Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Имаше дека штити вакцината и тоа со многу висок процент од потешки симптоми и хоспитализација.Ако на волку ниски бројки на заболени веќе се појави случај на хоспитализација на вакциниран со две дози,тогаш што ке биде понатаму со високи бројки на заболени?
Дел од нив најверојатно ќе бидат хоспитализирани, што не ме чуди.

Едноставно е, дадоа вакцини и рекоа истие не ве штитат од вирус него од тешки форми на ковид (во одреден процент) и смртност (исто во одреден процент).

Ако некој се надева дека е 100% заштитен бидејќи се вакцинирал тогаш да му е со среќа. Штом вакциниран може да се зарази и да шири зараза тогаш се знае на што сме.
 
Бонус 2: бидејќи ние сме слепо црево и не е сезона за Делтата, па да видиме сезона 2021/2022 дали ќе остане тој низок процент од вакцинираните.

Доколку остане, ќе речат, ете гледате, функционираат вакцините,
Доколку пораснат, ќе речат, ама касно се вакцинирале, потребни се 2 месеци минимум од втората доза :pos:

Леле со Ригил сигурно :drk:. Браос, ќе им било забрането во кина, музеи ,спортски настани односно секаде каде има повеќе од 100 луѓе.

Имало 600.000 невакцинирани и тие биле причината што 8милиони немало да имаат слобода. :tapp::tapp:
Не бе целофначиња мои драги, слобода немате од тие што воведуваат ограничувања под разни изговори. Баш Израел со толку вакцинирани и такви мерки е доказ дека друга им е целта.

Нема враќање назад на "нормалното", па и секоја година по двапати да се бодеме. Сакав да пишам нема да имаме слобода, ама ми текна дека вие сте за тоталитаризам, за да немате одговорност за своите постапки. Што одлучат Грујо, Зајо и Ахмети за вас не е проблем, после ако е лошо нив ќе ги обвинити и ќе продолжите да живеете во жабокречинава. Исто како и претходни 30г што прави народ.

Најразлични причини ќе измислуваат, (две недели само, па издржете додека дојдат вакцините, па дал имало немало, па мутации итн итн) само под страв да сте, вниманието да ви е насочено кон сограѓаните, а не кон тие што ги трошат нашите пари и одговорни дал ќе имаме привелегии. Не за друго, случајно да не побарате од нив одговорност и да ги казнувате. Вака, слепо пред авторитет и вози Мишко.

Бафра, значи најдобро е сега да си невакциниран outlaw, изгледа само тие ќе го преживеат вирусот. Ваљда нив не им може вирусот ништо, а нас послушните робови дури и вакцинирани не ништи.

Anyway, ова е најновата вест за Фајзер, пронајден осиромашен ураниум во вакцината.

Во Фајзер има осиромашен ураниум откако словенечка лекарка поради сомнежи течноста од вакцината ја претурила во епрувета и под друго име ја испратила на хемиска анализа во Германија и добила писмен одговор кои хемиските елементи ги има во самата течност.
[/QUOTE
 
Последно уредено:
Кај нас единствена стратегија е стекнување на колективен имунитет со заразување од сите по ред соеви. Друга стратегија овде не помага, ваков народ само тоа го знае.
Никој не му е гајле за ризичните групи, важна им е само себичноста.
Во однос на Израел, не е рекордер по вакцинираност одамна. Но нивната зацртана цел е јасна и ќе ја постигнат со сите средства, затоа што имунизацијата е единствен спас од вирусот.

FireShot Capture 020 - Coronavirus (COVID-19) Vaccinations - Statistics and Research - Our W_ ...png
 
Никој не му е гајле за ризичните групи, важна им е само себичноста.
Зошто самите не се грижат за себе? Зошто не се пријавуваат за вакцинација? Сега има и теренска, а мислам дека беше најавена и по домовите! Пак тапкаме во место по тие статистики.

Колективен нема да имаме. Нема ни вакцини за колективен, за разлика од УК и Израел. Веројно ќе се заразуваме.

Тоа е доказ дека вакцината не дава заштита од 93-95%. Но да, на мал број заболени имаме неколку хоспитализации, не знаеме за каква клиничка слика станува збор. Ќе видиме што ќе се случува кога бројката ќе порасне. Имаме по 20-40 заболени (/позитивни) од 2-4.000 тестови скоро секој ден.

Мене ме интересираат 2 работи:
1. Рестрикциите кон невакцинираните (сигурно ќе се одрази политички).
2. Суспендирање на оној дел од медицинскиот персонал кој не е вакциниран (многу неколегијално е да се притиска кон ова решение).

Гледам дека политичарите не држат дистанца, имаат собири и не ги почитуваат мерките. Но затоа немилосрдно ја казнуваа рајата за најглупавата мерка во светот- маска на отворено!
 
2. Суспендирање на оној дел од медицинскиот персонал кој не е вакциниран (многу неколегијално е да се притиска кон ова решение).
Која е таа кокошка, пардон медицинско лице, кое можи да ми гарантира дека вакцинирано лице НЕ може да ми пренеси вирус?
САМИТЕ производители на вакцини не го гарантираат тоа - напротив, од каде тогаш оправданост на ваквата една мерка?

Ене ги еден куп вакцинирани, не носат маски во затворен простор, не држат дистанца и не мијат раце. Тоа е пораз, а не некој што не се вакцинирал од X причини па сега мора да е маргинализиран и шиканиран од самото општество и институциите во него, а потоа и од напалени едноклеточни амеби како поединци.
 
Нема везе,си наоѓаат разлог за да критикуваат пошто ништо друго не знаат ниту ги интересира.Гледаш две работи ги интересирале,суспендирање на медицински персонал и рестрикции дали ке се вовеле.Мене ме интересира на пример дали член на семејството ке заврши со цевки во уста на карил,дали ке имам да платам по 2000 евра на ден за на приватна клиника живот да му спасувам.Да видиш у живо такво нешто со цевки у уста со луѓе што не ги познаваш е претешко,а камоли близок или недај боже член на фамилија.Еве вака ти кажувам овој да ми е при рака со слободарскиов дух што исправа криви дрини ребра и вилица ке му искршам,верувај.Е до толку се нервирам додека некои собираат пари по донации по социјални мрежи за некого,додека некој се бори за капка воздух за кршење човечки права да кењаат.Се тоа слободарците по бандери би ги бесел
 
Кај нас единствена стратегија е стекнување на колективен имунитет со заразување од сите по ред соеви. Друга стратегија овде не помага, ваков народ само тоа го знае.
Никој не му е гајле за ризичните групи, важна им е само себичноста.
Во однос на Израел, не е рекордер по вакцинираност одамна. Но нивната зацртана цел е јасна и ќе ја постигнат со сите средства, затоа што имунизацијата е единствен спас од вирусот.

Прегледај го приврзокот 302402
Не е точно.

Веќе е евидентно дека крај ќе има кога сите ќе се заразат. Реинфекции нема т.е. многу се малце.

Единствено секој треба да одбери дали сака вакциниран или невакциниран да го помини вирусот.
 
Нема везе,си наоѓаат разлог за да критикуваат пошто ништо друго не знаат ниту ги интересира.Гледаш две работи ги интересирале,суспендирање на медицински персонал и рестрикции дали ке се вовеле.Мене ме интересира на пример дали член на семејството ке заврши со цевки во уста на карил,дали ке имам да платам по 2000 евра на ден за на приватна клиника живот да му спасувам.Да видиш у живо такво нешто со цевки у уста со луѓе што не ги познаваш е претешко,а камоли близок или недај боже член на фамилија.Еве вака ти кажувам овој да ми е при рака со слободарскиов дух што исправа криви дрини ребра и вилица ке му искршам,верувај.Е до толку се нервирам додека некои собираат пари по донации по социјални мрежи за некого,додека некој се бори за капка воздух за кршење човечки права да кењаат.Се тоа слободарците по бандери би ги бесел
Те разбирам, но мора да признаеш дека мерката е фашистичка парекселанс.
Нема што да суспендираш мед кадар од работа пошто не се вакцинирал ако истиот си работи со маска, нараквици и се придржува до протоколи.
Мене прашањето ми беше што со оној мед персонал кој НЕ носи маска во затворено и НЕ внимава на протоколи? Тек јас што би му правел на таквите да знаеш...

Од главата си патиме.

Еве чисто за илустрација, пред некој ден во Оддел за кардиологија од една државна ни болница специјалист по медицина ЦЕЛ ЕБАН ДЕН примаше пациенти БЕЗ маска.

Мислиш дека ме интересира дали истиот има две дози фајзер-шмајзер или не?

Ти ја разбирам нервата, но паричката има две страни. Впрочем да не ни беше здравствениот систем руина (за жал ти го увиде тоа во прво лице еднина) и да имавме свесни луѓе кои знаат да држат до себе и до дистанца, миење раце и маска носење немаше да имаме бранови и бранови и бранови со ТАКОВ исход. Најверојатно ќе се спасеше по некој човечки живот.
 
лажат маме им ебам хехеехехехехех
 
Јас не му ја разбирам нервозата. Прво следи членови во Играчилница и ги навредува, за што си попи бан. Потоа им посака да завршат на вентилатор, за на крај да крши вилици и да беси низ градов! Манијакален човек со евидентни психички проблеми, а пробав со него и со убаво, што приватно, што на форумов.

Се утепа по вакцина (АЗ сакал), па потоа ни вакцина не виде- сеуште не е вакциниран. Не знам што галами. Нека почека колку му кажале, нека се вакцинира, па нека галами.

Најчовечки му посакав и добро здравје, и брзо опоравување и да си најде подобра работа (независно дома или во странство). Ама ќе кршел вилици.

Чива вина е тоа што се собираа донации? Даноци си плаќам, зошто не се градат болници, а се градат споменици и се делат тендери, провизии и патни трошоци? Тој проект (Клинички) е стар 10 години! Зошто не се инвестира во нашиве болници? Дел се руинирани. Чадор ставиле каде протекува!

И луѓе собираат донации и за друго, не само за Ковид. На врвот на Европа сме во смртност на бебиња и родилки, сериозен проблем за кој никој не зборува! Загадувањето е проблем кој не мачи повеќе од деценија! Протестирав со уште 30тина јадници. Луѓе не умираат само од Ковид. Луѓето не страдаат само од Ковид. Зошто вака не се пристапи за решавање на сите проблеми кои го мачат општеството?

Платата ми е таа, сега морам да плаќам поскапа струја, ама дечкото не се грижел за рестрикциите. Ок, и јас не сакам да гледам луѓе на апарати, ама сега барем вакцини има, што ги спречува да се вакцинираат? Апелирам и ќе апелирам да се вакцинираат.

Социјалната раслоеност е зголемена. 10ци илјади останаа без работа, секако дека ќе ме интересираат рестрикциите, не работам државно.

За докторите. Нема потреба да бидат суспендирани. Не треба повторно да се влечат студенти, а имаме квалификуван кадар. Нивна работа е дали се или не се вакцинирани. Ако се професионални, треба да бидат оставени да си ја вршат професијата. За апсурдот на биде поголем, на големо се планира попис. Вакцината кај попишувачите не е задолжителна, барем не сеуште.
 
Не е точно.

Веќе е евидентно дека крај ќе има кога сите ќе се заразат. Реинфекции нема т.е. многу се малце.

Единствено секој треба да одбери дали сака вакциниран или невакциниран да го помини вирусот.

Нема ни 200 милиони заразени за година ипол колку што трае вирусот. Ако чекаме сите 8 милијарди да се заразат за да се вратиме во нормала, поарно утре да цркнам.
 
Нема ни 200 милиони заразени за година ипол колку што трае вирусот. Ако чекаме сите 8 милијарди да се заразат за да се вратиме во нормала, поарно утре да цркнам.
Тоа ќе биде ако продолжиме со глупирање со вакцините како единствено решение.

Треба како Британија целосно отворање. Луѓето да бидат цело време во контакт со вирусот цело време да имаат антитела.

Ем ќе се гради имунитет, ем се живее нормално.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom