Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Еве бе идеја за нов бизнис.

Во Америка, мамичкиве антиваксери бараат мајчино млеко од родилки кои имале ковид, за да му даваат на децата од секоја возраст, оти било полно со антитела :D

Не знам за вас, ама мене би ми било повеќе „гнас“ не знам како да кажам, да давам туѓо мајкино млеко на мое дете него да се вакцинирам и така преку мајкино млеко да му дадам антитела. Не сум жена ама идиотијава нема крај искрено.
 
Суспектна, ама не била тестирана...Нормални ли се овие? Регуларно родителот треба да отиде и да ги запали.
 
Абе оти читаш само наслови. Пишува дека починала само неколку часа откако била примена во тешка состојба.

Инаку интересно во текстот пишува една работа:

Постмортем брисеви не се земаат веќе една година, па починатата не е во евиденцијата на лица кои умреле од ковид-19. Девојката беше со Даунов синдром.

Најверојатно затоа имаме бајги поголема вкупна смртност.
 
Ko želi da se vakciniše u Srbiji, omogućeno mu je da se prijavi i preko Vajbera. Malopre mi je stigla ova poruka.
fa365770180ea253ba5a932d9acd4782.jpg
369869e2ea22d961db1f1e46d0ce34fd.jpg

Послато са SM-A520F помоћу Тапатока
 
Абе оти читаш само наслови. Пишува дека починала само неколку часа откако била примена во тешка состојба.

Инаку интересно во текстот пишува една работа:

Постмортем брисеви не се земаат веќе една година, па починатата не е во евиденцијата на лица кои умреле од ковид-19. Девојката беше со Даунов синдром.

Најверојатно затоа имаме бајги поголема вкупна смртност.

Имаше и неколку случаи со тромбови кои починаа месец или два после прележувањето на Ковид. Којзнае колку канцери остануваат неоткриени или други болести нетретирани поради ова.

Ќе се види резулатот од Ковид епидемијата во Македонија кога ќе се спореди бројот на смртни случаи во 2018 година или некој просек од последните три години со овој од 2021.
 
Баш дека се читам... Мислиш дека не се јавиле на лекар пред да ја донесат во болница? Што значи суспектна ама не тестирана? Дека матичен и кажал немај гајле? Или во болница кажале дека нема место?
Па гревчево и со Даунов синдром години можеше да живее баш тие треба посебно внимание да имаат.
 
Ова интервју со Др Лилјана Стевчева, е многу интересно. Го постирав во темава пред 3-4 дена. Таа ги кажа ове работи за кинескиве вакцини. Вика дека Синовак може да предизвика муатции на вирусот, како што ја разбрав заради квалитетот на производството има останато и жив вирус во вакцината.

Фала за ова, ама многу е општо - мислев на некоја анализа на студии и истражувања.
Нема врска ќе пребарам... Инаку како концепт мислам дека инокулација со инактивиран/ослабен вирус би дала покомплетна заштита отколку спремање на имуниот систем да одговори на само еден протеин од надворешноста на вирусот.

Настрана нуспојавите, тоа е друг аспект за размислување за изборот.
Автоматски споено мислење:

Постмортем брисеви не се земаат веќе една година, па починатата не е во евиденцијата на лица кои умреле од ковид-19. Девојката беше со Даунов синдром.
Најверојатно затоа имаме бајги поголема вкупна смртност.

Нели плаќаа за “да ги пишат дека умреле од корона“? :unsure:
 
Имаше и неколку случаи со тромбови кои починаа месец или два после прележувањето на Ковид. Којзнае колку канцери остануваат неоткриени или други болести нетретирани поради ова.

Ќе се види резулатот од Ковид епидемијата во Македонија кога ќе се спореди бројот на смртни случаи во 2018 година или некој просек од последните три години со овој од 2021.
Викендов почина млад човек, пријател на мој другар кој 2 месеци имаше проблеми. ДДимери во плафон, докторите му рекле дека е бил асимптоматски случај и ова му се пост ковид последици. Одвај го примиле минатата недела на 8 септември и починал саботата и го немаше во ниедна статистика. 38 години без претходни здравствени проблеми.
 
1. Pfizer
2. Moderna
3. AstraZeneca
Сите кои плукаат по одличната вакцината на AstraZeneca нека размислат пошироко дека и другите вакцини не се без ризик и притоа нека размислат што е подобро:
- ризикот од примање вакцина
- ризикот од заболување од Ковид-19
 
Прво вакцинирање на НАТО силите на Северна со руска вакцина, испросена од Србија, откако сме членка на НАТО. Честито!

BTW, која е логиката млади, здрави, физички активни луѓе да имат предност за вакцинирање пред болни и постари лица, во ситуација кога имаме мизерен број вакцини и секоја вакцина значи спасен живот за тие луѓе од поранлива категорија?

EGRoWNI.png
 
Вакцината е дефинитивно со помал ризик.

За Австрија:

Од 535 268 случаи со конечен изход, 9 586 починале. Тоа ти е 2% смртност.

Од 1 800 000 дадени дози(15% од населението има бар 1 доза примено. 5% две.) - 63 се со смртен исход.

Прави го есапот сеа.
 
Прво вакцинирање на НАТО силите на Северна со руска вакцина, испросена од Србија, откако сме членка на НАТО. Честито!

BTW, која е логиката млади, здрави, физички активни луѓе да имат предност за вакцинирање пред болни и постари лица, во ситуација кога имаме мизерен број вакцини и секоја вакцина значи спасен живот за тие луѓе од поранлива категорија?

EGRoWNI.png
Не дека муабетот не е на место, ама дај не влечете афоризми од твитер ботови. Едно е да изразиш лично мислење, друго е коа си дел од наративот на ППП од твитер. :D
 
Што е работата, не те разбирам? Немам и не следам Твитер, не знам што збориш. Да не е случајно забрането да искажеме мислење и сатира од која може владата и нејзините полтрони да се почувствуваат навредени?

Шеќеринска се отепа со фалење за тоа НАТО, за секоја една селска канта за ѓубре што ја пуштија во употреба не пропушташе прилика да се пофали дека тоа е прва канта откако сме членка на НАТО.

Така да, во ситуација кога НАТО силите на Северна се вакцинираат со руска вакцина, испросена од Србија, не може да не се искоментира тоа, едноставно влече за јазик. :D
 
Сосема се сложувам дека е тежок парадокс. Многу вистина има и во твојот коментар дека ранливи категории се некаде на маргините а јунаците од АРМ во полна снага први на ред.
Разбирам јас дека војската има јавна и важна служба ама во вакво кревко општество кај што мртви има застрашувачки многу, додека не се вакцинира се над 60-65години нема простор за млади и силни освен ако не се медицински работници.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom