Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ако некој треба да е казнет тоа е Стелт. Ја откри темата и ја уништи дискусијата. То е.
Автоматски споено мислење:

И како се чувствуваше после втората вакцина? Некакви реакции имаше?

Знам дека си некаде во странство, ме интересира какво е искуството со примена на вакцините кај доилки ако евентуално знаеш и си информиран? И евентуално која вакцина највеќе се препорачува?

После АЗ еден ден бев кутнат. После Модерна другата ден раката кај што е примив малце болеше. Ништо друго. Доилки мислам сеуште не е препорачано да примат во смисла како порака, ама ако сакаат можат. Исто и бремени. Проблем е за нив, пошто се млади воглавно, засега нема доволно вакцини и мислам затоа како група остануваат засега на страна. Иначе не ми се познати негативни ефекти. Ако гледаме за бремени и доилки најдобро да видиме во САД оти таму милтимилионски пати се вакцинирани и бремени и доилки.

Иначе овде сите ги препорачуваат еднакво. АЗ за псотари од 60.
 
Последно уредено:
Ако некој треба да е казнет тоа е Стелт. Ја откри темата и ја уништи дискусијата. То е.
Автоматски споено мислење:

После АЗ еден ден бев кутнат. После Модерна другата ден раката кај што е примив малце болеше. Ништо друго. Доилки мислам сеуште не е препорачано да примат во смисла како порака, ама ако сакаат можат. Исто и бремени. Проблем е за нив, пошто се млади воглавно, засега нема доволно вакцини и мислам затоа како група остануваат засега на страна. Иначе не ми се познати негативни ефекти. Ако гледаме за бремени и доилки најдобро да видиме во САД оти таму милтимилионски пати се вакцинирани и бремени и доилки.
Мм да, не постојат доволно податоци од истражувања па се сведува на индивидуална одговорност. Некако кинескава и фајзер највеќе ги фаворизираат. Те прашав затоа што гледам дека си информиран и држи вода се тоа што збориш, а ме интересира дали во конкретната држава кај што си има некои информации за евентуални искуства, ама претпоставував дека бројките се некој минимален процент.

Ти благодарам во секој случај. :)
 
Овде кинеската не е уште пуштена како и Спутник. Можеби е политика ама процесот е производителот да почне со побарување па се разгледува документацијата. Мислам Кина нема интерес кога и онака доволно продава низ светот. Со Руската е почнато ама сеуште не е официјално пуштена. Затоа за нив не можам многу да кажам.

Најмногу е даваат Фајзер или Бионтех како што е викаат овде пошто нели ја сметаат за нивна. Причина е што најмногу количини од нив добиваат.

Ете моментално вака изгледа статистика во Германија дадени вакцини:

54,2 милиони вкупно

Бионтех/Фајзер 1. доза: 25,3 милиони
Бионтех/Фајзер 2. доза: 14,3 милиони

Модерна 1. доза: 3 милиони дози
Модерна 2. доза: 1,25 милиони дози

АЗ 1. доза: 8,7 милиони дози
АЗ 2. доза: 0,85 милиони дози

Јанзен: 0,8 милиони дози

Иначе Јанзен сега почнаа да ја даваат вектор е кој сака може да ја прима. Ја даваат и на бездомници оти нели е само една доза и тешко е на пример таа група луѓе да им закажеш втор термин не знаеш дали ќе дојдат. А и на млади ја даваат знам доста што ја примиле. Иначе моментално масовно се прават ревакцинации овде.

Иначе ја не сум експерт пишувам само тоа што и самиот сум го читал се држам на релевантни медиуми кои доста коректно исвезтуваат за оваа тема морам да кажам.
 
Знаеш што си мислам...има многу луѓе што одеа на вакцинација, па после кога доаѓа ред за ревакцина да не добијат никаква порака. На крај искочи телефонскиот број во мој термин да биде грешен. Мислам не би требало тоа да биде случај, затоа што на страницата за пријавување за прва вакцина нели еден од условите беше и мобилен телефон.

Е сега што да правите....евентуално да се пријавите пак на страницата за некои помали градови.

Еми за Охрид е пријавена, во кој помал да ја пријавам, Делчево?
Плус викаат секое ново пријавување ја брише старата пријава, па автоматски одиш подолу на списокот. Не знам колку е точно.
Отворив на вакцинација.мк, има као еден дел прашања и одговори, али не пишува нишо конкретно за процесот на вакцинирање, само некој факти околу вакцините.
 
Во Тетово многу млади добија термин. Веројатно бројот на пријавени постари личности бил помал. Јас таму би се пријавила. И гледај местото каде што ќе ја пријавиш да има и вакцинација (со прва доза), не само ревакцина. Познавам луѓе кои добија порака за прва вакцина на место каде има ревакцинација и не ги примија.
 
Каква благодарност, какви балкански муабети, каква политика?
Има правила кои јазици да се користат на форумов и тоа е тоа.

Не може Јеремија од пичку си матер да се убаци тука и да си цепи српски „Dobrodosli ste braco".
Бугарите ви сметаа, ама сега оти Србиве помагале со вакцини дај нека си причаат српски овде.
Ете им картички за патарини и чао-пријатно.

Ти колку пати си бил казнет и дали си познат по вреѓање други? Не за друго ама најде кој да кажува за форумски правила. Имаш друга тема за ова ај не замарај овде.
 
Каква благодарност, какви балкански муабети, каква политика?
Има правила кои јазици да се користат на форумов и тоа е тоа.

Не може Јеремија од пичку си матер да се убаци тука и да си цепи српски „Dobrodosli ste braco".
Бугарите ви сметаа, ама сега оти Србиве помагале со вакцини дај нека си причаат српски овде.
Ете им картички за патарини и чао-пријатно.
Има и правила за лични навреди, па ти тука се расфрлаш и пцуеш. Човече, два месеци секој ден пишуваше дека ќе си и правел букаке на стефи. Неверојатно е колку тажно и исфрустрирано човече треба да си за вака да ги лечиш комплексите на форумов. Не знам само зошто те толерираат админите, сто дискусии си одвел во погрешен правец. Те имам на игнор ама едноставно коа ќе пишеш некоја дебилна ,,мисла,, те цитираат луѓе и неизбежно е да бидеш прочитан. Еве и темава ја кењаш. Доаѓаме тука за да прочитаме нешто за вирусот, а ти три страни си лечиш некакви фрустрации. Пробуваш да изиграваш некаков авторитет и што ти ја знам. Ваљда никад у животот спрема никој не си осетил дека имаш авторитет, па сега тука виде некоја шанса да се почуствуваш битен. Грев. Најодвратен лик на форумов.
 
Како благодарност од администрацијата до браќата Срби, кои на голем дел Македонци им излегоа во пресрет со вакцинирање кога кај нас немаше вакцини, ве известувам дека ова лето е дозволено пишување на српски јазик за државјаните на Србија. Привременото правило престанува да важи со престанокот на бесплатната патарина :D
 
На Индија гледам им опаѓа, али Бразил абер немаат. Како што им почна годинава, цело време им е лошо, статистички.
 
Многу интересно интервју со Кристијан Дростен за вирусот. Од каде потекнува како гледа на иднината. Оригиналот: https://www.republik.ch/2021/06/05/herr-drosten-woher-kam-dieses-virus

Солиден македонски превод преку транслејт: https://translate.google.com/transl...021/06/05/herr-drosten-woher-kam-dieses-virus

Битни делови од муабетот со Дростен.

- Нема имунитет на стадо кај луѓето. Или ќе се вакцинирате или ќе се заразите, трето нема.

- Лажна рамнотежа. Добар термин за она што ни се случуваше. 100 научници ќе се изјаснат за една работа, ама двајца ќе се појават со контра коментар, политичарите тогаш ги земаат двете мислења како 50:50 и такви мерки предлагаа. Ама вирусов не простува на ретарди, па покрај сувото гореше и зеленото.

- Уште цврсто верува дека вирусот е од фарми со животни, како што беа САРС и МЕРС.

- Арапите не дозволуваат да му се вакцинираат камилите оти тоа било исто како некој да му го изгреби Mercedes -от SLK. :pos:
 
Дали некој знае каде треба да се пријавиме за вакцина во Врање?

Не треба пријавување.Директно идеш и се вакцинираш.Овака коментираат луѓето што се таму и се вакцинираат во ковид групата на фејсбук.Во врање се вакцинираш со таа што ја има а во Ниш вакцина по избор (фајзер,астра или синофам)
 
Дали некој знае каде треба да се пријавиме за вакцина во Врање?
Нема повеќе пријавување.....пасош или ЛК во рака и на вакцинација.
Во Врање......во Спортска хала мапа .....моментално на залиха Синофарм
Во Ниш.....моментално на залиха Фајзер, АстраЗенека и Синофарм ....спортска хала Чаир....мапа
За повеќе инфо кои вакцини се достапни во моментот....контакт телефони
Дом здравље Врање.....+381 17 421 550
Дом здравље Ниш......+381 18 503 666
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom