Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
... ќе ја решиле пандемијава, па уште во Англија скандалов :facepalm:
 
Море @Igorcemk што зборува овај патологов?
Главниот патолог на Универзитетот во Хајделберг повикува на повеќе обдукции на вакцинирани луѓе,

,,,...Патологот кој направил повеќе обдукции на починатите кои биле вакцинирани против Корона неговите тези добија многу критики.Тој самиот нагласува дека вакцинацијата е суштински дел од борбата против вирусот.

Главниот патолог на Универзитетот во Хајделберг, Петер Ширмахер, повикува на уште многу обдукции на вакцинирани луѓе. Покрај смртните случаи од корона, труповите на луѓе кои умираат во врска со вакцинацијата, исто така, ќе треба почесто да се испитуваат, рече Ширмахер од Германската прес -агенција во Штутгарт. Директорот на Патолошкиот институт во Хајделберг дури предупредува на голем број непријавени случаи на смртни случаи од вакцинација и се жали: Патолозите не' слушаат за повеќето пациенти кои умираат после и веројатно од вакцинација. Сепак, други научници не се согласуваат со него во оваа точка, како и Постојаната комисија за вакцинација (Стико) и Институтот Пол Ерлих.

Веќе една година, смртните случаи од корона се обработуваат на универзитетските клиники од југозапад, со цел подобро да се разбере болеста. Државата го поддржува истражувањето на аутопсијата на „Ковид-19“ на универзитетските патологии со околу 1,8 милиони евра. Ширмахер го предводи проектот за обдукција. Наодите од повеќе од 200 обдукции до сега, меѓу другото, доведоа до подобар третман на заболените од Ковид, вели тој. „Знаењето стекнато овде помага да се биде во можност подобро и поуспешно да се третираат болните луѓе и да се спасат животи“, вели министерката за наука Терезија Бауер. Ширмахер, член на Националната академија на науките Леополдина од 2012 година, се надева дека финансирањето ќе продолжи и следната година.

Други научници покажуваат критика за изјавите дадени од главниот патолог,

Лекарот сега сака да дојде до основата на ретките, сериозни несакани ефекти од вакцинацијата - како што се тромбоза на церебрална вена или автоимуни заболувања.
Проблемот од негова гледна точка: Вакцинираните луѓе обично не умираат под клиничка опсервација. „Лекарот кој го испитува трупот не воспоставува контекст со вакцинацијата и потврдува природна смрт и пациентот е погребан“, известува Ширмахер. „Или тој потврдува нејасен тип на смрт и јавниот обвинител не гледа грешка од трета страна и го пушта трупот за погреб“.

Во Баден-Виртемберг, патолозите затоа работеа со јавни обвинители, полиција и лекари, пренесува Ширмахер. Повеќе од 40 луѓе се веќе аутопсирани, кои починале во рок од две недели откако биле вакцинирани. Ширмахер претпоставува дека 30 до 40 проценти од нив починале од вакцинација. Според него, фреквенцијата на фатални последици од вакцинацијата е потценета - политички експлозивна изјава во време кога кампањата за вакцинација губи интензитет, варијантата делта брзо се шири и се дискутираат ограничувања за невакцинирани луѓе.

Ширмахер тогаш исто така доби јасни забелешки од други научници. Неразбирливи се изјавите дека во моментов има премалку знаење за несаканите ефекти и дека се потценуваат опасностите од вакцинација, велат од Институтот Пол Ерлих. Особено за сериозни реакции, кои исто така вклучуваат кога некое лице умира по вакцинација, постои обврска да се пријави според Законот за заштита од инфекција. „Не знам за какви било податоци што би дозволиле да се направи разумна изјава овде и не започнувам од непријавен број“, рече шефот на Постојаната комисија за вакцинација, Томас Мертенс.

Федералното здружение на германски патолози, исто така, повикува да се направат повеќе аутопсии на оние кои се вакцинирани.
Имунологот Кристијан Богдан од Универзитетската болница Ерланген, исто така, нагласи дека нема причина да се претпоставува дека има голем број непријавени компликации од вакцинацијата, па дури и смртни случаи.
„Исто така, не може да стане збор за занемарување на можните опасности од вакцините за СОВИД-19“. Особено последните неколку недели и месеци покажаа дека системот за надзор работи добро. Во Германија, на пример, ретката појава на тромбоза на церебрална вена по вакцинација со Астразенека (1-2 случаи на 100.000 вакцини) беше препознаена како компликација, вели Богдан.

Ширмахер инсистира на своето мислење. „Вашите колеги дефинитивно грешат затоа што не се способни компетентно да го проценат ова конкретно прашање“, одговори тој. Тој не сака да шири паника и во никој случај не е против вакцинацијата, вели професорот, кој вели дека и самиот се вакцинирал против корона. Вакцинацијата е суштински дел од борбата против вирусот, појаснува тој. Но, мора индивидуално да ги одмерите медицинските причини за вакцинација. Од негова гледна точка, „разгледувањето на индивидуалната заштита“ е прекриено со идејата за брза вакцинација на општеството.

Федералното здружение на германски патолози, исто така, се залага за повеќе обдукции на вакцинирани лица. Ова е единствениот начин да се исклучат или докажат врските помеѓу смртта и вакцинацијата, вели Јоханес Фриман, шеф на работната група за обдукција во здружението. Меѓутоа, од негова гледна точка, се спроведуваат премалку обдукции за да се зборува за непријавен број. Општите лекари и здравствените власти треба да бидат свесни за ова. Сојузните држави ќе треба да им наложат на здравствените власти да нарачаат обдукција на лице место.
Федералното здружение на патолози го побара ова во писмо до министерот за здравство Јенс Спан во март. Тоа остана без одговор, вели Фриман.
 
Очигледно не се заинтересирани за вакцина од грип, него за вакцина од корона. Очигледно се работи за големи пари. Тоа што го стигматизираат како теории на завери (иако реално информации од познати и признаени пиејџди доктори) е со одредена цел.

При над 320 илјади пензионери и којзнае колку болни од хронични животозагрозувачки болести, носат (ќе) само 40 илјади вакцини.
Од министерството за здравство за промена новинарите треба да бараат одговор за смешно малите количини вакцини за грип и одговор од здружението на матични зашто не сме известени од матичните на време за да се пријавуваме за истите.
Нели истражувачко новинарство, трте мрте
ова неколкупати му го укажав, џабе.

Не знам што не ти е јасно врска грипот... според верниците во одредени претпоставени и само на дел од нивните тврдења (не сите заклучоци), грипот го нема, бидејќи маски се носат, се држи дистанца и се мијат раце.
Значи грипот го прогласија за умрено.
Овие 40.000 парчиња се онака да се потроши некое евро и покаже слика дека се грижат за народот.
 
Во Мелбурн имам роднини. Ај што три месеци јадеа карантин, сега почнаа да им се закануваат во самите компании дека ќе ги отпуштат од работа ако не се вакцинираат. Конкретно компании како DHL..

Ај што незнам компаниите каде ќе најдат одма замена за тие работници, туку и првпат во човештвото се случува присилна вакцинација од ваков размер.

Пријателиве мораа да одат кај еден доктор кој боцка со витамини, а дава потврда за ковид вакцина.

Советот што им го дал е да почекаат да излезат апчиња, па нема толку да се навалува со вакцината.
Настрана режимот во Австралија, ај некој нека ми ја појасни логикава - не веруваат на науката во однос на вакцини ама чекаат од истата наука да ги спаси со апчиња?Секој што врска нема од наука си заклучува дека повеќе ќе верува на апче отколку на вакцина.Зошто, не е малку иронично? Воопшто не ми е јасен мисловниот процес на луѓево. :facepalm:
Автоматски споено мислење:

Новороденчиња со опашки и едно око:https://www.facebook.com/654257844/videos/202542925313668/
Каква манипулација со народот човече.Изјавата не е дека веќе се случило тоа, туку мислење на некој си човек што би можело да се деси во иднина.Што секако не е автоматски релеватно бидејќи е само нечија изјава.Ама битно антиваксерскиве портали си вртат по нивно за да се плашат луѓе.
 
Последно уредено:
Настрана режимот во Австралија, ај некој нека ми ја појасни логикава - не веруваат на науката во однос на вакцини ама чекаат од истата наука да ги спаси со апчиња?Секој што врска нема од наука си заклучува дека повеќе ќе верува на апче отколку на вакцина.Зошто, не е малку иронично? Воопшто не ми е јасен мисловниот процес на луѓево. :facepalm:
Автоматски споено мислење:

Не го чекаат апчето за нив. Го чекаат времето кога нема да дрват за вакцините да се продаваат толку. :tapp:
Науката се базира на факти, а фактите се градат според статистика. Меѓутоа, кога профитот ги изместува фактите, повеќе тоа не е наука. Не функционира за секого вакцината, секое тело е различно. Апчето од друга страна се зема орално и нема потреба од некои штетни супстанци за да биде ефикасно. Башка на крај краева, ако медицината толку сакаше да спасува животи, ќе имаше сосема друг пристап во медиумите, од типот "подобро да се спречи отколку да се лечи".
 
 
Project Veritas маме ебава :D
Не ги остава на мира сите научници што работат во Фајзер.

Ново видео, Фајзеровци знаат дека вакцината не создава воопшто антитела кај некој луѓе и не ги ни интересира зошто/како се случува тоа.

 
Project Veritas маме ебава :D
Не ги остава на мира сите научници што работат во Фајзер.

Ново видео, Фајзеровци знаат дека вакцината не создава воопшто антитела кај некој луѓе и не ги ни интересира зошто/како се случува тоа.

Како бре не создава?
Па претходна недела ме ставивте на смртна постела оти создавала, сега па не создава. :sleep:
 
Што кажа овој што не знаевме? Освен што збори ко просечна тинејџерка на тикток, другото се знае од прв ден, односно дека кај мал процент вакцината нема да предизвика антитела.
 
За тој што не разбира, Фајзер го боли пенис, што прави вакцината, што не прави. Битно им е да добијат дозвола и да продадат што повеќе вакцини.

Ова во контекст на безбедност на вакцината.

Иначе ајде уште еднаш за митот на имунитет на стадо.

1634368725462.png

1634368743973.png

Британија со 78% целосно вакцинирани жители и 93% од населението со антитела има сличен или бетар график од Македонија.

Очајот се гледа и кај Џон во ова видео.

 
Ново видео, Фајзеровци знаат дека вакцината не создава воопшто антитела кај некои луѓе и не ги ни интересира зошто/како се случува тоа.
post: 9441726 напиша:
Како бре не создава?
Па претходна недела ме ставивте на смртна постела оти создавала, сега па не создава. :sleep:
...секој според група каде спаѓа, дали во таа што создава или не, потенцирано е ,,кај некои луѓе,, :kafence:
 
Прогласија "пандемија на невакцинираните" (порака која ја вртат сите мас медиуми со цел да создадат дополнителен страв и притисок), со тешката зима која исто така е најавена и брановите кои ни следуваат, и мене ми всадија страв во коски и ме сместија на смртна постела. Одговарал ли некој некогаш за ширење неоснована јавна паника (во време на пандемија)?

:sleep: :sleep:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom