајтови, а не е јасно што значи. Ако е македонски збор и ако се користел и порано, зошто го нема во речник?
Свечен/церемонијален.
Имате право не е печатна грешка од божествен. https://en.wiktionary.org/wiki/торжество
Стар словенски збор што се користи и во руски а значи славење .
 
зошто?
мене барем ми е средновековен чин на популизам на црквата.
Уствари секој начин на јавно практицирање на религија не ми е во ред. Не е воред повикување на молитва од џамиите со 100 децибели, не е во ред ниту ова, а ниту градската слава во Прилеп насред плоштад за св.Никола. Религијата барем треба да си биди интимно нешто, а не нешто за кое што некој би бил осудуван, без разлика дали бил или не на поворката за литијата.
Меме не ми се во ред партиски митинзи,ама сепак ги има!
 
Krajno vreme e veke i nie Pravoslavnite sto ziveeme vo Makedonija da se obedinime vo Verata i da organizirame litii,najprvo vo Skopje,sekoja Sabota ili sl.Da pokazame deka sme dojstojni da se nareceme Pravoslavni Hristijani
Vremeto naglo se ubrzuva,Bozliot gnev se spusta na site narodi,zasto nema pokajanie,nema molitvi,nema post i vozdrzanie od strastite,ljubovta edeni kon drugi kako brakja vo Hrista izbleduva i se ragja omraza i zloba
Da ne go gnevime poveke Gospoda so gresniot nacin na ziveenje,site zaedno slozni da povikuvame na pokajanie i da mu se molime na Boga za pomos,zosto sami po sebe nemozeme nisto.A samo zatoa sto vo nasiot narod nema pokajanie Gospod dopusta razni iskusenija,nevolji i stradanja.Doprva ke go svatime toa koga nevoljite ke se umnozat.Sve e jasno napisano vo Svetoto Pismo i zitijata na Svetite Otci koi ni ostavile mnogu prorostava deka do ova e dojde,samo zalosno sto nikoj veke ne cita i ne mu e gajle ni za Boga,ni za spasonosnata Vera nasa. Da ne cekame poveke zosto veke e kasno,dosta spieme,Da se razbudime dur ne e prekasno!
Slava mu na Gospoda za sve
 
Ne me bendisuva ovaa recenica.
Mozno li e Bog da se razgnevuva od sopstvenata tvorevina!?
Bog ne sozdal nas kako najdraga tvorba,ziva slovesna,zatoa covekot gospodari nad se drugo vo prirodata,no toa neznaci deka nie mozeme da pravime sto sakame,i da se zamislivame bogovi,Zar lebot e pogolem od pekarot,ili kukata od majstorot sto ja napravil.Problemot e sto nie ne si go znaeme mestoto vo ovoj svet. Site sto se ogresile pred Boga zasluzeno Bog gi kaznuva,ima mnogu primeri zapisani vo Biblijata,kako i toa kako treba da se zivee Bogougodno, samo treba vnimatelno da se cita i razbere.
Take e i do den denes,samo zaradi Bozjata mnogumilostivot i dolgotrpelivost seuste ziveeme.Gospod ne ceka,treba samo da se pokaeme i ja prizname nasite grevovi pred Boga.Nie treba da go napravime prviot cekor,za drugoto ke se pogrizi Gospod
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom