Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
..можат да се контролираат кој има симптоми кој не, се води една евиденција, шансите да се заразат по паркови и по игротеки кај шо играа се многу поголеми, ова за мамичките кои викаа на почеток да не се оди на настава оти било ризик а децата од пред зграда не им беа прибрани цело лето.
нели игротеките се затворени или ги отворија ?? Друго, сега има само неколку часови, НЕМА Дневен ПРЕСТОЈ, тој што не може да го чува дома ученикот, пак ќе го носи во игротека, ако не се затворени...
 
Зошто всушност продолжува кај повеќето толку многу кашлањето? Што всушност се искашлува?
И колешка 1 месец веќе, и остана кашлањето и омалаксаност.
 
Грешка, стрепсилс мислев да пишам, еве поправив погоре :)

Стрепсилс за грлото, го промашив погоре :D
Мене за кашлање сирупот ми помага.
Прополис земам природен, имав една колешка ми даде лани и сега добро ни дојде. Доста го смирува грлото. Мислам дека е доста важно да не се иритира непотребно.
 
Прополис земам природен, имав една колешка ми даде лани и сега добро ни дојде. Доста го смирува грлото. Мислам дека е доста важно да не се иритира непотребно.
Јас се согласувам со тоа, прополисот е супер здрава работа :)
Автоматски споено мислење:

Зошто всушност продолжува кај повеќето толку многу кашлањето? Што всушност се искашлува?
И колешка 1 месец веќе, и остана кашлањето и омалаксаност.
Ништо не се искашлува, затоа нервира :D
 
Spectator, UК, 19. ноември 2020 : Важна студија од Данска покажува маските немаат значаен ефект


Од статијата:

На почетокот на оваа година, владата на Велика Британија оцени дека маските можат да играат значајна улога во запирањето на Ковид-19, и ги направи маските задолжителни на голем број јавни места. Но, дали овие политики се поткрепени со научни докази? Вчера се одбележа објавувањето на долго одложувана студијаво Данска, кое се надева дека ќе одговори на токму тоа прашање.

Студијата под наслов „Данмаск-19“ беше спроведена пролетоска со над 6.000 учесници....... За разлика од другите студии кои разгледуваат маски, студијата Данмаск беше рандомизирано контролирано испитување - што го прави највисок квалитет на научен доказ. Околу половина од испитаниците добија 50 хируршки маски за лице за еднократна употреба, кои им беше кажано да ги променат по осум часа употреба. По еден месец, учесниците во испитувањето беа тестирани со употреба на PCR, антитела и тестови на страничен проток и беа споредени со учесниците во испитувањето кои не носеа маска. На крајот, немаше статистички значајна разлика помеѓу оние кои носеа маски и оние кои не ги правеа кога станува збор за заразеност од Ковид-19. 1,8 проценти од оние што носеле маски го фатиле Ковид, во споредба со 2,1 процент од контролната група. Како заклучок, се чини дека мали се влијанија на маските врз спречувањето на ширењето на болеста во заедницата.

Некои луѓе, се разбира, не ги носеа правилно своите маски. Само 46 проценти од оние кои носеле маски на судењето рекле дека целосно се придржувале до правилата. Но, дури и да погледнете само луѓе кои носеле маски „точно како што е наведено“, ова не направило никаква разлика во резултатите: 2 проценти од оваа група биле исто така заразени. Кога станува збор за маските, се чини дека сеуште има малку добри докази дека тие спречуваат ширење на болести кои се пренесуваат преку воздухот.

Резултатите од судењето Данмаск-19 се совпаѓа со други испитувања за болести слични на грип. Девет други испитувања кои ја разгледуваат ефикасноста на маските (две на здравствени работници и седум на пренесување на заедницата) откриле дека маските прават мала разлика или воопшто не прават разлика дали ќе добиете грип или не. Генерално, постои вознемирувачки недостаток на вредни докази за маските за лице во однос на Ковид-19......

Малиот број на студии за влијанието на различните интервенции врз ширењето на Ковид-19 - предмет од глобално значење - сугерира дека постои тотален недостаток на интерес од страна на владите за спроведување медицина базирана на докази.......

Единствените испитувања кои покажаа дека маските се ефикасни во запирање на болести кои се пренесуваат преку воздухот се „набљудувачки студии“ - кои ги набљудуваат луѓето кои вообичаено користат маски, наместо да се обидат да создадат рандомизирана контролна група... Но, набљудувачките студии се склони на дисторзии: во екот на пандемија, не многу луѓе ќе се сетат дали и кога користеле маски и на кое растојание се држеле од другите. Недостатокот на рандомизирана распределба на маски, исто така, може да ги „збуни“ резултатите и може да не води сметка за ефекти на временска сезона.

Неодамнешниот научен труд базиран на набљудување мораше да биде повлечен затоа што пријавениот пад на стапката на инфекција во текот на летото престана и се врати во рикверц кога сезонскиот ефект доведе до покачување на стапките. Ова е причината зошто големите, рандомизирани испитувања како оваа најнова данска студија се толку важни ако сакаме да го разбереме влијанието на мерките како маските за лице. Многу луѓе тврдат дека е премногу тешко да се чека на рандомизирани испитувања - но Данмаск-19 покажа дека ваквите студии се повеќе од изводливи. И сега, кога имаме правилно ригорозни научни истражувања на кои можеме да се потпреме, доказите покажуваат дека носењето маски во заедницата не ги намалува значително стапките на инфекција.

Автори на статијава :


 
7_m34.jpg


ајде навали на фрее корона.. :mad:
 
Во Стив Наумов училиштето кај шо учи внука ми има редар, и воопшто нема гужви, родителите чекаат во двор на растојание, децата послушни сите со маски.
На почеток бев против да се отворат школите за децата, ама испадна како добра одлука најмалите да одат на настава оти таму се подисциплинирани, и можат да се контролираат кој има симптоми кој не, се води една евиденција, шансите да се заразат по паркови и по игротеки кај шо играа се многу поголеми, ова за мамичките кои викаа на почеток да не се оди на настава оти било ризик а децата од пред зграда не им беа прибрани цело лето.
Кога кафаните ти работат немаш основа ниту образ да ги затвориш школите. Добро е што работат школите барем за најмалите, и додека се може треба да работат. Кога ројкиве ке решат да сторат нешто, школите треба последни да ги затворат. Спрема тоа колку е раширена заразата школите се држат супер.
 
Мене ме интересира како пазаруваат оние од селата кај што продавницата е далеку (ако воопшто ја има). И тие ли по двапати на ден одат до таму?

Во маркетите дали сите продукти ги чуваат во ладилници? Наместо во маркет продуктите можат да бидат дома.
A da ne te intetesira i kako eskimite pazarat, ili vo amazon dali po ednas meseco ili dvapati godisno odat do market.Abe sto zborite gluposti, ako odis vo prodavnica ednas dnevno korona ke fatis, trebalo ednas na dve nedeli Ejj kaj zabegavte so pametot
 
Ту бе и по толку време умирате од страв за нешто што е веќе нормално.:свиркам:

Туку да ви кажам како сите умираат од корона,
еден отишол у Штипската болница попладнето или вечерта (сосем небитно) му земале брис за тест, он умира ноќеска и одма го носат да го закопат сред ноќ, одкопале дупка со багер и го треснале со лимен сандк (официјално умрен од корона), утрето доаѓа резултатот од тестот негативен:cool:, па пак по некое време го откопувале (веројатно од судска медицина), а фамилијата се спрема за тужба.

Друг случај за приказната од 2000-5000 евра е ваков, умира мајката во болница (штипската нормално) и ќерката која е сиромашна не сакала да го подигне телото оти многу трошоци и тражеле (за лекување, мртовечница, погребални фирми и што ти знам) и нашле компромис да биде од корона, а државата (или општината) ги покрила трошоците и се случило онаа стандардно сценаријо со лимен сандк,
по оваа почнав да си мислам дека тие 2000 евра (или 5000) ги лапаат погребалните фирми, а функционерите перат државни пари, па колку повеќе умреле од корона, толку поголем КЕШ за нив:sneaky:
 
Чим почна медицинскиов персонал да си дава остакви, црно ни се пишува. Тие без решение први му ја киднаа.
Ретко ја листам темава ама ова ми боде очи, нормално дека ќе си одат, брат ми е 4-5 години лаборант во 8-ми Септември и 4-5 години нема ебано решение, се окозува од работа, да не праам муабет сега со ситуацијава и на крај сите вакви што ќе напуштат ќе бидат осудувани низ социјалниве мрежи и низ медиумите.

Да е до мене уште утре може да напушти без око да му трепне, си игра кур кој како сака со тие луѓе и затоа здравството ни е на вака ниско ниво и затоа сега ни се дешава бродолом.


Освен тапкање по рамо апсолутно ништо не добиваат ни во оваа криза.
 
A da ne te intetesira i kako eskimite pazarat, ili vo amazon dali po ednas meseco ili dvapati godisno odat do market.Abe sto zborite gluposti, ako odis vo prodavnica ednas dnevno korona ke fatis, trebalo ednas na dve nedeli Ejj kaj zabegavte so pametot
Не беше зборот дали од одење еднаш дневно во продавница некој ќе фати корона, туку луѓето (оние што се на работа) немале време да одат ако се воведе полициски час од 17:00. Морале секој ден да пазаруваат.
Така да... не си ги прочитал претходните пораки па носиш погрешни заклучоци.
 
Последно уредено од модератор:
Ретко ја листам темава ама ова ми боде очи, нормално дека ќе си одат, брат ми е 4-5 години лаборант во 8-ми Септември и 4-5 години нема ебано решение, се окозува од работа, да не праам муабет сега со ситуацијава и на крај сите вакви што ќе напуштат ќе бидат осудувани низ социјалниве мрежи и низ медиумите.

Да е до мене уште утре може да напушти без око да му трепне, си игра кур кој како сака со тие луѓе и затоа здравството ни е на вака ниско ниво и затоа сега ни се дешава бродолом.


Освен тапкање по рамо апсолутно ништо не добиваат ни во оваа криза.
А специјализантите колку што знам немаат ни осигурување така што ако заболат од корона и мора да бидат хоспитализирани, ќе треба органи да продаваат за да го платат цехот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom