Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Абе види, Синовак имаат "лизгачка" ценовна политика. Во СЕА земјите чини $5, во Индија $14, наваму $29. Руската и Јонсон се $10. Новавакс е $16.

За парите што ќе ги потрошат можеа да набават ист број вакцини од алтернативите и да направат договар со Србија за вакцинација дур бидат испорачени вакцините. Ем побрзо ќе се завршеше работата, ем кусур ќе останеше.

Е сеа, можно е Заев да го згреши името. Нема да му е прв пат. :icon_lol:

Можеа. Можеа многу работи да направат уште од минатото лето. Ама еве сме.
 
Државата ќе набави и 500 илјади Sinovac вакцини

Моментално нај-неефикасната вакцина. Со ефикаснот од ~50% која е релативно намалена кај заболени од бразилскиот вид.
Тоа е, ама голем луѓе би ја примиле кај нас, а и штити од тешки симптоми во далеку поголем процент. Камо среќа да стигнат 500 000.
Автоматски споено мислење:

Во меѓувреме кај нас постари од 77 год одбиваат АЗ дека нели сме информирани и експерти...
Можеби има врска со фактот дека девојка е во болница после препорака дека вакцината е максимално безбедна :)
 
Нели ќе правеа силна кампања за вакцините, каде е кампањата ?
Наместо да го информираат народот околу безбедноста и потребата на вакцини тие курташак на тв си играат.

Преовладуваат вести за тоа колку се лоши вакцините и нормално е народот да е исплашен кога не е информиран.
 
На владата и одговара ваквата ситуација. Голем дел од тие што умираат се пензионери. Им се разлабавува притисокот во поглед на финансиските средства во пензинскиот фонд. Па после ќе се фалат како ги покачиле пензиите за 50-100 денари, а тоа всушност ќе бидат дел од парите на починатите пензионери. Ќе снема пари од пензиски столбови како пред неколку години. А во поглед на вакцинацијата јас верувам дека голем дел од постарите лица ќе се вакцинираат. Не оти се сигурни дека се безбедни вакцините, туку од страв за својот живот и своето здравје.
 
  • Хаха
Reactions: A__
Разликата е што Фајзер моментално нема патерн на нусефекти со смртни последици,
... највероватно според тоа како се однесува вирусот во телото претежно делувајќи на нарушување на коагулацијата, така и неговиот „антидот“ како што се некои вакцини против него, покажуваат слични „афтер шот“ пореметување околу коагулацијата!
 
Ова не е патерн, излорирани случаи се, и нусефектите од АЗ не се слични со коагулацијата од ковид. Кај ковид се засирувала крвта, тука ти се проретчува на некој начин. Затоа и аспирин не се препорачува.
 
Знам една петарда од чоек што пиеше Ксарелто еден ден после вакцинација од страв од вакви ствари :D

Инаку комбинација е со екстремно низок број на тромбоцити и згрутчување. Во Америка такви пријавени случаи беа околу 32 на 30 милиони вакцини од Фајзер и Модерна. Во Британија беа 5 случаи на 17 милиони од АЗ и 2 случаи од Фајзер. Канада нема ниту еден случај пријавено од АЗ. Реакција на имуниот систем in mysterious ways.

Данска, Норвешка и Германија отскокнуваат, и треба да се види зошто е тоа така.
 
https://libertas.mk/vo-ist-den-besh...URtrCxASGkvYrU27ACjB_aw03LKO0ksWaTRLpbPFxghI0

очигледно на Хрватска и е на прво место туристичката сезона, ама и велигденска предсезона... а ковид се ШИРИ
Автоматски споено мислење:

https://www.novilist.hr/novosti/srb...IobToKBHnlwYFDUb_3qgFeKY5NuL0sE4grBmxIgpis2hY

кога имаш ВИШОК вакцини ќе АПСИШ антиВаксери :cool:
 
Ова не е патерн, излорирани случаи се, и нусефектите од АЗ не се слични со коагулацијата од ковид. Кај ковид се засирувала крвта, тука ти се проретчува на некој начин. Затоа и аспирин не се препорачува.
... мислиш? докажување на „засирување“ на крвта е со д-димери (барем тоа само испитуваа) и веднаш се препишуваат високи дози на клексане, како антикоагулационен лек, но д-димери се покачува при бактериска и вирусна инфекција, при траума и обновување на ткиво, при зголемена телесна тежина, значи зависи од пациент, зависи од состојбата на истиот, еве лично не може никој некако со објаснување да ме убеди дека двете трудници кои починале поради К19 починале од последица на тромб, дали тие за време од 9 месеци додека биле бремени примале секојдневно терапија од клексане? ако примале како тоа веднаш тромб се откачил? од каде тој тромб? што ако починале токму од обратното - од крварење?
 
Ама никој не ни пробува да те убеди.
 
Кај ме фати сеа, појма неам од што починале труднициве. Само кажав за ова тромбозиве на АЗ, некој крвен синдром е и ко што прочитав не помагаат антикоагулатни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom