Која е разликата да си осигуран со основно или средно образование

  • Креатор на темата Креатор на темата basist
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 февруари 2019
Мислења
66
Поени од реакции
46
Возраст
34
Сакам да се осигурам но сеуште не е готова дипломата од средно дали да почекам или да се осигурам со основно образование
 
За вработување ли ти треба?
Мислам дека е исто, јас кога се вработував исто не ми беше готова дипломата од средно, па ме пишаа со основно, после од кога ќе ја добиеш можеш да отидеш да го смениш тоа.
 
За вработување ли ти треба?
Мислам дека е исто, јас кога се вработував исто не ми беше готова дипломата од средно, па ме пишаа со основно, после од кога ќе ја добиеш можеш да отидеш да го смениш тоа.

да за вработување но дали после пак ке треба да одам во бирото за вработување се одново да поднасам документи?
 
да за вработување но дали после пак ке треба да одам во бирото за вработување се одново да поднасам документи?
Не туку само ќе отидеш со дипломата и ќе го сменат тоа ама ништо посебно не ти менува тоа, јас од кога ја земав дипломата отидов да го сменам, и налетав на еден 60 годишен вработен , у старт нешто почна да се понаша, зошто дипломата била извиткана, немало да биде ништо од оваа младина, зошто не носиш пенкало со тебе, и се изнервирав и му реков нема потреба да го менуваш, врати ми ја дипломата, така да исто ти е, у држава каде што човек од 60 години кој 40 години зема пари од народот, истиот сум го плаќал и јас до кога работев доле, нема никаква почит кон оние кои го хранат, не можеш да очекуваш дека дипломата ќе ти направи некоја разлика.
Но како сакаш кога веќе си завршил средно, зошто да си заведен како да имаш само основно образование, некој купуваат лажни факултетски дипломи а ти си го завршил средното чесно.
 
Истово баш ме интересираше заведен сум со средно и никогаш не отидов да се пријавам со високо образование ваљда и за тоа не ми менува ништо џабе само ќе се замарам да се пријавувам
 
Буквално нема никаква врска со какво образование си пишан. Сум пријавувал вработени и со високо образование, кои никогаш не се пријавиле како активни баратели на работа во АВРМ, па сум носел копија од лична карта само за да им внесат основни податоци во систем, за да можам после да ги пријавам. На М1 образецот им стои НЕКВАЛИФИКУВАН - БЕЗ ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ (а они со високо), па никому ништо. Кога ќе можеш, ќе ја однесеш дипломата, и ќе те ажурираат, ништо страшно.
 
А за која дејност станува збор?
 
Колку си сигурна за ова? Затоа што јас колку што знам не прави разлика тоа со какво образование си..
За старосна пензија, само годините стаж прават разлика(под услов да си над прагот).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom