Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Poznavam edni lugje ovde nasi, vikaat nikako nema da se vakciniraat ama prpa im e od virusot. Najgolem strav momentalno im e da ne smeat vo market da odat ako vovedat 2G (prelezan ili vakciniran). Na rabota ne odi momentalno ima boleduvanje oti tamu baraat sekoj den test od ovlasteno mesto. A od druga strana nivnite vo Makedonija edvaj glava krenaa pri zaraza so long kovid i sve. Arno ama odbivaat vakcina oti neli za sto im e ne im moze virusot nisto pokje. Ete i vaka multipliciraj eden slucaj puta 1000 oti ima mnogu ko niv i jasno e zosto situacijata e vakva ko so te.
Јасно ми е. Имам и јас такви во блиска фамилија (прележани од мината година со полесна клиничка слика). И се вакцинираа заради мерките, подлегнаа на притисокот, а не заради страв од корона вирусот.

И имам такви најгласни антивакцери, едвај жива глава спасија, во болница по цел месец заглавени. Први се вакцинираа со прва доза, први се вакцинираа со трета доза! Е тоа се вистински примери на кои сите би требало да се огледаме.
 
Кој тоа бре биле у право за 90% од работите? Антивакцерите ли? :pos:
Yes, тие. Да ве потсетам, скролнете назад на темата. Кој од вас кажа дека ќе има бустер,3та,5та доза. Кој од вас кажа дека ќе има вакцинални пасоши за на работа(што кур е ова). Да не зборам за тоа како вакцините ќе ставеа крај на епидемијата и колективниот имунитет - тука ти беше особено гласна :icon_lol:
Смеј се сеа ама бачето предвиде поише работи од тебе за вируост- а ти си медицинско лице. Ја не би се смеел.
 
Затоа што се во причинско-последична врска. Да немаше мерки и рестрикции, немаше никој да се замара со (не)ефикасноста на вакцините. Се замара ли некој со сезонскиот грип? Не.

Видовме колку сме заинтересирани за вакцина, 30%+ 10% присилени со некакви мерки и рестрикции односно изразена форма на дискриминација. Имплементирањето на тие мерки нема логичка заднина. :)
Па коа не си општествено одговорен тоа би било единствен начин на соживот во време на пандемија.
Ја би била благодарна да сум на ваше место. Ве штитат од инфекција!
 
261307065_943712846282707_126379673742072294_n.jpg


јасно е од што е....
Автоматски споено мислење:

https://www.advance.hr/tekst/prica-...e-spasavati-svijet-i-bez-profitne-motivacije/
60 години се во БЛОКАДА ама луѓето работаат...
 
Последно уредено:
Па коа не си општествено одговорен тоа би било единствен начин на соживот во време на пандемија.
Ја би била благодарна да сум на ваше место. Ве штитат од инфекција!
Која општествена одговорност, онаа каде и двајцата сме преносители? Башка ти понудив да ме вакцинираш, нели? ;)

Голема благодарност до здравствените власти што се грижат за моето здравје, што не инвестираат во здравствениот систем 30 години, што дозволуваат одлив на медицинскиот персонал, што дозволуваат граѓаните да собираат пари за лекување (и за тоа да лапаат данок) и што дозволија приватните болници и лаборатории да се наполнат со пари без да вмешаат регулаторна комисија.

Голема благодарност и за сите мерки и рестрикции, кои ги нарушуваат моите природни права, а зад имплементацијата на истите, нема логичка заднина.
 
Ти сам си кажа дека е готова работата за вакцинираните :icon_lol: Кај и да е и карантин ќе ви стаат, па уште толку ќе биде готова.

Од дома не ме мислат толку колку ти што ме мислиш :pos: Ок е, знам се пронајде во некој пост па се увреди нешто, сега ми бараш мислења од пред n месеци, ме цитираш го потиш. Ако кажам извини ќе ти помине? Згора на се не си ни блиску до реалноста со овој карантин наратив :D му збориш на човек со едно 50.000 км по патувања во последните 5 месеци (од кога се вакцинирав де ;)) за карантин. Во ниту еден момент од кога почна кризава не сме биле во целосен карантин да не можеме да излеземе надвор. Ако си во Германија ќе правиме муабет за тоа каква е ситуацијата овде, ако не - не ја гледам поентата. Исто ко јас да ти зборам кој штекер дома не ти работи.
 
охи...
само 1 до 2 пати на ден инхалација со раствор на јодирана морска сол со жешка вода ... и гргара со бетадине е добро

Демек бетадинето е поефикасно од гаргара со домашна бела :cautious:

Бустеров од Цапари со лук и кисело млеко, поефикасен ми изгледа:icon_mrgr:
 
Која општествена одговорност, онаа каде и двајцата сме преносители?
Затоа се препорачуваат маски, хигиена и дистанца и за вакцинирани и за невакцинирани. Во тој поглед сме еднакви.

Ова е нечесен аргумент. Веќе е докажано дека вакцинираните во помал степен шират зараза отколку невакцинираните.



Плус, оваа бројка сигурно е поголема затоа што добар дел од вакцинираните не се заразуваат на прво место.

Што се однесува до твојата лична вакцинација, слободно можеш да одиш во било кој вакцинален пункт во Македонија, ќе те вакцинираат.

Голема благодарност и за сите мерки и рестрикции, кои ги нарушуваат моите природни права, а зад имплементацијата на истите, нема логичка заднина.
Казна за општествена неодговорност не е кршење човечки права. Ти си одговорен за твоето неодговорно однесување и треба да ги сносиш последиците од тоа. Сè си има своја цена.
 
Corona Bible Chapter 1. Verse: 1.
Only when the last unbeliever is registered in the digital vaccination pass,
only then will this Corona plague end

Која општествена одговорност
Оваа
dali mozda ima nekoj broj za rengen vo Jane Sandanski 3 den vrtam sto e na brojot na google ili e zafateno ili nikoj ne se javuva,vo poliklinika Dracevo se javiv rengenot ne bil ispraven isto i vo pol Bitpazar,plus da prasam dali e ova normalno pacientot da se javuva sam da zakazuva?
Ниеден од мегафоните на власта за мерките, ништо не спомна во врска со овие проблеми. Ко да само вакцините ни останаа проблем.
 
И двајцата сме преносители!

Последиците не се ниту Уставно, ниту законски предвидени. А ако е "пандемија на невакцинираните", а притоа сите имаа време и шанса да се вакцинираат, нема реална потреба од мерки. Нема потреба од дискриминација.

Нема да се вакцинирам. Тоа е мое право.
 
Од дома не ме мислат толку колку ти што ме мислиш :pos: Ок е, знам се пронајде во некој пост па се увреди нешто, сега ми бараш мислења од пред n месеци, ме цитираш го потиш. Ако кажам извини ќе ти помине? Згора на се не си ни блиску до реалноста со овој карантин наратив :D му збориш на човек со едно 50.000 км по патувања во последните 5 месеци (од кога се вакцинирав де ;)) за карантин. Во ниту еден момент од кога почна кризава не сме биле во целосен карантин да не можеме да излеземе надвор. Ако си во Германија ќе правиме муабет за тоа каква е ситуацијата овде, ако не - не ја гледам поентата. Исто ко јас да ти зборам кој штекер дома не ти работи.
Не бе таман работа да ми се извиниш, туку коа си више присутен на темата, да увидиш колку ти било погрешно мислењето.
Тоа колку си патуваш е небитно у муабетот, бидејки не збореше за себе лично туку ја споредуваше корона ситуација и степенот за вакцинација, или да бидеме уште попрецизни - колку глупи луѓе живеат тука.
Така да спореди ги пак земјите и ситуацијата со корона во нив. Фер е да бидеш исто така паметен и коа ќе ви лупнат карантин у земја со дупло поголема вакцинација од нашата, да си кажеш, не извеслаа со вакцините нас генијалците и тн.
 
И двајцата сме преносители!

Последиците не се ниту Уставно, ниту законски предвидени. А ако е "пандемија на невакцинираните", а притоа сите имаа време и шанса да се вакцинираат, нема реална потреба од мерки. Нема потреба од дискриминација.

Нема да се вакцинирам. Тоа е мое право.
Па зошто ме напнуваш да те вакцинирам ако не сакаш да се вакцинираш? Ај одлучи се.

Апсолутно твое право, ама и малечките што не смеат да бидат вакцинирани имаат право да бидат прошетани, а да не бидат загрозени заради твојата неодговорност.
И трудниците како ранлива категорија имаат право да седат во кафич, без да бидат загрозени заради твојата неодговорност.
И оние кои од било каква причина не смеат да бидат вакцинирани имаат право да го прават тоа, без да бидат загрозени заради твојата неодговорност.

Законски ти имам кажано кои закони и членови да си ги прочиташ.

Според МПГПП - Меѓународен пакт за граѓански и политички права (член 12(3)), слободата на движење може да биде ограничена, доколку органичувањата се предвидени со закон, неопходни за да се заштитат определени легитимни цели (меѓу кои е и јавно здравје) и се во согласност со другите права признати со овој меѓународен договор.

Членот 5 од ЕКЧП - Европска конвенција за човекови права во став 1 точка Д го оправдува лишувањето од слобода во време на епидемии односно истото е врз основ на закон доколку се работи за лишување од слобода на лице за да се спречи ширење на некоја заразна болест.
 
Малечките, кои не се вакцинираат, ги загрозуваш и ти, преносителу! Башка не се вакцинираат децата, само 3-4%. :rolleyes:

Ти беше дадена можност да ме вакцинираш, понудата важи до Нова. Земи или остави. Ме интересира твојата граѓанска, докторска и општествена свест. Лично сам да одам, нема.

Јас ти дадов серија закони, плус и образложение зошто не важи ова. Секое присилување за вакцина, па дури и за медицинскиот персонал, е кривично дело. :noze:
 
Прилично е опасно кога „еден објект“ ќе се доведе до ниво на обожавање, божество. Вакцинацијата станува нова религија и со тоа отвора простор за нова инквизиција. „Модерна инквизиција“.
Стравот и паниката кои од старт почнаа да се користат во светски рамки како основа за убедување на луѓето, им се врати на сите како бумеранг. Стравот завладеа на секој чекор, стварањето паника од болест, хоспитализација и смрт никогаш не можат да створат доверба.
За да прифатам дека некои мерки се донесени за мое добро, не сум спремна да ги прифатам од страв , туку поради доверба.
Тој систем на кој се навраќате (кога се прави споредба со задолжителната вакцинација за вариола вера, што е апсурдна споредба), не работеше на принцип на страв, туку на принцип на доверба.

Апсурдни се тврдењата дека доколку си невакциниран ти си неодговорен.
Малите деца кои не можат да бидат вакцинирани, можат да бидат загрозени и од истите тие кои се вакцинирани. Зошто упорно го негирате фактот дека и вакцинираните се преносители и добро го знаете тоа, ама упорно и упорно го насочувате прстот кон невакцинираните.
Трудниците, истата песна. ДА, јас како невакцинирана имам шанса да им пренесам вирус, ама истата таа можност ја имате и вие кои сте примиле веќе две вакцини и се спремате за трета.
Погледнете ги земјите кои имаат висок процент на вакцинација. Ама знам, и таму невакцинираните се виновни :pipi:
 
Малечките, кои не се вакцинираат, ги загрозуваш и ти, преносителу! Башка не се вакцинираат децата, само 3-4%.
Ти постирав докази дека вакцинираните во многу помал степен ја шират болеста во случај да се заразат! А на прво место, дел од нив не се ни заразуваат. Од некоја причина се направи на Тошо и го изигнорира тоа. Пред вистината и боговите молчат :D, или ја верглаат истата плоча во случајов! :cool:


Ти беше дадена можност да ме вакцинираш, понудата важи до Нова. Земи или остави. Ме интересира твојата граѓанска, докторска и општествена свест. Лично сам да одам, нема.
Тоа не е моја надлежност.
Ова не е се или нешто, ти не си Лила, па да ми викаш земи или остави.
Детенце мило, од што си ми драг те советувам да се вакцинираш (те советувам исто како што сум постапила јас и моите блиски луѓе), а ако не сакаш или па имаш контраиндикации за вакцинација, тоа е апсолутно твое право. Никој никого не може да натера на присилна вакцинација, но и те како може да го санкционира потенцијалното загрозување на јавното здравје. Сметам дека оваа тема е апсолвирана.

Јас ти дадов серија закони, плус и образложение зошто не важи ова. Секое присилување за вакцина, па дури и за медицинскиот персонал, е кривично дело.
Секое загрозување на јавното здравје е кривично дело.

Дамби доста е за денес, морам да одам! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom