Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Па преку воздух се пренесува вирусот. Вирусот се пренесува аерокапково - аеро (воздух) и капки (респираторни капки кои се ослободуваат при кашлање, кивање, зборување т.н. флигеови капки). Флигеовите капки во зависност од нивната големина различно се задржуваат во воздухот. Големите, кои се ослободуваат при кашлање и кивање, се потешки и пократко се задржуваат во воздухот, но од друга страна се многу повирулентни. Заради тежината, паѓаат на површината и се сушат (многу поспоро од малите).
За разлика од големите, малите капки т.н аеросоли, се ослободуваат при зборување, подолго време се задржуваат во воздух, но се многу помалку вирулентни и побрзо се сушат.

Данаиловски е стручњак. Секоја една реченица му е идржана и има смисла. Не збори на памет.
Нели вирусот опстојувал во воздух како што велеше Данаиловски, демек на улица ако се искашлаш тој се шири преку воздух...?
 
Њтф, до крајот на следната година :pos: со маски, курци палци дотогаш :popce:

Значи ние да си продолжиме по патот на колективен имунитет поарно, да се укинат маски и држење дистанца, да се прават што поголеми собири, до следното лето 102.3% од народов ќе има прележано :toe:
Автоматски споено мислење:

Нели се вирусот опстојувал во воздух како што велеше Данаиловски, демек на улица ако се искашлаш тој се шири преку воздух...?
Експертизам во северџистан на дело.
 
до кај е вакцината во Русија, што се пишува последно?
Па вчера,заврпија клиничките испитувања за првата вакцина,(уште две други се во фаза на клинички испитувања) и ги испишаа од карантин доброволците,без никакви проблеми.
Од 1ви септември обеќаат дека ќе почне масовна вакцинација.
Од 1 октомври се очекува да се појави лекарството во аптеките (сега за сега се употребува само во болница) во три разни варијанти (таблетки,спреј за нос,и како кисело мелко),и ќе се третира вирусот терапевтски,а не болнично.
 
Никој не вика него да го почитуваат, јас го споредив со Пановски кој ми е некомпетентен да прави муабет за реалнава ситуација пошто го сметам за позер и трговец а не доктор. Може да се вклучи во муабетот кога ќе дојде ред да се збори за вакцина и нејзината цена.
Велиш народот не го сфаќа сериозно? А што сфаќа сериозно? Дека треба дистанца?
Заради ликови кои се наводно фрустрирани заради мерките кои биле непотребни и сега се пуштени на најјако во „авангардното“ дружење моќни против короната, треба уште месеци и години да бидеме хендикепирани?
Демек имаат акумулиран револт па сега се против се што имало врска со мерките?
Ми е гајле кој што и како мисли ама мојот начин на живот директно е афектиран од множество на амеби.
Добро Пановкси бил некомпентентен, Вело исто, сите се некомпетентни само СЗО и Караџовски се компетентни... инаку ти лично ако држиш дистанца и не идеш на јавни собири нема што да се секираш за здравјето и другите дали почитуваат или не почитуваат.
 
Па вчера,заврпија клиничките испитувања за првата вакцина,(уште две други се во фаза на клинички испитувања) и ги испишаа од карантин доброволците,без никакви проблеми.
Од 1ви септември обеќаат дека ќе почне масовна вакцинација.
Од 1 октомври се очекува да се појави лекарството во аптеките (сега за сега се употребува само во болница) во три разни варијанти (таблетки,спреј за нос,и како кисело мелко),и ќе се третира вирусот терапевтски,а не болнично.
За жал кај нас умрените русофоби не би порачале вакцина од Русија макар последна дупка останале во светот, ко што и сме реално.
 
Абе и да дојде вакцина кај нас, на лето на пример догодина, нашиве шверц-комерц фирми ќе ја препродадат, а нас ќе не боцкаат со водичка од чешма. Сејте си раат. Ко да не знаете у која вукојебина сте.
 
Значи ние да си продолжиме по патот на колективен имунитет поарно, да се укинат маски и држење дистанца, да се прават што поголеми собири, до следното лето 102.3% од народов ќе има прележано :toe:
Ама кој колективен имунитет, ако антителата во организмот се задржуваат само три месеци?

Добро Пановкси бил некомпентентен, Вело исто, сите се некомпетентни само СЗО и Караџовски се компетентни... инаку ти лично ако држиш дистанца и не идеш на јавни собири нема што да се секираш за здравјето и другите дали почитуваат или не почитуваат.
И еве ни го на нас најголемиот проблем...нема што да се секираш за другите. Заради тоа нема што да се секираш за другите дојдовме до ова дереџе. Ти се заштитуваш и не се секираш, ама некој трет таму што не се заштитува и не се секира, работи со твој брат/сестра/другар/родител....и пак ти доаѓаш во допир со вирусот.
 
Јас не се секирам за здравјето, ги почитувам мерките. Не сакам ова да биде начин на живот затоа што има од една страна неиживеани ликови кои не можат без богат социјален живот и полуписмени племиња без елементарни цивилизациски параметри од другата страна. Треба да се помириме и толку?
 
Ама кој колективен имунитет, ако антителата во организмот се задржуваат само три месеци?

И еве ни го на нас најголемиот проблем...нема што да се секираш за другите. Заради тоа нема што да се секираш за другите дојдовме до ова дереџе. Ти се заштитуваш и не се секираш, ама некој трет таму што не се заштитува и не се секира, работи со твој брат/сестра/другар/родител....и пак ти доаѓаш во допир со вирусот.
Под прво за антитела во организмот кај слушна од СЗО, јас пак некаде наидов на информација дека Швеѓаните имаат антитела на 40 посто од нацијата, баш ме занима како утврди дека антителата имаат рок на важност од само 4 месеци, кога караџовски објаснува дека овој вирус е ист од фебруар и март и не е сменет...?
Автоматски споено мислење:

Јас не се секирам за здравјето, ги почитувам мерките. Не сакам ова да биде начин на живот затоа што има од една страна неиживеани ликови кои не можат без богат социјален живот и полуписмени племиња без елементарни цивилизациски параметри од другата страна. Треба да се помириме и толку?
Јас мислам дека ти и тие како тебе незнаат што сакаат, треба да ви е јасно вирусот дека ке исчезне со создавање на колективен имунитет дали по природен пат дали по вештачки пат (вакцина), а до тогаш треба само да го олабавиме здравствениот систем и токлку, никакви карантини, полициски часови, маски на отворено, ракавици и остали небулози кои ги предлага караџовски и компанија.
 
Со вакцина или без, тешко дека 2 години вака ќе се живее. Како што се навикнавте на 10 мртви дневно ќе се навикнете и на поише. И онака на повеќето веќе им се скурчени и маски и бришење маси со алхохол секој ден. Така да да се надеваме до крај на година ќе ја истуркаат некако вакцинава.
Она што мене ме интересира е кога ќе го организираат здравството или ќе треба да почнеме на врачови да се лечиме. Веќе слушам муабети од луѓе што фатиле врски за да ги прегледаат на државно, иако поради Ковид официјално не работи Мој термин :pos:
 
За жал кај нас умрените русофоби не би порачале вакцина од Русија макар последна дупка останале во светот, ко што и сме реално.
Епа нека цркаат тогаш
 
За жал кај нас умрените русофоби не би порачале вакцина од Русија макар последна дупка останале во светот, ко што и сме реално.
Одма ке се јават циркузанти како Борјан Јовановски, Геровски... и останати куртон новинари како тоа сме се осмелиле да нарачаме вакцина од држава како Русија, а се знае дека таа држава не почитува лгбт движење.
 
Под прво за антитела во организмот кај слушна од СЗО, јас пак некаде наидов на информација дека Швеѓаните имаат антитела на 40 посто од нацијата, баш ме занима како утврди дека антителата имаат рок на важност од само 4 месеци, кога караџовски објаснува дека овој вирус е ист од фебруар и март и не е сменет...?

Врз основа на истражувања кои се спроведуваат. Под претпоставка еве, ако траат по 3 - 4 месеци, за каков колективен имунитет тогаш зборуваме?
 
Значи ова ако е точно и со вакцина сме заштитени само 3 месеци, тогаш чаре? или до крајот на животот под рестрикции, за вирус како што вели Карџовски 80 посто од заразените се асимптоматски.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom